Супермен тренд: Новиот пример на негативното TikTok влијание

TikTok како најпопуларна социјална мрежа за децата и тинејџерите повторно создава проблеми. Влијанието на оваа платформа е огромно, а алгоритмот на самата платформа е дизајниран така што одредена содржина станува вирална за многу кратко време.

TikTok предизвиците во најголем дел се забавни, смешни и интересни за гледање од страна на младата генерација. Но, речиси во секое време се наоѓа по некој опасен предизвик кој што често носи и фатални последици.

Во овој период, кон крајот на оваа 2024 година, предизвикот “Супермен” е најпопуларниот опасен предизвик на оваа платформа.

Целта на предизвикот е да се постигне “Супермен поза”, односно повеќе учесници фрлаат во воздух еден учесник кој што треба да испружи рака за да ја постигне “позата Супермен”.

Опасниот дел во овој предизвик е тоа што кога учесникот кој што е во воздух паѓа и останатите учесници го оставаат да падне, најчесто на тврд под.

Овој тренд е веќе проширен во повеќе држави, до сега има регистрирани повредени учесници во Романија, Израел, Албанија, а не изостана ниту Македонија.

Интернет порталот Скопје1 е еден од повеќето медиуми кои што објавија на темава.

Оваа недела се појави видео од скопското средно училиште ГУЦ, каде што млади лица објавиле видео од овој предизвик.

Видеото не е ниту малку убаво за гледање, бидејќи учесникот кој ја прави “Супермен позата” паѓа од сериозна висина и се повредува. Барем засега, официјални информации за повредите на овој учесник не се достапни за јавноста.

Сѐ поверојатно е дека ќе има построги регулации и забрана на одредени на социјални мрежи

Не е прв пат социјалните мрежи да предизвикуваат сериозни проблеми, во екстремните случаи одземаат и млади човечки животи. Веќе несомнено е негативното влијание на социјалните мрежи првично кон помладите генерации.

Свежи се сеќавањата од ланските два масакри во Србија, каде што TikTok беше неизоставен дел од случаите. Тогаш, сериозно се крена прашина околу оваа можноста за забрана на оваа социјална мрежа.

Ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, изјави тогашниот министер за образование и наука Јетон Шаќири.  

Покрај настанатата ситуација и најавите за разгледување на опциите за потенцијална забрана или регулација на TikTok во Македонија, не се случи ништо во овој дел. TikTok и понатаму функционира на истиот начин.

Годинава, повторно се случи еден ваков сличен настан, во кој повторно загубата е млад човечки живот. Односно, 14-годишен малолетник го загуби својот живот, откако беше избоден со нож од свој соученик во основно училиште во Тирана. Расправијата на овие двајца соученици започнала на социјалните мрежи.

Настанот крена прашина, а со оглед на тоа што некои земји го ограничуваат пристапот до социјални мрежи за лица помлади од 16 години, Еди Рама изјави:

Како влада, нашата дилема е дали да продолжиме со имплементација на забрана. Од сите наши искуства досега, научивме дека ефективноста од ова е многу ниска и дека поттикнувањето на насилство и малтретирање преку социјлани мрежи само се зголемува

Исто така, тој кажа дека ќе разговара за предлог решение со кое би се ограничиле социјалните мрежи, а во овој дел не ја исклучува ниту радикалната одлука за целосна забрана.

Можеби треба да донесеме радикална одлука за целосно забрана на Тик Ток и Снепчет во Албанија

Во моментот нема конкретни информации дали надлежните институции во Македонија разговараат за потенцијално регулирање на социјалните мрежи, особено за помладите генерации. Она за што има најави пак, е создавање на платформа со која што ќе се регулира користењето на социјалните медиуми од страна на малолетниците, но повеќе детали за ова ќе можете да прочитате наскоро на ИТ.мк

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments