За да закажете, или да проверите дали документите се готови, има и таква опција, ќе треба да кликнете на полето „Контакт-центер“.
Од тука ќе може да си одберете закажување на услуга, преглед на резервации и проверка дали се готови личните документи. При закажување на услугата се пополнуваат полињата и се чека повратен имејл со закажан термин.
Што се однесува до новиот сајт на МВР, дефинитивно е подобар од претходниот, пред се бидејќи содржи куп информации на почетна страна. Новина е мапата со чие кликање на реон се отвара соодветниот контакт телефон од полициските станици во тој сектор.
МВР сега на својот сајт има објавено и статистика за криминалoт во Mакедонија во последните 10 години. Неверојатно е да се види дека од 2001-ва, кога имало 17.139 кривични дела, има постојан раст во криминалот. Во 2010-та има 28.380 кривични дела. Решавањето на истите иако е во раст сепак е многу помало. Во 2001-ва 60% од случаевите биле разрешени, додека во 2010-та само 51-отсто, односно 14.5 илјади криминални дела се разрешени.

Коментари
9 коментари
Коментарите се затворени.