Вештачката интелигенција ќе ги креира следниве 5 работни позиции 

Експанзијата на вештачката интелигенција генерално се смета за позитивен развој, но од друга страна влева страв за иднината на голем број работни места. 

Колку работни места може да замени вештачката интелигенција беше и можеби најпоставуваното прашање во 2023.

Во извештајот на Голдман Сакс за влијанието на вештачката интелигенција врз економскиот раст, се предупредува дека потенцијалните способности на генеративната вештачка интелигенција може да доведат до значително нарушување на пазарот на трудот, што потенцијално ќе влијае на околу 300 милиони работни места на глобално ниво.  

Според извештајот, вештачката интелигенција може да влијае врз 63% од работните места, особено во области како што е услугата на клиенти.  

После бројни истражувања и анализи, несомнено е дека вештачката интелигенција ќе има влијание врз работните места, а колкаво ќе биде тоа влијание останува да видиме. 

Покрај делумната и целосната замена на одредени работни позиции, вештачката интелигенција ќе креира нови работни позиции.

Photo by Kasia Derenda on Unsplash

Промпт инженер (Prompt Engineer) 

Овој тип на инженер креира и дизајнира влезни команди за големите јазични модели (LLM). Промпт означува влезна инструкција преку која се кажува на LLM моделот што да прави. Овие модели можат да генерираат и преведуваат текст на различни јазици, да анализираат одреден текст или код и слично.  

Промпт инженерството е релативно нова област, но забрзано расте и се очекува да има голема побарувачка во блиска иднина. 

Овие инженери треба да имаат подлабоко разбирање за тоа како работатат LLM моделите. 

Тренер за вештачка интелигенција (AI Trainer) 

Појавата на улогата на AI тренер се усогласува со зголемената употреба на генеративните системи за вештачка интелигенција во различни сектори, особено во областа на услуги на клиентите. AI тренерот игра важна улога во помагањето на платформата за вештачка интелигенција, олеснувајќи го нејзиното разбирање за деловните детали и подобрувајќи ги одговорите за интеракција повеќе слична на човекот. 

Спротивно на замена на човечката интеракција, примарна цел на оваа професија е да се зголеми способноста на вештачката интелигенција за ефективно да се вклучи во општествата. Оваа улога обично не повлекува директна интеракција со клиентите, туку се концентрира на поддршка на системот за вештачка интелигенција. 

Потенцијалните домени каде AI тренерот може да придонесе вклучуваат услуги за клиенти, развој на вештачка интелигенција и тимови за обезбедување квалитет. 

Етичар за вештачка интелигенција (AI Ethicist / Ethics Expert) 

AI eтичарот игра важна улога во гарантирањето на безбедна и етичка примена на вештачката интелигенција. Фокусот е на минимизирање на пристрасноста и подобрување на правичноста во алгоритамските системи, што е сè повеќе императив со широкото усвојување на технологијата. 

Одговорности на AI етичарот се надгледување на одговорното и етичкото користење на генеративната вештачка интелигенција. 

Ревизор за вештачка интелигенција (AI Auditor) 

Како што се зголемуваат AI апликациите, императивот за точност и правичност исто така се зголемува. Улогата на AI ревизорот е да гарантира дека резултатите од вештачката интелигенција не само што се интригантни и корисни, туку се и точни. 

Одговорностите на AI ревизорот опфаќаат идентификување и ублажување на предрасудите во системите за вештачка интелигенција, должност што постепено се развива со законски регулативи.  

Преку соработката со науката за податоци, правната усогласеност и тимовите за развој на вештачка интелигенција, целта е ревизорите за вештачка интелигенција да обезбедат одржување и применување на најстрогите етички стандарди. 

Менаџери на машини (Machine Managers)

Вештачката интелигенција е многу повеќе од големите јазични модели. Покрај луѓето, и машините ќе треба да ја променат својата работа, односно ќе треба да ”научат” да примаат генерирани AI инструкции. Менаџерите на машини ќе треба да го надгледуваат хардверот и системите управувани од вештачката интелигенција. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments