Што беше интересно за читање во 2023

ЧАО забавна, луда, турбулентна, небезбедна и каква уште не 2023!

Се чини дека три работи ја одбележаа годината во ИТ индустријата: 

  • вештачката интелигенција
  • сајбер (не)безбедноста
  • и отказите.

Старите викаат како ќе почне годината, така ќе тера до крај. Ако судиме според хакерскиот напад на ФЗО во февруари, навистина е така. 

Цела година алармот за сајбер напади беше пуштен на најјако.

Од друга страна, паралелно ечеше и алармот дека AI е тука да нѝ ја земе работата и да нѐ истисне од еден куп сфери. За среќа, приказни како таа на Fingerprint Diagnostics кои со помош на AI може да направат рана детекција на рак, укажува на тоа дека AI е тука за да го подобри нашиот живот, а не за да го преземе.

Пишувавме на еден куп теми, се развија интересни форум дискусии, се споделуваа секакви коментари по социјалните медиуми. Нам нѝ беше забавно да ги читаме сите.

Што им беше најзабавно на нашите читатели за читање?

Направивме пресек на топ 3 текстови според читаност по месеци. Изненадува текстот за Е-дневник кој иако е објавен пред 2 години, сѐ уште има голема месечна читаност, најверојатно затоа што самиот сајт ednevnik.edu.mk е штур сајт со логин форма и без никакви дополнителни информации. Интересни беа и текстови објавени минатата година, што нас нѝ кажува дека IT.mk има добра содржина :)

Нормално, сите актуелни теми и случувања се провлекуваа и по подолг период, а имаше и такви што беа интересни на кратко. 

Без да должиме, еве што беше фаворит за читање во 2023!

Јануари

.мк стартап на месецот

Продукт базиран на ВИ кој го олеснува визуелното пребарување и продуктно категоризирање во модната индустрија. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Е-Дневник – Упатство за родителите
2: Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата во 2022
3: Што се случи со Yahoo?

Февруари

.мк стартап на месецот

FinTech платформа за плаќања и регулирање на статус на вработување, поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка која помага при работата на сите корисници. Прочитај повеќе.


Најчитани текстови

1: ФЗОМ е хакиран со ransomware – не се барал откуп од 2.000 биткоини, туку „смешна сума“
2: „Мое осигурување, мој доктор“ е нов веб сервис за проверка на здраствено осигурување
3: Следете ги земјотресите со LastQuake

Март

.мк стартап на месецот

Microtica овозможува поставување на апликации во cloud инфраструктура за само неколку минути.
Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Шпанската ИТ- компанија 2Coders ги прошири своите канцеларии во Скопје
2: Silicon Valley Bank (SVB): Хорор приказна тешка 209 милијарди US долари
3: Нов начин на измама – вештачка интелигенција која имитира глас

Април

Најчитани текстови

1: Подемот и падот на H4 (2015-2021) [интервју]
2: Холандската компанија Персонал Программер отвори нови канцеларии во Скопје
3: Европскиот парламент го изгласа крипто законот

Мај

.мк стартап на месецот

Го трансформира начинот на кој бизнисите пристапуваат до податоци за животната средина и климата, и дава поддршка при носење на бизнис одлуки прилагодливи на климатските промени. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Кратки ИТ вести: Електрични тротинети во Скопје, Мое Здравје и онлајн Уверение за државјанство
2: Шокантно: 75% од Македонците на Facebook читаат само наслови и коментираат
3: Шведската ИТ компанија Polar Cape со атрактивни канцеларии во центарот на Скопје

Јуни

.мк стартап на месецот

All-in-one платформа која на компаниите им овозможува да обезбедат квалитетно искуство и комуникација со сите вработени.


Најчитани текстови

1: Една недела со Google Pay, први искуства и впечатоци
2: Обидот за преврат на групата Wagner покажа дека Русија има целосна контрола врз друштвените мрежи и информациите
3: Reddit се разбуди во „темница“

Јули

.мк стартап на месецот

AI платформа која на компаниите им овозможува да имаат дигитални вработени кои имаат висока точност на информации што ги споделуваат и делуваат идентично како жив човек во разговорите.


Најчитани текстови

1: Бесшумната посета на Џек Ма во Скопје
2: Може да здивнете, платежните картички се повторно функционални
3: Јован Андонов – инженер кој креира интерни алатки за вработените во Google [интервју]

Август

.мк стартап на месецот

Американскo-македонски стартап основан во 2016-та година чија примарна цел е да поврзува човечки ресурси со бизниси во САД. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Што е Prime и зошто вашите деца лудуваат по овој пијалок?
2: Чекор по чекор: Како да извадите Уверение за државјанство онлајн?
3: Податоци на 2 милиони сопственици на Toyota биле јавно достапни 10 години

Септември

.мк стартап на месецот

Платформа која собира и агрегира јавни информации за инфлуенсери од над 40 платформи и истите ги филтрира и организира по повеќе од 100 податочни точки. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Македонија ги легализираше криптовалутите: Новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам ги опфати и дигиталните валути
2: Поради преголемо зрачење Франција ја забрани продажбата на iPhone 12
3: Туторијал: Како да извадите потврда за неосудуваност на телефон

Октомври

.мк стартап на месецот

Местото каде што одиш да пазариш без да носиш кеси. Целта на Пакет.мк е да постане вистинската алтернатива за она неделно пазарење на кое сите сме навикнати. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Неуспехот на следењето на Хамас е показател за опасностите од прекумерното следење
2: Полиција на пат? Наместо непрегледни Viber групи, користете Waze
3: Анатомија на една онлајн превара: Смишинг напад врз Македонска пошта

Ноември

.мк стартап на месецот

Boksy има визија да стане платформа каде што семејствата ќе можат квалитетно да го поминат своето време кога се пред екраните. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Ретроспектива на phishing нападот со студентски оброк и Шпаркасе банка
2: Надополнето: Сем Алтман е старо-нов извршен директор на OpenAI
3: Студентска перспектива: Добрите и лошите страни на ФИНКИ

Декември

.мк стартап на месецот

Ги мотивира корисниците да пешачат и возат велосипед, и за тоа да добиваат награди од локални бизниси кои спонзорираат одреден предизвик и даваат попуст на своите услуги или производи. Прочитај повеќе


Најчитани текстови

1: Кам и Стокомак заедно имаат приход како 100-те најприходни ИТ фирми во земјава
2: Нина Геометриева: Највисокиот комплимент што може да се добие од Закерберг е „не е лошо“
3: Стив Вознијак ќе добие српски пасош

И за крај….

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk