За 60 дена Qualcomm ќе остане без лиценцата од Arm

во Хардвер

Arm Holdings ја повлекува лиценцата која му овозможуваше на Qualcomm да ја користи нивната интелектуална сопственост за дизајн на чипови. Со ова, заладувањето на односите помеѓу двата поранешни партнери е на најлошо ниво досега. Како последица на оваа одлука паднаа акциите на двете компании на берза. Акциите на Arm паднаа за 2 отсто, а акциите на Qualcomm паднаа за 5 отсто, пренесе Reuters.

Qualcomm има 60 дена пред лиценцата и официјално да истече. Оваа лиценца му овозможува на производителот да произведува чипови врз база на стандардите кои се во сопственост на Arm.

Спорот е закана за пазарот на паметни телефони. По последните неколку процесори за Windows лаптопи со вештачка интелигенција кој ги претстави Qualcomm, спорот веројатно ќе има влијание и на пазарот за Windows уреди.

Причина за спорот

Спорот помеѓу двете компании започна во 2022 година. Британскиот дизајнер на чипови Arm пред две години процени дека е оштетен, откако во 2021 година Qualcomm ја купил Nuvia. Nuvia имала лиценца за чиповите од Arm, а по купувањето Qualcomm не ja обновил оваа лиценца, ниту поднел барање за промена на договорот со Arm.

Arm вели дека чиповите кои Qualcomm ги користи во Windows лаптоп компјутерите се наследници на Nuvia чипот. Бидејќи Nuvia не добила дозвола за трансфер на лиценците, Arm вели дека компанијата го прекршила договорот кој го имале. Поради ова овие лиценци престанале да важат.

Сега Arm бара од Qualcomm да ги уништи дизајните кои Nuvia ги креирала пред да ги купи Qualcomm.

„Веќе сме навикнати на ова од Arm – нови неосновани закани дизајнирани да го принудат долгогодишниот партнер, да го спречат излегувањето на нашите водечки процесори, и да ги зголемат стапките на авторски права без оглед на широките права според нашиот договор за лиценца за архитектура.“, вели претставникот на Qualcomm за Financial Times.

Како и многу други производители во индустријата за чипови, Qualcomm користи комплет инструкции од Arm, компанија која создаде голем дел од основната технологија за мобилна електроника. Без овие инструкции чиповите не може да користат ниту основен софтвер. Повлекувањето на лиценцата би значело дека Qualcomm нема да може да ги користи овие инструкции во своите дизајни. Тие ќе може да ги лиценцираат плановите на Arm според посебен договор за производи, но ова ќе предизвика значително одложување, и работата што е веќе завршена ќе биде залудна.

Проблем „тежок“ 39 милијарди долари

Проблемот е сериозен и би можел да го чини Qualcomm добар дел од приходите. Qualcomm продава стотици милиони процесори годишно. Најголем дел од процесорите се за Android паметни телефони. Благодарение на оваа продажба, компанијата има приходи во вредност од 39 милијарди долари, а голем дел доаѓаат од продажбата на чипови кои излегуваат со Arm лиценците. Несогласувањето би можело двете компании да ги чини милијарди долари.

Најавата за повлекување на лиценцата не може да дојде во полошо време за Qualcomm. Американската компанија оваа недела одржува конференција на Хаваи. Компанијата го претстави својот нов чип за паметни телефони Snapdragon 8 Elite. Qualcomm ги објави и своите планови дел од дизајните на Nuvia да ги префрли и на Snapdragon чиповите за паметни телефони.

Ако двете компании не успеат да се договорат, судскиот спор ќе започне на 16 декември. Надлежен за спорот е судот во Делавер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk