Што беше интересно за читање во 2024

во ИТ.МК

Пред три недели заврши 2024 година, и по сумирањето на статистиката за годината, дојдовме до интересен заклучок дека и во 2024 година најинтересни се слични теми како и во 2023 година.

  • Вештачка интелигенција
  • Сајбер безбедност / сајбер напади
  • откази во индустријата, кои продолжија и во 2024 година

Супер брзиот раст на вештачката интелигенција продолжи и во 2024 година. Сите компании кои работат на модели за вештачка интелигенција излегоа и со нова генерација на моделите. Имаше куп интересни најави за примена во медицината, на пример – вештачката интелигенција непроценлива во откривањето рак на дојка. За жал додека да дојдат вистинските бенефити ќе мора да ги издржиме предизвиците, кои се чини дека ќе влијаат и на бројот на работни места. Во следните неколку години ќе дознаеме и колку предвидувањата за креирање на нови работни позиции се точни.

Локални херои за 2024 се младите информатичари и Здружението на информатичари на Македонија, кои на повеќе интернационални натпревари освоија куп награди.

Јануари

Најчитани текстови

Е-Дневник – Упатство за родителите

Јануари е месец за Е-дневник. Традиционално ова е најчитан текст во овој период на годината, а тоа е случај и во 2024 година. За ова секако треба да им заблагодариме на сите вклучени во креирање на Е-Дневникот, кои изработиле недоволно едноставен софтвер, до креаторите на документацијата кои го направиле супер штур, па родителите се информираат тука.

Февруари

Најчитани текстови

Електронско закажување за пасоши и статистика за криминал на новиот сајт на МВР

Задолжителната промена на лични документи придонесе за зголемен интерес за сајтот на МВР. Веројатно ова е причината што најчитан текст за февруари е текст од 2011 година, за тогаш новиот сајт на МВР.

Март

Најчитани текстови

Што треба да направите за да се регистрирате на системот за е-персонален данок на УЈП

Во март најмногу сакавте да знаете што треба да направите за да се регистрирате на системот за е-персонален данок на УЈП. Со оглед на тоа дека 15 март е последен рок за годишната даночна пријава, се чини дека барем минатата година не сме завршиле дел од обврските на време.

Април

Најчитани текстови

Како Македонија скоро деценија му прави бесплатна реклама на Invest.com

Април го одбележа текстот за грубиот превид и повеќегодишна промоција на кипарската компанија за тргување на валути Invest.com наместо промоција на InvestInMacedonia.gov.mk. Од 2015-та година па сѐ до средината на 2017-та, налепниците Invest.com беа задолжителни за сите камиони, комбиња и автобуси кои се регистрираат во Македонија и потоа возеа ширум регионот и Европа. 

Мај

Најчитани текстови

Лондонско-битолскиот Native Teams собра 6,25 милиони евра

Лондонско-битолскиот стартап Native-Teams и инвестицијата од 6,25 милиони евра го одбележаа беа најчитан текст за мај. Ова е една од поголемите инвестиции во стартап со македонска ДНК досега. Со неа вкупната инвестиции во четири инвестициски рунди во Native Teams сега се 8,4 милиони евра.

Јуни

Најчитани текстови

Base42: Од фалична гаража до местото за сите ИТ ентузијасти во Скопје

Со почетокот на летото започна и интересот за позабавни теми. Текстот за запознавање со просторот Base42 беше најчитан во јуни. „Фаличната гаража“ ги освои читателите, но и ИТ ентузијастите, љубителите на друштвени игри и сите гикови.

Јули

Најчитани текстови

Мапирање на ИТ индустријата во .мк / Издание 2022

Најчитан текст во јули е Мапирање на ИТ индустријата во .мк / Издание 2024. Благодарение на учеството на цела заедница и соработката со Data Masters и оваа година можеше да споделиме анализа на македонскиот ИТ сектор. Повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци се потпишаа во ИТ прашалникот за 2024 година.

Август

Најчитани текстови

За еден ден Apple, Nvidia и останатите технолошки гиганти загубија 900 милијарди од својата вредност

Падот на вредноста на акциите на технолошките компании и криптовалутите беа најинтересни во август. Во падот на берзата беа зафатени акциите на технолошките компании и криптовалутите. Најпогодени беа акциите на најголемите технолошки компании. „Седумте величествени“ во кои спаѓаат Apple, Nvidia, Alphabet, Amazon, Meta, Microsoft и Tesla забележаа вкупен пад од 900 милијарди долари.

Септември

Најчитани текстови

Дамјан Давков, од Македонија освои сребрен медал на овогодинешната Балканска Олимпијада по информатика

Во септември нѐ израдуваа младите информатичари. Охрид беше домаќин на Балканската олимпијада по информатика, а Дамјан Давков освои сребрен медал.

Октомври

Најчитани текстови

Што е Pay by Link, новиот сервис за плаќање кој го додаде CaSys

CaSys и новиот сервис за плаќање беа најинтересни во октомври. Од овој месец малите и средни претпријатија во Македонија, но и сите останати може да го користат сервисот „Плати преку линк“. Pay by Link е едноставен и брз начин за плаќање кој функционира преку испраќање на линк до клиентот, обично преку е-пошта, SMS, апликации за пораки или друштвени мрежи.

Ноември

Најчитани текстови

Пристигна нова ера во Нептун – КОМПЈУТЕРСКИ КОМПОНЕНТИ!

Во ноември почнавте да се подготвувате за новогодишен шопинг. Спонзорираниот текст на Нептун беше најпопуларен во ноември. Додавањето на компјутерски компоненти од процесори и графички картички, до RAM мемории и SSD дискови ви беа најинтересни во ноември.

Декември

Најчитани текстови

Wolt доаѓа во Македонија

Крајот на годината го одбележа влезот на финскиот гигант за испорака на храна Wolt. Компанијата најави дека ќе  ќе започне со работа иво Македонија. Според досега достапните информации, Wolt уште во декември имаше договорена соработка со неколку скопски ресторани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments