8 коментари 2 мин. читање

Апликација на денот: Дознајте кога ќе пристигне автобусот со ЈСП Возен ред за Android

Понекогаш едноставна апликација е далку покорисна од некои кои сакаат да бидат што е можно пофункционални. Затоа ЈСП Возен Ред, Android апликација од Томче Делев, е нова апликација на денот. Како што и кажува името им помага на корисниците да се снајдат со градскиот превоз во Скопје. Апликацијата е едноставна за користење и овозможува следење на автобусите за корисниците да не го пропуштат автобусот. Возниот ред на апликацијата се ажурираат од сајтот на ЈСП, а проверката е едноставна преку избор на општината и автобусот кој го чекате, по што може да ги погледнат термините за пристигање на автобусот. Томче вели дека девојка му го инспирирала да ја направи апликацијата бидејќи другите слични за Android не работеле како што треба.

Најголема предност е едноставниот дизајн и уште поедноставната навигација низ апликацијата. За некоја нејзина идна верзија можеби останува интеграција со Google Maps за корисниците да можат да се снајдат едноставно преку локацијата во случај да не го познаваат реонот.

„Токму едноставноста ја прави корисна и го прави тоа за што е наменета на најдобар начин“, објаснува Томчe. „А Android затоа што тоа е платформата која ја работам и знам, а за iOS не би требало да е проблем да се развие слична. Поголем проблем беа податоците и нивната обработка, затоа што не постои API од ЈСП, а јас би ги споделил со некој кој би сакал да развие слична за iOS“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top