Македонските хакери се обвинети за наводно влијание на изборниот процес во Венецуела. Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, покрај хакерите од Македонија ја обвини и опозицијата за колаборација со хакерите и неуспешни обиди за манипулирање на изборните резултати. Дел од обвинетите е и лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо.
Отворањето на истрагата, доаѓа речиси истовремено со објавувањето на изборните резултати. Во понеделникот, Тарек Вилијам Сааб објави дека е покрената истрага за наводно хакирање на системот за пренос на податоци на Националниот изборен совет (CNE). Според Сааб, овој сајбер напад, наводно „координиран од Северна Македонија, имал за цел да ги промени изборните резултати во корист на опозицијата“. Главните опозициски фигури кои се вмешани ги вклучуваат Марија Корина Мачадо, Лестер Толедо и Леополдо Лопез.
Македонија беше популарна на слична тема во глобалните медиуми и пред неколку години, кога велешани беа обвинети дека го помогнале изборот на Трамп во САД.
Обвинување и недостиг на докази
Станува збор за сериозни обвинувања, но барем досега нема никакви конкретни докази кои ќе го поддржат тврдењето за изборна манипулација. Единствен податок кој го сподели Сааб е дека системот е хакиран да ги манипулира влезните податоци, и со тоа да ја промени волјата на гласачите. Ова секако би влијаело и на исходот на изборите.
Македонските хакери се обвинети и за доцнењето на првите вести за победата на Мадуро.
„Лојалистите на Мадуро имаат добра причина за овие обвинувања. Според предизборните анкети, брзото пребројување на гласовите, излезните анкети и броењето на гласачите, сите покажаа огромна поддршка за Гонзалес. Една излезна анкета на угледната американска фирма Edison Research покажа дека Гонзалес води пред Мадуро со 65% спрема 31%.“, пренесува Health News Florida.
Критичарите тврдат дека недостатокот на транспарентност и детални информации покренува прашања за валидноста на овие обвинувања.
Изборни резултати
Според официјалните резултати победник на претседателските избори во Венецуела е досегашниот претседател Николо Мадуро со освоени 51,4 отсто од гласовите. Противкандидатот Едмундо Гонзалес Урита освои 44,2 отсто од гласовите.
Опозицијата ги отфрли овие резултати, со тврдење дека имаат докази дека реалните резултати се во нивна полза.
Изборната комисија на Венецуела досега нема споделено детали за изборите. Претседател на комисијата е Елвис Аморосо, кој е поддржувач на Мадуро. Во 2023 година додека беше генерален контролор ѝ забрани на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо да се кандидира за претседател, што ја натера да го регрутира Гонзалес како нејзин заменик.
Протести и славје на улиците во Венецуела
Опозицијата ги отфрли официјалните резултати и ги повика поддржувачите да излезат на протести.
„Имаме 100% од CNE минутите и овие податоци покажуваат дека Едмундо Гонзалез Урита освоил 70 отсто од гласовите, а Николас Мадуро 30 отсто.
Венецуела има нов претседател тој е Едмундо Гонзалес Урутија. Победивме и сите го знаат тоа“, вели Марија Корина Мачадо.
По објавувањето на победата на Мадуро дел од Венецуелците излегоа на протести. Во главниот град Каракас ги блокираа улиците и поставија запалени барикади. Полицијата се обидува да ги разбие протестите со солзавец и гумени куршуми, а на видеата на протестите може да се забележат и луѓе во цивилна облека кои пукаат кон поддржувачите на опозицијата. Опсерваторијата за конфликти на Венецуела објави дека се забележани 187 протести во 20 држави.
Официјално во судирите има и жртви и повредени, а уапсени се 46 луѓе.
Владите на Аргентина, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама, Парагвај, Перу, Доминиканска Република и Уругвај побараа пребројување на резултатите во присуство на независни набљудувачи на изборите.
Панама најави повлекување на дипломатите од Венецуела.
Ако сакате да прегледате кое е мислењето на најголем дел од луѓето, погледнете што има да каже Twitter. Секако има куп смешни и забавни објави:
И повторно се вмешуваш во пропагандата на сатанска америка и зборуваш недораснато ,како некои платени пропагандисти новинари кои добиваат пари од сатанска америка за мешање на баби и жаби…Во целосната наводна претстава,веднаш е симптоматичен изворот за потврда,некаков си американска угледна сатанска фирма,која како таква е сомнително дека е платена за ширење на лаги за нивното подрачје.
Инаку за таква активнсост се знае кој е виновен,а како се користи наштата територија,да си ги прашате вашите спонзори од калето…Се е јасно веќе од поодамна,како се прави оваа војна на мајмунлаци,против оние кои се против сатанска америка…
Македонски хакери? Не ми се верува дека мешате сервери во Македонија со “хакери”. И тоа се прави на сајт за ИТ. 😂