2 коментари 1 мин. читање

Што треба да направите за да се регистрирате на системот за е-персонален данок на УЈП

Веројатно веќе знаете дека треба или веќе сте се пријавиле за Е-персонален данок на УЈП. Поради промена во начинот на кој се пријавува данок граѓаните треба да се регистрираат на следнава адреса.

Процесот е прилично едноставен. Внесувате податоци: име и презиме, матичен број и имејл. По ова го преземате pdf фајлот го печатите во 2 копии и одите да го однесете во УЈП. Генерално на шалтерите на УЈП не се чека предолго и ќе завршите работа за десетина минути.

По ова ќе треба да почекате неколку дена да ви биде одобрен профилот за воопшто да може да се логирате на страницата на УЈП.

Секако дека никој не сака баш да оди и да завршува бирократска работа, но ветувањето е дека постапката ќе биде само еднаш, а потоа Управата за јавни приходи ќе не известува за данокот. Изненадувачки, дури и понатамошната комуникација ќе биде електронска!

За повеќе податоци ислушајте ја првата епизода на Што е Муабетот Со… на Радио МОФ. Во епизодата за регистрацијата на системот Е-ПДД на УЈП, на кој граѓаните од следната година ќе ги потврдуваат своите годишни даночни пријави, раководителот на контакт центарот на УЈП, Михајло Михајлов објаснува повеќе за електронскиот систем, како да се регистрирате и што да правите доколку се соочите со потешкотии и проблеми.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top