Поради промената на уставното име на државата, личните документи со старото име на државата престанаа да важат заклучно со 12.02.2024.
Изминативе неколку дена сведоци сме на секакви изјави, измени и потенцијални измени околу валидноста на личните карти, возачките дозволи, пасошите и налепниците за регистарските таблици на возилата.
Изминатиов период се случува вистински хаос во одделите за промена на личните документи ширум државата. Во нормални услови, пак, за термин на лични документи се закажуваше електронски преку националниот сервис за електронски услуги uslugi.gov.mk
По новонастаната ситуација (читај хаос), МВР го пушти во употреба и мобилнот број за закажување 072 92 92 92 на кој што работат 30 оператори.
Моментално, единствениот начин за закажување е преку горе-наведениот број. Но, откако ќе се јавите, врската се прекинува по неколку секунди поради тоа што не може да се воспостави врска со оператор.
Многумина од граѓаните ѕвонеа и сѐ уште ѕвонат по стотици пати за да добијат слободен оператор за закажување, а реакции и пишувања од ужасните искуства може да се видат на секоја социјална мрежа, бидејќи овој процес е прилично нервозен и неефикасен.
За секој проблем може да се изнајде решение, па така потенцијалното решение за овој проблем е апликацијата за андроид Auto Redial – апликација чија функционалност е ѕвонење на одреден телефонски број на неколку секунди.
Како може да ви помогне Auto Redial?
Најпрвин треба да ја симнете и инсталирате апликацијата, потоа внесете го бројот 072 92 92 92 и поставете ја апликацијата да ѕвони автоматски на неколку секунди.
Чекате да влезете во лоби, а потоа треба да ве поврзат со оператор кој што треба да го закаже вашиот термин. Доколку имате барем малку среќа, целиот процес треба да го завршите за некои 30-40 минути.

Среќно!








Историјата (речиси) се повторува …
https://en.wikipedia.org/wiki/Wardialing