Отпуштањата продолжија и во 2024 година

во Вести

Иако очекувавме дека брановите на отпуштања во техничкиот сектор ќе завршат во 2023 година, 2024 донесе нови предизвици за индустријата. Според податоците од Layoffs.fyi, до ноември оваа година, повеќе од 130.000 работници се отпуштени во 457 компании ширум светот. Меѓу компаниите кои значително го намалија бројот на вработени се Tesla, Amazon, Google, TikTok, Snap и Microsoft, заедно со многу други, вклучувајќи и помали стартапи кои целосно престанаа да постојат.

Неколку фактори придонесоа за продолжувањето на овој тренд. Kомпаниите стануваат поагресивни во оптимизирањето на своите трошоци, што е директна последица на зголемената конкуренција и економските предизвици. Технологиите како вештачка интелигенција и автоматизација значително го трансформираат пазарот на трудот, заменувајќи голем дел од традиционалните работни места.

Со помош на податоците од Layoffs.fyi TechCrunch креираше исцрпна и долга листа за сите отпуштања во техничкиот сектор во 2025 година.

Најголеми отпуштања во 2024

Очекувано најмногу отпуштања доаѓаат од најголемите компании. Сепак, иако бројките се помали кај помалите за некои од нив тоа значи и затворање на компаниите. Според бројот на отпуштања на врвот се Tesla, Intel и Boeing.

  1. Tesla: Компанијата отпушти над 14 000 вработени, што претставува повеќе од 10% од нејзината глобална работна сила.
  2. Google: Имаше неколку рунди на отпуштања, вклучувајќи тимови како Flutter, Dart и Cloud, со вкупно неколку илјади вработени.
  3. Microsoft: По преземањето на Activision Blizzard, компанијата отпушти 1 900 вработени во својата гејминг дивизија.
  4. Amazon: Освен намалувањата во Prime Video и MGM Studios, Amazon отпушти неколку стотици вработени во други тимови.
  5. Meta: Иако бројот на отпуштени не е целосно потврден, познато е дека отпуштањата опфатиле различни тимови како Threads и правната служба.

Многу компании се ориентираат кон помали тимови и пофлексибилни модели на работа. За жал цената што ја плаќаат илјадници семејства е огромна. Дополнително, помалите стартапи кои се затвораат целосно ја намалуваат способноста на индустријата за брзи иновации.

Freepik

Компании со најмногу отпуштања во техничкиот сектор

Ова е листа на дел компаниите кои отпуштија голем дел од своите вработени. За целосната листа може да го посетите TechCrunch.

Ola Electric

Дејност: Производство на електрични возила.
Број на отпуштања: До 500 вработени.
Период: ноември 2024 година.
Причина: Зголемување на профитабилноста, со намалување на 10% од вкупната работна сила.

Hopper

Дејност: Платформа за резервации за патувања.
Број на отпуштања: 60-65 вработени (10% од вкупната работна сила).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Во обид да стане поконкурентен Hopper прави реорганизација и го намали бројот на вработени.

LinkedIn

Дејност: Друштвена мрежа
Број на отпуштања: 202 вработени (1% од работната сила).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Реорганизација во инженерскиот и одделот за корисничка поддршка. LinkedIn ги намали вработените во тимовите за инженеринг.

Седиштето на LinkedIn во Калифорнија By LPS.1 – Own work, CC0

Headspace

Дејност: Апликација за медитација и ментално здравје.
Број на отпуштања: 13% од работната сила.
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Промена на деловниот модел и отпуштање на терапевтите кои беа вработени со договор.

AMD

Дејност: Производство на процесори и графички карти.
Број на отпуштања: 4% од работната сила (~1000 вработени).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Фокус на „раст“.

Akamai

Дејност: Услуги за складирање во облакот и сајбербезбедност.
Број на отпуштања: 2.5% од работната сила (~250 вработени).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Akamai со отпуштањата се обидува да ги намали трошоците.

Just Eat

Дејност: Услуги за достава на храна.
Број на отпуштања: 300 вработени (2% од работната сила).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Обид за намалување на оперативните трошоци.

iRobot

Дејност: Производство на роботски правосмукалки.
Број на отпуштања: 105 вработени (16% од работната сила).
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Надминување на финансиски предизвици поради неуспешно преземање од Amazon.

Седиштето на iRobot во Бедфорд, Масачусетс Zoole USA – Own work, CC BY-SA 4.0

The Mozilla Foundation

Дејност: Развој на софтвер и веб-прелистувачи.
Број на отпуштања: 30% од работната сила.
Период: Ноември 2024 година.
Причина: Непредвидени промени во индустријата.

Tidal

Дејност: Стриминг платформа за музика.
Број на отпуштања: До 100 вработени.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Обид на враќање назад и функционирње „како стартап“.

X (порано Twitter)

Дејност: Микро-блог.
Број на отпуштања: Неколку стотици вработени.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Непозната, но дел од редовното намалување на трошоци.

Coursera

Дејност: Платформа за онлајн едукација.
Број на отпуштања: 10% од работната сила.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Намалена побарувачка за нивните услуги.

Dropbox

Дејност: Облак за складирање и колаборација.
Број на отпуштања: 20% од работната сила (~528 вработени).
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Трансформација на компанијата.

F5

Дејност: Сајбербезбедност и апликации.
Број на отпуштања: ~100 вработени (2% од вкупниот број на вработени).
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Обид за намалување на трошоци.

Upwork

Дејност: Платформа за фриленс.
Број на отпуштања: 21% од работната сила.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Обид за заштеда на 60 милиони долари годишно.

Boeing

Дејност: Авиоиндустрија.
Број на отпуштања: ~17,000 вработени (10% од работната сила).
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Загуби и штрајкови.

Photo by Lukas Souza on Unsplash

TikTok

Дејност: Друштвена мрежа за споделување видео содржини.
Број на отпуштања: Стотици вработени.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Компанијата започна со модерација на содржини со AI.

Samsung

Дејност: Електроника и технологии.
Број на отпуштања: До 10% од вработените во Југоисточна Азија и Австралија.
Период: Октомври 2024 година.
Причина: Реорганизација на операции за поголема ефикасност.

Qualcomm

Дејност: Производство на чипови.
Број на отпуштања: 226 вработени во Сан Диего.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Qualcomm продолжува со реструктуирање за да ги намали трошоците.

Microsoft

Дејност: Софтвер и технологија.
Број на отпуштања: 650 вработени во гејминг дивизијата.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Преструктуирање по преземањето на Activision Blizzard.

Apple

Дејност: Потрошувачка електроника и софтвер.
Број на отпуштања: 614 вработени во Калифорнија.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Apple ја напушта својата иницијатива за автономни електрични возила.

Dell

Дејност: Компјутерска опрема.
Број на отпуштања: 6,000 вработени.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Оптимизирање на ресурсите за AI производи и услуги.

Intel

Дејност: Производство на чипови.
Број на отпуштања: 15,000 вработени (~15% од работната сила).
Период: Септември 2024 година.
Причина: Намалување поради неисполнети финансиски очекувања и фокус на вештачка интелигенција.

Webflow

Дејност: Платформа за веб-дизајн.
Број на отпуштања: 8% од работната сила.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Webflow се подготвува за следната фаза на раст.

Magic Leap

Дејност: Производство на уреди за проширена реалност.
Број на отпуштања: 75 вработени.
Период: Септември 2024 година.
Причина: Целосно затворање на тимовите за продажба и маркетинг.

Tesla

Дејност: Производство на електрични возила и енергетски решенија.
Број на отпуштања: Над 14,000 вработени (~10% од работната сила).
Период: Април 2024 година.
Причина: Tesla гo намали бројот на вработени како подготовка за „следната фаза на раст“ во услови на предизвици на пазарот на електрични возила.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments