Мапирање на ИТ индустријата во .мк

Издание 2024

Истражување

Трето мапирање на ИТ индустријата во Македонија

Анкетата ја спроведовме во периодот од 3-ти март до 8-ми јуни. Повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци (поточно 2.010, односно 1.987 валидни) ни се потпишаа во ИТ прашалникот, а исто како и во 2022-ра, првите 1.000 го комплетираа прашалникот во првите 24 часа! Анализата на податоците е направена заедно со нашите партнери Data Masters.

Методологија

Ова истражување е базирано на анкета во која учество земаа вкупно 2.010 испитаници – ИТ професионалци од земјата. Сите одговори се анонимни и дозволен беше внес на податоци само еднаш. За потребите на анкетата 1.987 одговори беа квалификувани како валидни (1.646 Програмирање / DEV / Систем администрација + 86 Маркетинг + 123 Дизајн + 132 надвор од наведените, а 23 невалидни).

При обработка на податоците беше дефиниран следниот пристап:

  • Примања помали од 9.000 ден. и поголеми од 610.000 ден. не влегуваат во калкулациите за месечни нето примања.
  • Во пресметката за месечните нето примања користиме медијана, а не просек, поради отстапувањата во податоците.
  • Во пресметката за месечните нето примања исклучени се испитаниците кои работат во странство.

Повиците за анкетата беа на повеќе канали: преку текстови на IT.mk, преку повик на ИТ форумот, преку органски и платени пласмани на Facebook, Instagram, LinkedIn и Twitter, споделување во релевантни групи, соопштенија за јавност и директни е-пошта покани до релевантни ИТ компании и членки на здруженија како МАСИТ, АЕТМ, AMCHAM и IAB.

За пријавување грешка, испратете е-пошта на [email protected].

Лиценцирање на податоците

Сакате да ги добиете податоците во RAW формат за да правите дополнителни анализи и да дојдете до свои заклучоци? Со комерцијална лиценца ги добивате податоците во RAW формат и право да ги користите за промотивни и комерцијални цели без ограничување.

Податоците може да ги добиете и во некој од нашите Employer Branding пакети.

Бесплатна / .edu лиценца

Податоците од истражувањето се достапни бесплатно за едукативни цели. За спречување злоупотреби, ги доставуваме на лица со валидна .EDU или .EDU.mk е-пошта, или по дополнителна верификација.

    Полињата означени со * се задолжителни.

    TNX на поддршката!

    Компании и организации кои го поддржаа истражувањето со купување комерцијална лиценца:

    За жал, ниту една компанија и организација. :(

    To top