Инвестиција од 10,7 милиони долари во DeepJudge стартап основан од Паулина Грнарова

Стартапот DeepJudge, чиј основач е Паулина Грнарова, успешно затвори „seed“ инвестициска рунда вредна 10,7 милиони. Предводник на оваа инвестиција во DeepJudge е американскиот инвестициски фонд Coatue. Во рундата учествуваат и ангели-инвеститори како Гокул Рајарам (Gokul Rajaram) и Микеле Катаста (Michele Catasta).

DeepJudge ќе ја искористи оваа инвестиција за стратешко проширување на тимот со фокус на пазарот во САД и на дополнителен развој и подобрување на технологијата.

„DeepJudge е уникатно позициониран да го трансформира правниот сектор и расте брзо! Имаме врвен AI тим, кој доаѓа од еден од најсилните истражувачки институции за вештачка интелигенција и сега сме поддржани од еден од најпознатите VC фондови базирани во САД кои имаат импресивно портфолио, конкретно во полето на AI. Оваа комбинација и дополнителната инвестиција ќе ја искористиме за да го зголемиме тимот на бизнис страната со цел да се поддржи сѐ поголемата побарувачка и проширувањето во САД. Како deeptech компанија, секогаш ќе продолжиме да иновираме и на страната на производот. Затоа, вработуваме во сите сектори!“, вели Паулина Грнарова за ИТ.МК.

Слика DeepJudge

DeepJudge е швајцарски стартап кој Паулина Грнарова го основа заедно со Кевин Рот и Јаник Килхер. Стартапот работи на технологија која со помош на вештачка интелигенција овозможува обработка на правни документи. Технологија е една од ретките кои овозможуваат пребарување низ сите документи во правни фирми и адвокатски канцеларии, вклучувајќи ги сите системи за управување со документација, Microsoft365 и други алатки. Вештачката интелигенција им овозможува на компаниите да го искористат севкупниот релевантен материјал кој го имаат кога работат на некој случај. Благодарение на ова, адвокатите не мораат секој нов случај да го почнуваат од „нула“, туку можат да го искористат целото насобрано знаење. Ова се однесува на слични случаи, но и на експерти кои се најсоодветни за некоја проблематика. Вештачката интелигенција значително ќе им ја олесни работата на адвокатите. Наместо како досега, да користат ист почетен одбран сет на документи за слични случаи, ќе може да користат специјализирана документација која ќе биде уникатна за секој клиент и за секоја материја. Во некоја смисла технологијата на DeepJudge е како Google за правни прашања.

Coatue e еден од најпознатите инвестициски фондови основан во 1999 година од Филип Лафонт. Инвестицијата доаѓа откако фондот го препозна потенцијалот на DeepJudge, но и постоечиот производ кој компаниите веќе може да го користат.

DeepJudge е еден од првите производи со мисија да им овозможи на правните тимови да ги искористат нивните интерни податоци за да донесат стратешки одлуки. Од технолошка гледна точка, импресионирани сме од пристапот на DeepJudge за решавање на пронаоѓањето на податоци, за кој веруваме дека е од клучно значење за да се постигнат висококвалитетни генеративни резултати.“, вели Карин Марони од Coatue.

Повеќе за DeepJudge AI може да дознаете од интервјуто со Паулина Грнарова.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk