Во ерата на вештачката интелигенција, човечките ресурси треба да претрпат значителна трансформација. Размислувањето беше дискутирано во трудот на проф. Ацо Момчиловиќ и проф. д-р Чаитања Нифадкар од Швајцарската школа за бизнис и менаџмент. Преку алатки за предвидлива анализа и автоматизација, вештачката интелигенција ќе ги поедноставни основните функции за човечки ресурси, како што се регрутирање, управување со перформанси, обука и администрација.
Вработените во човечки ресурси ќе играат стратешка улога и ќе ги насочуваат организациите да гледаат на вештачката интелигенција како на соработник. На овој начин, одделение за управување со човечки ресурси ќе може да се фокусира на креативноста, иновативноста и преобликувањето на улогите, како и правилно усогласување со можностите кои произлегуваат од вештачката интелигенција.
Во интервју за IT Logs, претседателот на Глобалниот институт за етика на вештачка интелигенција, Момчиловиќ, го изнесува неговото мислење за тоа непотребно се поттикнува вознемиреност со стравувањата дека вештачката интелигенција ќе ги замени вработените во човечки ресурси.
IT Logs: Kако вештачката интелигенција може да компензира во ситуации кога треба да се направи проценка која е заснована на лична комуникација со кандидатите, односно кога се работи за запазување на човечкиот елемент, емоциите итн?
Ацо Момчиловиќ : Замислете ја следнава ситуација: седите спроти кандидатот и за неколку минути добивате повратна информација за неговиот говор на телото, го проценувате тонот и ги земате во предвид сите оние суптилни емоционални знаци кои се од подеднаква важност како и нивното резиме. Ова е магијата на човечкиот допир воодделение за управување со човечки ресурси – спој на интуиција, искуство и претчувство. Се разбира, ако сте добро обучени и искусни регрутер.
Сега, внесете ја ВИ во ситуацијата. Иако недостасува топлината која може да произлезе од ракување или смирувачка насмевка, вештачката интелигенција е како пријател кој сака да го слуша она што го зборувате. ВИ го апсорбира и обработува секој збор што го кажувате со молскавична брзина. ВИ може да ги анализира одговорите, тонот, па дури и изразите на лицата на кандидатите (преку напредни алгоритми) со извонредна прецизност. Може да собере информации кои навестуваат за нивната емоционална состојба, нивоа на стрес или дури и ентузијазам. Не треба да се заборави дека ВИ е водена од многу појдовни точки кои се засновани на бројни податоци, достапни пред и по интервјуто.
Но, еве каде станува интересно. Вештачката интелигенција може да го помага и да опсипува со корисни сознанија кои регрутерот би можел да не ги забележи, особено по 15-тото интервју во денот, кога заморот ќе земе замав. ВИ е како да имате дополнителен сет на уши и очи кои никогаш не се заморуваат. Вештачката интелигенција може да ги означи недоследностите, да ги истакне областите за понатамошно испрашување или дури да предложи алтернативни кандидати кои би можеле подобро да одговараат на барањата, сѐ врз основа на нијансирана анализа. Прашање е и кои алатки ќе им бидат достапни на кандидатите за подобро да се подготват и дали тие ќе бидат подеднакво достапни за сите групи кандидати.
Сепак, барем на краток рок, вештачката интелигенција не е тука да ја замени таа многу важна човечка врска – таа е тука да ја подобри. Замислете ја вештачката интелигенција како ваш копилот, што ви помага да се движите низ сложеноста на човековото однесување додека сè уште ги држите контролите. Може да се справи со тешките анализи на податоци, оставајќи ве да го правите она што го правите најдобро: поврзување со луѓе на вистинско, емотивно ниво.
Дали има причина вработените во човечки ресурси да се плашат дека вештачката интелигенција, кога-тогаш, може да ги замени?
Ете го и класичниот страв од доминацијата на роботите! Тоа е приказна стара колку времето – или барем стара како Индустриската револуција. Ајде да видиме вака: вработените се сместени во нивните канцеларии и нервозно гледаат како системите за вештачка интелигенција виткаат и кликнуваат, анализираат резимеа, закажуваат интервјуа, па дури и даваат понуди за работа. Стравот е опиплив – што ако машината стане толку добра да повеќе не и требаме?
Но, да направиме чекор назад и да зборуваме за среднорочната прогноза. Иако вештачката интелигенција навистина станува попаметна, побрза и поефикасна, таа нема да стане господар на вашиот оддел за човечки ресурси. Стравот дека вештачката интелигенција ќе ги замени вработените во одделот за управување со човечки ресурси е како да се грижите дека самоуправувачките автомобили ќе упропастат патувањата со пријателите.
Секако, автомобилот може да вози без човек, но кој ќе ја подготви совршената плејлиста, кој ќе ужива во впивање на околината или кој ќе раскажува приказни на патот? Слично на тоа, вештачката интелигенција може да се справи со рутински задачи, но нема човечка интуиција, емпатија и креативност, работи кои допринесуваат луѓето во човечки ресурси да се од клучна важност.
Дали се работи за еден од оние неразумни стравови што доаѓаат со напредокот во вештачката интелигенција?
Гледајте на вештачката интелигенција како на исклучително напредна алатка во вашиот пакет со алатки, алатка која може да се справи со мачните и долгите задачи. Благодарение на оваа алатка, вработените може да се фокусираат на постратешките и човечкоцентричните аспекти на работата. Сега-за-сега, вештачката интелигенција не може да преговара за сложеноста на човечките односи, да управува со конфликти со емоционалната интелигенција или да поттикне култура која има длабоко, лично ниво. Тоа се работи кои бараат човечки допир, нијансирано разбирање на човечката природа, нешто што ниту еден алгоритам не може да го прикаже.
Накратко, вештачката интелигенција не е непријател; тоа е вашиот нов асистент – оној кој никогаш не се уморува, не му требаат паузи за кафе и нема да ви го украде ручекот од канцеларискиот фрижидер . Поентата е да ја прифатите вештачката интелигенција како партнер, користејќи ги нејзините силни страни за да ги зголемите вашите можности. Нема потреба да се плашите од неа и да мислите дека би можела да ве замени. Поради тоа, наместо да се грижите дали ќе бидете заменети, фокусирајте се на тоа како можете да ја користите вештачка интелигенција за да станете уште понезаменливи.
Долгорочно? Многу тешко да се предвиди. Сè е можно, но мислам дека човечките ресурси би можеле да бидат најмногу одговорни за нивната потенцијална замена, во случај да не реагираат доволно брзо, да не учат, да не се надоградуваат и да не станат агенти на промените во компаниите, како и одделенијата за човечки ресурси. Значи, време е да започнеме да ја прифаќаме вештачката интелигенција и нејзините можности – БАШ СЕГА.
По голем број внатрешни едукации, работилници и презентации, тоа е една од темите за кои дефинитивно ќе истражувам повеќе во иднина. Со малку надеж, се надеваме дека би можеле да создадеме интересни сознанија и статии.