Текстов е дел од серијалот на IT.mk „е-Дневник“ во кој откако увидовме огромен интерес од страна на родителите на оваа тема (преку голем број посети од Google на текст постар од 10 години за е-Дневник), се решивме да објавиме упатства како и мислења за овој проект. Целиот серијал може да го најдете тука.
Почитувани родители,
Првото тримесечје е завршено и како една од вашите нови обврски се наметнува дигитално да го потпишете евидентниот лист, директно преку Е-дневникот.
За деталните можности на Е-дневникот пишувавме нашироко тука, а, овој пат би сакале да се фокусираме само на процедурата за потпишување евидентни листови.
Иако процесот е едноставен, забележавме дека многу родители и понатаму имаат потреба од чекор-по-чекор водич. Па, да почнеме!
Известени сте од класниот раководител дека евидентните листови се изготвени и треба дигитално да се потпишат. Што правиме?
Чекор 1
Се упатувате на Е-Дневник.

Во корисничко име го внесувате имејлот што сте го дале на класниот за потребите на Е-Дневникот, а под тоа ја внесувате вашата лозинка. Кликнете на копчето Најави се.
Чекор 2

Преку ново-отворениот прозорец, изберете ја категоријата ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ, па од паѓачкото мени кликнете на Евидентен лист!
Чекор 3

Преку овој прозорец добивате увид во целиот евидентен лист, заедно со сите (описни) оценки за ученикот. Во горната табела, ќе видите дека евидентниот лист е креиран од раководителот за првото тримесечје. На самиот крај, во полето акција ќе видите копче Потпиши! Кликнете на него!
Чекор 4

Од прозорецот, кликнете на копчето Да, за да се официјализира процедурата и стапи на сила вашиот дигитален потпис!
Тоа беше процедурата за разгледување и потпишување евидентен лист. Наидовте ли на некои проблеми? Навистина би сакале да ви помогнеме! Пишете нѝ во коментарите!
[…] Е-Дневник – Упатство за родители како да потпишат евид… […]
[…] и упатства за родителите (едно генерално и за потпишување на евидентен лист), а во 2023-та одбележавме јубилеј од проектот со текст […]
[…] Е-Дневник – Упатство за родители како да потпишат евид… […]
Roditel
[email protected]
Почитувани, како да се избрише или откаже потписот ако е по грешка односно евидентниот лист неможе наставничката да го постави бидејќи е веќе поптпишано а во графата акција нема знак избриши.Однапред ви благодам поздрав убав ден.
E dnevnik
071501047
Melek11
Dehari
Poz
Zdravo