Стартап на месецот: HeyReach и патот кон $2.4 милиони ARR како најмоќната LinkedIn automation алатка

Што е HeyReach?

HeyReach е алатка која овозможува управување со повеќе LinkedIn профили преку мулти-акаунт принцип, специјално дизајнирана за потребите на агенции кои бараат големо скалирање и ефективно управување со повеќе кампањи.

Со првичната инвестиција од половина милион долари, Howitzer во 2021-та започна како студентска иницијатива. Три години откако пивотираше во HeyReach, македонскиот стартап се профилира како еден од ретките играчи на пазарот со свој уникатен производ и кој денес генерира годишна заработка од $2.4 милиони.

Додека постоечките алатки често не ги задоволуваат специфичните потреби на агенциите, кои бараат големо скалирање и ефективно управување со повеќе кампањи, HeyReach го решава ова преку мулти-акаунт принцип, што овозможува конектирање и координирање на повеќе LinkedIn профили за истовремено управување со неограничен број кампањи. 

Денес, целта на HeyReach e повеќе од јасна – до крајот на 2025 година да стане најмоќниот и најекстензивниот LinkedIn automation software на пазарот, и прва мисла на било кој тим за продажба кога станува збор за LinkedIn како outbound channel.

Никола Велковски, еден од ко-основачите на компанијата и нејзин извршен директор, открива дека само минатата година HeyReach бил на работ на банкрот, но успеал да се извлече преку менување на фокусот и пристапот. 

„Кога ќе ми текне дека лани јули месец бевме на само 2 месеци од банкрот, а денес имаме компанија која генерира $2.4M ARR, и расте со 30% месечно, нештата изгледаат сосема различно. Можам да кажам дека една од најбитните работи е наоѓање на product-market fit. Product-market fit (ПМФ), според мене, е состојбата во која ги имаш центрирано ICP-то (корисникот), feature-set-от (продуктот) и дистрибуцијата,“ вели Никола.

Дополнително, како што вели тој, пред една компанија да има ПМФ „едноставно ништо не работи, а откако ќе го постигнеш – што и да направиш, се “фаќа”“.

„Најбитната лекција која ја имам научено е – фокус на профитабилност и наоѓање на ПМФ, најбрзо што можеш. Е сега, и тука има цака. Стигнување до тој ПМФ, значи дека треба многу брзо да се движиш, многу брзо да егзекутираш, и многу брзо да учиш, on the go. Тој sense of urgency, и целосната посветеност да разбереш точно кој проблем за која група на луѓе го решаваш, се клучни за стигање до ПМФ,“ објаснува Никола. 

Прашан дали би менувал нешто од досегашното патување на Howitzer и HeyReach, Никола вели дека не би променил ништо, бидејќи сите делови од сложувалката досега имале свој посебен придонес.

„Се’ беше сосема ново, и имам чувство дека требаше се’ да се случи на тој начин на кој што се случи. Дали од аспект на лекција, дали од аспект на искуство – се’ си имаше свој импакт. Но, во целото патување, направивме и многу грешки. Доколку би почнувал отпочеток – дефинитивно би се фокусирал на квалитет на продуктот и предвидување на скалирањето многу порано – во превод, би работел претежно со сениори на страната на девелопмент уште од самиот почеток,“ додава Никола. 

Тој пат ги донесе и до годишна заработка од преку два милиони долари. Како до едно вакво достигнување? Според него, сето ова се должи на “упорност, брзо учење од грешки, итерација, повеќе егзекуција на стратегиите а помалку планирање, и најбитно од се’ – чувство за итност.“ 

„„He who’s not busy being born, is busy duying” – Bob Dylan. Генерално имам приметено дека founder-ите генерално сакаат да ја одложуваат егзекуцијата на стратегиите, и заглавуваат долго време во планирање. Ова е доста интересен психолошки ефект, бидејќи кога нештото го немаш се’ уште почнато да го правиш, а го мислиш и планираш константно, си добиваш мини dopamine hits, и имаш некој тип на “Schrodinger effect” кај што уште не знаеш дали работи или не работи стратегијата, но сепак се осеќаш дека правиш нешто “продуктивно” и имаш константно нешто на кое си looking forward,“ потенцира Никола.

Како млад претприемач, едно од главните работи кои ги има осознаено е дека македонските претприемачи често запаѓаат во таканаречената “комфор зона“ од која потоа тешко излегуваат. 

„Кај македонските стартапи имам приметено дека генерално фали чувство на urgency (итност), и се дејствува како да светот е застанат и чека на the next big thing кое мислиме дека го развиваме. Исто така, споредено со другиве стартап екосистеми – we are dreaming too small,“ додава тој.

Уникатниот агол за HeyReach е тоа што како компанија, ги има увидено и двата сегмента од финансирањето – и bootstrapping и покревање на капитал. HeyReach e целосно bootstrapped, и немаме добиено надворешен капитал за истиот, додека пак Howitzer е поддржан од страна на фондови за ризичен капитал. 

HeyReach најверојатно ќе остане целосно bootstrapped продукт, и нема да raise-аме капитал, но искрено да не беше инвестицијата во Howitzer, да не се случење пивотирањето, и да не ги направевме сите грешки – немаше да постои HeyReach. Во нашиот случај, иницијалната инвестиција и довербата од инвеститорите кои ги имавме се екстремно битен сегмент од целото патување,“ раскажува Никола. 

Како што вели тој, и двете страни си имаат свои PROs и CONs. „Во нашиот случај – да не земевме инвестиција, немаше шанси да успееме да направиме компанија на 22 години, и да ги направиме сите грешки што постојат, и да научиме од нив. За голема среќа, имаме инвеститори кои веруваа во нас од самиот старт, и никогаш се немаат замешано во одлуките на тоа како ја водиме компанијата. Според мене – ова е најдобар тип на инвестор, бидејќи се’ што добиваш е совет, поддршка, отварање врати и leverage на конекции и нетворк,“ вели тој.


Уште еден совет од Никола за стартапите кои пак се надеваат на добивање на инвестиции – доколку очекуваш дека инвеститорите ќе те “изведат на прав пат”, ќе го завршат потешкиот дел од работата за тебе, или ќе ти ја кажат правата одлука во дадена ситуација – мислам дека ќе бидеш во голема грешка. 

„Генерално, инвеститорите го немаат практичното (domain knowledge) знаење кое тебе ти е потребно, и најдобрата поддршка која можеш да ја добиеш е финансии, доверба во тебе како личност, немешање во бизнис одлуките, и конекции,“ потенцира Никола. 

Никола неодамна помина и неколку месеци во Сан Франциско, град кој го опишува како “најголемиот стартап акцелератор“.

„Дневно има по 7-8 стартап евенти, сите луѓе се целосно отворени за совет, помош, поддршка, идеите и концептите за кои се зборува се светлосни години понапред од било што што имам видено во Европа – буквално идеално за tech стартапи,“ раскажува тој.

Лично, вели дека Сан Франциско целосно го променил – и како личност, и како претприемач. 

„Чувството е како во тие 2 месеца да созреав за 2-3 години. Кога ќе видиш што се’ е возможно, како луѓето размислуваат, колку високо може да сонуваат, ќе ти стане јасно зошто најголемите и најлудите работи произлегуваат од таму. Буквално се’ што е tech oriented во последните 50 години има произлезено од таа плоштина од 100km2,“ вели Никола, додавајќи дека тука советот за секој претприемач е “оди во Сан Франциско, и ако треба само биди таму, меѓу тие луѓе, посетувај ги тие евенти, и биди целосно љубопитен и open-minded за сите нешта. 

HeyReach минатиот месец ја освои и наградата “Стартап на година“, и за Никола оваа награда е и сведоштво за промените кои тој самиот ги претрпел заедно со компанијата. 

Ако пред 2-3 години бев доста понепромислен all-in guerilla тип на founder, денес согледувам дека некои од ситуациите ги играм малку попаметно. Или што би рекол Илија – ако пред 2-3 години сме играле “Не лути се човече”, сега играме шах. Дополнителен сегмент на промените е притисокот на брзиот раст. Кога имаш компанија во hyper-growth state, едноставно си принуден брзо да растеш и да еволуираш во многу сегменти за кои и воопшто не си спремен. Во спротивно, компанијата ќе те надрасне, и ќе станеш obsolete,“ потенцира Никола.

Минувањето низ многу фази и концепти го научиле дека мора брзо да учи и да се приспособува. 

„Од фокус на дизајн на како ќе изгледа вебсајтот пред неколку месеци, да преминам на решавање на даночни структури и IP capitalization (што пред 5-6 месеци не ни знаев што значи). Пример – почетокот на летото имавме тим од 16 луѓе, моментално сме 27 луѓе. Со неколку од луѓето кои работат кај нас воопшто се немам ни запознаеном,“ вели тој, додавајќи дека еден од примерите е тоа што предизвиците и проблемите кои ги решава моментално се тотално различни од оние пред неколку месеци, а не па пред неколку години. 

Ниту јас, а ниту Стефан (вториот ко-основач), сме немале менаџерско (па дури и работно) искуство пред да ја отвориме компанијата, така да – константно сме свесни за нашите слабости, и пробуваме да ги адресираме. Можам да кажам дека брзиот раст, процесите и структурата на организацијата се најголемите предизвици со кои се соочуваме моментално,“ порачува Никола.

Негов совет за млади и амбициозни основачи од Македонија? Да го погледнат следното видео.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments