Анкетата ја спроведовме во периодот од 3-ти март до 8-ми јуни. Повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци (поточно 2.010, односно 1.987 валидни) ни се потпишаа во ИТ прашалникот, а исто како и во 2022-ра, првите 1.000 го комплетираа прашалникот во првите 24 часа! Анализата на податоците е направена заедно со нашите партнери Data Masters. Методологија
Ова истражување е базирано на анкета во која учество земаа вкупно 2.010 испитаници - ИТ професионалци од земјата. Сите одговори се анонимни и дозволен беше внес на податоци само еднаш. За потребите на анкетата 1.987 одговори беа квалификувани како валидни (1.646 Програмирање / DEV / Систем администрација + 86 Маркетинг + 123 Дизајн + 132 надвор од наведените, а 23 невалидни).
Повиците за анкетата беа на повеќе канали: преку текстови на IT.mk, преку повик на ИТ форумот, преку органски и платени пласмани на друштвените мрежи Facebook, Instagram, LinkedIn и Twitter на официјалните канали на IT.mk како и споделување на релевантни групи (пр. Сојузен комитет на програмери, Women in Tech И сл), преку соопштенија за јавност испратени и објавени во повеќе онлајн медиуми, преку директни е-маил покани за учество до скоро сите релевантни ИТ компании во Македонија, преку директни е-маил покани до членки на здруженија како МАСИТ, АЕТМ, AMCHAM, IAB и сл.
За пријавување на грешка, ве молиме испратете е-маил на [email protected].
Сакате да ги добиете податоците во RAW формат за да може да правите ваши дополнителни анализи и да дојдете до свои заклучоци? Со купување на комерцијална лиценца ќе ги добиете податоците во RAW формат како и право да ги користите за промотивни и комерцијални цели без ограничување.
Податоците може да ги преземете и во некој од нашите Employer Branding пакети.
Податоците од истражувањето се достапни бесплатно за едукативни цели и потреби. Со цел спречување на злоупотреби, податоците ќе ги доставуваме на лица со валидни .EDU (секако дека и .EDU.mk и др.) имејл адреси или по дополнителна верификација.
Компании и организации кои го поддржаа истражувањето со купување на комерцијална лиценца: