Avatar photo

IT.mk редакција

4.606 написи активност: 03/2008 - 09/2026

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

Бојан Јакимовски: LLM-ите отворија повеќе проблеми отколку што решија

Како се стигнува од придонес за проект со отворен код до разговор со инженерите на OpenAI во Сан Франциско? Бојан Јакимовски ја раскажува токму таа приказна во новата епизода на „Во Изработка“, но посетата на OpenAI е само почетокот на тричасовен разговор за тоа како AI навистина се развива и користи. Јакимовски, Lead ML/AI Engineer […]

0 коментари Прочитај 30 септември, 2026
СПОНЗОРИРАНО
1
Од WhatTheStack ИТ настани Спонзорирани

WhatTheStack 2026 собра над 1.000 посетители во Скопје

Третото издание на WhatTheStack се одржа од 14 до 19 септември 2026 година и привлече над 1.000 посетители. Програмата опфати осум настани, од специјализирани предавања и практични работилници до главниот конференциски ден, кој се одржа на 19 септември на Техничкиот кампус на УКИМ. Главниот ден за првпат се одвиваше на пет паралелни сцени. Пред публиката […]

0 коментари Прочитај 25 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ настани

Македонските информатичари со два медали и две пофалби на Балканската олимпијада во Тирана

Македонскиот тим оствари одличен резултат на 33. Балканска олимпијада по информатика, која од 14 до 20 септември се одржа во Тирана, Албанија. Сите четворица македонски натпреварувачи се враќаат со признание, освојувајќи еден сребрен и еден бронзен медал, како и две олимписки пофалби. Сребрениот медал го освои Владимир Грчев од Кочани, додека Дамјан Давков од Штип […]

0 коментари Прочитај 21 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вештачка интелигенција ИТ настани

Приклучи се на Hack for Humanity и создади AI решенија за локални предизвици

Што се случува кога луѓето ќе ја насочат вештачката интелигенција кон проблемите во сопствената заедница? Одговорот ќе го добиеме за време на глобалната иницијатива Hack for Humanity, која оваа есен ги поврзува AI заедниците ширум светот со една заедничка цел, технологијата да се искористи за создавање решенија што навистина им помагаат на луѓето. AI Collective […]

0 коментари Прочитај 16 септември, 2026
СПОНЗОРИРАНО
1
Од Finelevate ИТ настани Спонзорирани

Три клучни панели ќе ја отворат дебатата за иднината на дигиталните финансии на Finelevate Digital Summit 2026

На 16 септември во Скопје Мериот Хотел, Finelevate Digital Summit 2026 ќе ги обедини регулаторите и претставниците на клучните институции од финансискиот сектор и технолошката индустрија за да ги отвори прашањата што веќе ја обликуваат иднината на банкарството, осигурувањето и финансиските услуги. Организаторите најавуваат тематски богата програма, со посебен фокус на три клучни панели на […]

0 коментари Прочитај 14 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ настани Стартапи

Првиот Startup Weekend пристигнува во Битола

Од 11 до 13 септември 2026 година, во Битола ќе се одржи првото издание на Techstars Startup Weekend. Во Офицерскиот дом ќе се презентираат нови идеи, ќе се формираат тимови, а дел од учесниците ќе ги направат своите први чекори во претприемништвото. Организатор е Qworkingo – Coworking Space Bitola, кој по повеќе настани и активности […]

0 коментари Прочитај 9 септември, 2026
СПОНЗОРИРАНО
1
Од Crazy Labs ИТ настани Спонзорирани

Од идеја до заедница: Crazy for AI со второ издание за бизнис лидери

Во јули во Скопје за првпат се одржа Crazy for AI: Executive Edition, ексклузивен AI форум наменет за бизнис лидери од ИТ секторот. Настанот, организиран од CrazyLabs во Chateau Kamnik, собра повеќе од 50 извршни директори и лидери од ИТ индустријата, претставници на ФИНКИ и ВЕЗИЛКА, како и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.  На […]

0 коментари Прочитај 9 септември, 2026
СПОНЗОРИРАНО
1
Од WhatTheStack Вести ИТ настани

WhatTheStack 2026 по третпат ја обединува технолошката заедница во Скопје

Од 14 до 19 септември, Скопје повторно ќе биде центар на домашната и европската технолошка заедница. Третото издание на интернационалната конференцијата WhatTheStack 2026 ќе понуди шестдневна програма исполнета со предавања, практични работилници, специјализирани технолошки настани и можности за поврзување и размена на знаење на повеќе локации. Програмата започнува уште на 14 септември со работилници и […]

0 коментари Прочитај 7 септември, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Starlink Mobile наскоро во Македонија преку новиот телеком One

SpaceX и 4iG постигнаа договор за воведување на Starlink Mobile во дел од Централна Европа и Западен Балкан. Во планот е и Македонија, каде следната генерација Starlink Mobile V2 треба да стане дополнување на мобилната мрежа што ја гради One Macedonia. Според објавата на Starlink и официјалното соопштение на 4iG, првата генерација на услугата ќе […]

0 коментари Прочитај 2 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Векослав Стефановски: AI нема да ги замени програмерите, но ќе мора да станеме подобри инженери

Што останува од професијата програмер кога AI веќе може за неколку секунди да напише функција, да поправи баг, да генерира тестови или да склопи цела апликација? Одговорот на Векослав Стефановски е прилично едноставен: програмерите нема да исчезнат. Но летвичката ќе се крене. Токму околу ова прашање се врти седмата епизода на македонскиот подкаст „Во Изработка“, […]

0 коментари Прочитај 2 септември, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вештачка интелигенција ИТ настани

Cursor Macedonia го организира првиот „Build with Cursor: Skopje“ 

Првиот „Build with Cursor: Skopje“ ќе се одржи во Netaville на 9-ти септември, како настан посветен на практичната примена на Cursor и алатките за развој со помош на вештачка интелигенција. Настанот има за цел да ја поврзе локалната заедница на програмери, основачи и ентузијасти кои веќе користат ВИ алатки во својата работа и да создаде […]

0 коментари Прочитај 1 септември, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

Неделава накратко: Temu не запира, автобусите конечно се следат во живо и технологијата повторно решава проблеми што некој друг требало да ги реши

Има недели кога на форумот се дискутира за нови процесори, графички картички и AI модели. А има недели кога најважното прашање е дали тоа што си го нарачал од Temu навистина ќе стигне, дали автобусот навистина доаѓа и дали СМС пораката што си ја добил за Safe City е казна или само уште една измама. […]

0 коментари Прочитај 29 август, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Приклучи се на Мапирањето на ИТ индустријата во .мк – издание 2026

Дали платите во ИТ индустријата сè уште растат? Колку е тешко денес да се најде работа како практикант или јуниор? Колку луѓе реално користат AI секој ден? Сè уште ли сакаме да работиме remote или се враќаме во канцеларија? Кои технологии растат, а кои полека исчезнуваат? И можеби најважното прашање: Каква е реалната состојба на […]

8 коментари Прочитај 14 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Узбекистан 

Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на  алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни  резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков […]

0 коментари Прочитај 14 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Е-трговија ИТ.МК

Google од 1 септември ќе наплаќа ДДВ за апликации во Македонија: Што значи ова за корисниците и девелоперите?

Google денеска ги информираше своите корисници дека од 1 септември 2026 година се менува начинот на кој се пресметува ДДВ за платените апликации и купувањата преку Google Play во Македонија. Google ги извести девелоперите дека од овој датум компанијата ќе биде одговорна за пресметување, наплата и уплата на 18% ДДВ за платени апликации и in-app […]

0 коментари Прочитај 12 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

Неделава накратко: РАМпокалипса, гејминг за 30.000 ден. и еден „скам“ што не беше скам

Има недели кога форумот звучи како финансиски аналитичар, а има недели кога потсеќа на комшија што ти помага да склопиш компјутер. Оваа недела forum.it.mk беше и едното и другото. Во само неколку дена низ темите поминаа структурна криза на пазарот на меморија, многу конкретна конфигурација за 30.000 денари, една СМС порака што личеше на измама […]

0 коментари Прочитај 31 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

ФИНКИ ги повикува компаниите и граѓаните да ги споделат своите потреби за ВИ обуки

Во рамки на проектот VEZILKA AI Factory Antenna, што го спроведува Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, започна национална анкета за проценка на потребите за поддршка и обуки во областа на вештачката интелигенција (ВИ) и пресметувањето со високи перформанси (HPC). Целта на анкетата е да се соберат информации за тоа какви […]

0 коментари Прочитај 31 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Бронзен медал за Македонија на  Европската јуниорска олимпијада по информатика во Литванија

На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика  (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите  македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна  конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран  Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран […]

0 коментари Прочитај 30 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести

Неделава накратко: Zen 6 против Nova Lake, кој AI го користиме и што се случува со IT.mk v7.0

Една недела на IT.mk форумот може да започне со иднината на процесорите, да продолжи со вештачката интелигенција и да заврши со прашање зошто интернетот во соседната куќа не оди побрзо од 100 Mbps. Токму во тоа е вредноста на заедница со повеќе од 37.000 членови и над еден милион објавени мислења. На едно место се […]

0 коментари Прочитај 24 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

Три бронзени медали за Македонија на првата Европска олимпијада по вештачка интелигенција

Македонскиот тим освои три бронзени медали на дебитантското издание на Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026), одржана од 14 до 19 јули во Клуж-Напока, Романија. Успехот доаѓа на еден од најмладите, но веќе најпрестижни меѓународни натпревари во ИТ доменот, што дополнително ја зголемува неговата тежина. Медалите ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од прилепската гимназија, […]

0 коментари Прочитај 23 јули, 2026
Мени
Заедница
Изглед