Помошта од вештачката интелигенција непроценлива во откривањето рак на дојка

Вештачката интелигенција станува алатка што не само што го олеснува, туку и го подобрува процесот на дијагностицирање. Ново истражување покажува дека пациентите кои избрале мамографија со помош на вештачка интелигенција имаат 21% поголема веројатност за откривање на рак на дојка во споредба со оние кои користеле стандардни методи на скрининг.

Ова се резултатите кои беа објавени на годишниот состанок на Радиолошкото друштво на Северна Америка (RSNA). Истражувањето го извршила компанијата Deep Health. Според резултатите стапката на откривање на рак на дојка е значително повисока ако мамографиите се дополнително прегледани и од вештачка интелигенција.

Мамографиите најпрво ги прегледувал лекар радиолог. Потоа биле прегледувани и од вештачка интелигенција. Ако дијагнозата на лекарите не се совпаѓала со онаа на вештачката интелигенција, резултатите биле испраќани на дополнителен преглед кај уште еден радиолог.

„Толкувањето на скрининг мамографиите е сложена задача за радиолозите. Лезиите на ракот може да бидат тешко забележливи, особено ако се скриени зад густо ткиво. Дополнително, големиот број на прегледи и комплексноста на дигиталната дојна томосинтеза (DBT или ‘3D’ мамографија), како и големиот број на слики за преглед може да ја зголемат веројатноста за пропуштени случаи на рак и повици за дополнителна евалуација“, вели Брајан Хаслам од DeepHealth кој е автор на истражувањето.

Со вклучување на вештачката интелигенција во процесот е овозможена подетална проверка за секој сомнителен наод. Ова помага и за откривање на наоди кои можеби и не биле забележани.  Ова го зголемува бројот на случаи на рак на дојка откриени во рана фаза.

Импресивни првични резултати

Во истражувањето се вклучени 747,604 мамографски прегледи спроведени во текот на една година. Кај жените кои се одлучиле за вклучување на вештачка интелигенција во скринингот, стапката на откривање на рак била 43% повисока во споредба со оние што користеле стандардна мамографија. Од ова, 21% од зголеменото откривање се должи директно на прецизноста на вештачката интелигенција.

Пациентките кои користеле вештачка интелигенција биле повикани на дополнителни прегледи 21% почесто. Овие барања за дополнителен преглед се иницирани поради резултатите од користењето на вештачка интелигенција. Точното предвидување кај пациентките кои се повторно повикани на скрининг (веројатноста резултатот навистина да укажува на рак) била за 15% повисока кај пациентките за кои е користена вештачка интелигенција.

„Повиците за дополнителни прегледи со помош на ВИ доведуваат до повеќе потврдени дијагнози на рак,“ објасни Грегори Соренсен, коавтор на истражувањето.

Повисоката цена e пречка

Во текот на истражувањето 23 отсто од жените се одлучиле да платат дополнителни 75 американски долари за вклучување на вештачка интелигенција. На средина од периодот на тестирање цената на дополнителната услуга паднала на 40 долари, пренесе Inside Precision Medicine.

Денес, дури 36 отсто од жените вклучуваат вештачка интелигенција во своите мамограми. Со оглед на тоа дека резултатите се поточни и детектирањето на ракот е порано, ова не е изненадување.  

„Овие податоци покажуваат дека многу жени се желни да користат вештачка интелигенција за да го подобрат својот мамографски скрининг, а кога вештачката интелигенција е поврзана со заштитниот преглед, се откриваат повеќе видови на рак“, вели д-р Грегори Соренсен.

Сепак, со оглед на висината на подобрите резултати, останува прашање дали користењето на вештачката интелигенција не треба да биде задолжителен дел од прегледите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk