Интернет трендови на Олимписките игри во Париз

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

До минатиот викенд погледите на љубителите на спортот од целиот свет беа свртени кон Париз. Олимпијадата донесе супер интересни натпревари и рекорди на терените, но интересни трендови имаше и надвор од теренот. Игрите влијаеа и на глобалниот интернет сообраќај.

Влијание на севкупниот интернет сообраќај

Во свет кој е навикнат на се поголемо дигитално консумирање на содржините, Олимписките игри и покрај куп технолошки иновации, беа еден од ретките примери кои всушност беа во  обратна насока. Во Франција интернет активноста имаше значителен пад за време на најочекуваните моменти. На пример, ова беше случај со отворањето на игрите. Во овој период интернет сообраќајот падна 20 отсто, пренесе Cloudflare. Најголем дел од корисниците се префрлија на телевизиските преноси. Сличен беше и случајот со затворањето на игрите, кога интернет активноста се намали 14 проценти. Ова е супер показател дека и покрај целосно поврзаниот свет, некои моменти најдобро се доживуваат во живо.

Пад на интернет сообраќајот во Франција / Cloudflare
Пад на интернет сообраќајот во САД / Cloudflare

Сепак, интересен дел од игрите не беа само најпопуларните спортови, туку и спортистите. За време на настапите на Олимпијадата на американската гимнастичарка Симон Бајлс, онлајн активностите во Америка се намалуваа за 6 отсто.

Одличен интерес имаше и за најмладата дисциплина на Олимпијадата „Брејк-денс“. За време на оваа дисциплина на 9 и 10 август интернет активностите во Франција се намалуваа за 10 отсто.

Ситуацијата беше слична со повеќе спортисти и натпревари, на пример:

За време на трката во која Французинот Леон Маршанд го одвои златниот медал интернет сообраќајот во Франција се намали за 17 отсто.

Во Австралија за време на женската пливачка трка во 200 метри слободно интернет сообраќајот беше 5 отсто понизок во однос на истиот период претходната недела.

Во Јапонија за време на финалето во борење грчко-римски стил, во која златен медал освои Фумита Кеничиро од Јапонија, интернет сообраќајот падна 12 отсто.

Во Холандија за време на вториот ден од Олимпијадата сообраќајот беше намален 20 отсто. За време на овој ден настапи имаа повеќе холандски спортисти.

Во Јужна Кореја натпреварите во стреличарство и златниот медал за женскиот тим придонесоа за пад на интернет сообраќајот од 8 отсто. За време на финалето во теквондо мажи до 58 килограми, интернет сообраќајот се намали за 9 отсто.

За Бразилците најинтересни беа натпреварите на пливачите Гилхерме Коста и Марија Фернанда Коста. За време на нивните трки на 400 метри во слободен стил мажи и жени, интернет сообраќајот падна за 15 отсто.

Сајбер-напади за време на Олимпијадата

За жал, онлајн активностите на злонамерните напаѓачи не запираат за време на Олимпијадата. На 29 јули беше забележан најголемиот DDoS напад со 190 000 повици во секунда. Во овој период серверите на дел од спонзорите беа преплавени со 84 милиони повици.

На 11 август, на последниот ден на Олимпијадата за време на затворањето на игрите цел на напади беше страницата за транспорт во Франција. Во период од 4 минути страницата беше нападната со 500 000 повици во секунда.

Најголемиот напад за време на затворањето на Олимписките игри / Cloudflare

За време на Олимпијадата забележан е зголемен број на спам и малициозни имејл пораки кои таргетираат клучни зборови поврзани со настанот. Од 26 јули до 11 август се откриени 890 000 имејл пораки со содржина Олимпијада или Париз 2024. Од спортистите омилена им беше Симон Бајлс со 160 000 пораки.

Покрај Cloudflare кој се користеше за заштита на страниците од напади. За време на Олимпијадата се користеше и детектирање на опасностите во реално време, анализа со помош на вештачка интелигенција и куп други алатки за заштита. Дел од заштитата беше фокусирана на одговори на нападите, но подеднакво важно е и прогнозирањето и предвидувањето на опасностите.

Од 28 август до 8 септември Париз е домаќин на Параолимписките игри. Следната Олимпијада ќе со одржи во Лос Анџелес во 2028 година. Со оглед на брзиот развој на вештачката интелигенција и машинското учење, тешко е воопшто и да претпоставиме како ќе изгледаат следните олимписки игри од безбедносна гледна точка, но и како ќе изгледа преносот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk