Над 3950 лица се уапсени, а уште 14 643 се осомничени во една од најголемите полициски акции на Интерпол за сузбивање на онлајн криминал. Операцијата „First Light 2024“ е насочена кон спречување на фишинг, инвестициски измами, лажни онлајн продавници, измами за лични контакти и лажно претставување.
Полициски акции имаше во 61 држава, и полицијата успеа да им нанесе сериозен финансиски удар на криминалците. Замрзнати се 6745 сметки на криминалните групи. Во акцијата се запленети средства во вредност од 257 милиони долари. Ова е значителен удар за работата на овие криминални групи. Нешто повеќе од половината од запленетите средства, околу 135 милиони американски долари, се фиат валути. Запленети се и крипто валути во вредност од околу 2 милиони американски долари.
Освен пари запленети се и други средства вклучувајќи недвижности, скапи возила, накит, вредни предмети и колекции во вредност до 120 милиони долари.
Најголем дел од жртвите на овие криминални групи се индивидуалци. Интерпол сподели детали за дел од жртвите. Благодарение на Global Rapid Intervention of Payments на Интерпол (I-GRIP) успеале да следат пресретнат измама во која жртва од Шпанија пратила 331 000 долари. Властите во Австралија со помош на истата технологија успеале на жртва на измама да и спасат 3,7 милиони долари.
„Резултат на оваа интернационална полициска акција е повеќе од само бројки –претставува заштитени животи, спречен криминал, и побезбедна глобална економија насекаде.“, вели директорот на Центарот за финансиски криминал и антикорупција на ИНТЕРПОЛ (IFCACC), д-р Исак Кехинде Огини.
Најголем дел од овие криминални групи се лоцирани во Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Африка. Сепак, жртвите на овие измами се насекаде во светот. Во главниот град на Намибија Виндхук, полицијата успеала да растури криминална група која принудувала 88 малолетници да вршат измами. Од групата се одземени и 163 компјутери и 350 телефони. Податоците кои се собрани од криминалната група се обработуваат од Интерпол.
Операцијата First Light 2024 започнала во 2023 година, а нејзината кулминација е во периодот од март до мај 2024 година. Акции се направени на различни локации од целиот свет и во нив учествувале: АФРИПОЛ, АСЕАНАПОЛ, ГЦЦПОЛ и Европол.