Дамјан Давков, од Македонија освои сребрен медал на овогодинешната Балканска Олимпијада по информатика

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

По шест дена активности заврши 31. издание на Балканската Олимпијада по информатика (БОИ), во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Вообичаено настанот заврши со свечена церемонија за доделување на медали и признанија.

Олимпијадата се одржи од 20 до 25 септември 2024 година во Охрид и собра некои од најпаметните и најталентираните млади умови од Југоисточна Европа и пошироко. Учесниците дојдоа од Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од Кипар, Турција, Италија, Украина и Саудиска Арабија.

Македонија може да се гордее со успехот на младиот Дамјан Давков од Штип, кој освои сребрен медал. Покрај него, македонските натпреварувачи Благој Рујаноски, Владимир Грчев и Виктор Максимовски добија олимписки пофалби. Овој успех е уште едно потврдување на квалитетот на македонските млади програмери, кои веќе со години наназад се истакнуваат на меѓународните натпревари.

Во категоријата на златни медали, врвните постигнувања ги освоија неколку учесници, меѓу кои Даниел Којнов од Бугарија, кој го освои првото место. Златни медали исто така освоија и Милош Милутиновиќ од Србија, како и Борис Михов и Андреј Стефанов, двајцата од Бугарија. Сите млади програмери покажаа извонредно ниво на знаење, техника и решавање на комплексни задачи, поставувајќи нови стандарди за идните учесници на Балканската Олимпијада по Информатика.

Настанот беше одлично место на кое младите таленти ги тестираа своите способности во програмирање и решавање на сложени алгоритамски задачи. Во текот на двата натпреварувачки дена, учесниците решаваа различни задачи, кои не само што бараа техничко знаење, туку и креативност и способност за решавање на проблеми под притисок. По завршувањето на натпреварите, учесниците беа оценети од страна на стручно жири, кое внимателно ја процени нивната работа, и беа избрани најдобрите решенија.

Со гордост можам да кажам дека успешно го завршуваме 31. издание на Балканската олимпијада по информатика. Трет пат во Македонија, по 2000 и 2008 година, на едно место ги обединивме средношколците – информатичари од Балканот и пошироко, овозможувајќи им средина во која може да го покажат својот талент и да изградат конекции кои долго ќе траат. Искрени честитки до сите учесници кои покажаа неверојатни способности за решавање на комплексни проблеми и истрајност во текот на целиот натпревар. Да се биде домаќин на ваков настан во Македонија е доказ за посветеноста во негувањето на младите таленти во областа на информатиката. Сето ова го реализиравме благодарение на исклучителната поддршка и придонес на нашиот институционален поддржувач Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ кои за потребите за организација на овој еднонеделен настан овозможија поддршка во форма на финансии, опрема, односно комплетно нови компјутери на кои се решаваа задачите, како и учество на професорите во подготовката и евалуацијата на задачите. Воедно, сакам да се заблагодарам и на поддршката на нашиот златен спонзор “Sorsix“, како и останатите “Jane Street”, “Valtech”, “Netcetera”, “Codecham”, “GrabIT”, “Furious Avocado”, “Loka”, “Винчини”, “Комплекс Мижо”, “Долна Порта”, “Халк банка”, “Фротекс”, “Masinokop Resources”,“Кока-кола” и нашиот партнер од невладиниот сектор, “Бистри Умови Македонија”, кои одиграа важна улога во успехот на 31. издание на Балканската Олимпијада. – истакна проф. д-р Миле Јованов, Претседател на Здружението на Информатичарите на Македонија.

Покрај натпреварувачкиот аспект, БОИ е и можност за учесниците да стекнат нови искуства, како во академската, така и во културната сфера. За време на престојот во Охрид, учесниците имаа можност да го посетат стариот дел од градот и неговите познати знаменитости, како што се црквата Св. Софија и античкиот театар. Дополнително, тие уживаа и во прошетката со брод до археолошкиот локалитет Заливот на коските, како и посета на манастирот Св. Наум Охридски, што придонесе за целосно културно искуство за младите информатичари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
kirev
kirev
2 months ago

Браво!!!

види ги сите огласи на kariera.it.mk