Скарлет Јохансон е последна жртва на напредокот на вештачката интелигенција

Сем Алтман од OpenAI барем два пати побарал дозвола од Скарлет Јохансон вештачката интелигенција GPT-4o да го користи нејзиниот глас. Популарната актерка го „позајми“ гласот на вештачката интелигенција Саманта во филмот „Her“. Ова е омилениот филм на Алтман. Јохансон била контактирана во септември 2023 година, кога Алтман и понудил на да биде гласот на ChatGPT.

„Минатиот септември, добив понуда од Сем Алтман, кој сакаше да ме ангажира да бидам глас на актуелниот ChatGPT 4.0 систем. Ми кажа дека мојот глас ќе може да го премости јазот помеѓу техничките компании и креативците, и да им помогне на корисниците да се чувствуваат покомотно со големото поместување помеѓу луѓето и вештачката интелигенција“.

Актерката ја одбила оваа понуда. Неколку дена пред да биде објавено демото на ChatGPT 4.0, Сем Алтман го контактирал агентот на Скарлет Јохансон. Директорот на OpenAI се надевал дека актерката се премислила. Уште пред да го даде својот одговор, започнале да пристигнуваат повици од пријатели и семејството. Тие и кажале дека гласот на Sky е копија на нејзиниот.  Јохансон ангажирала адвокат и поднела барања до OpenAI и Сем Алтман. Во нив побарала детално објаснување на процесот со кој е креиран гласот „Sky“.

Компанијата кратко по ова го отстранила гласот „Sky“. Скарлет Јохансон, барем во моментов нема отворена тужба, туку бара објаснување.

Одговорот на Сем Алтман е дека иако „Her“ e неговиот омилен филм, гласот на актерката не е користен за ChatGPT. Наместо ова, компанијата ангажирала друга актерка.

 „Гласот на Sky не е имитација на Скарлет Јохансон, туку припаѓа на друга професионална актерка која го користи својот глас. За да ја заштитиме нивната приватност, не можеме да ги споделиме имињата на нашите гласовни таленти.“, објави OpenAI.

Гласот на Скарлет Јохансон е само дел од отворените прашања

Дел од објавите од оваа и од минатата недела поврзани со вештачката интелигенција ќе имаат значително влијание на повеќе сектори. OpenAI е дел од ова, но секако тука се и Google, Microsoft, Meta и куп други компании кои додаваат вештачка интелигенција на сѐ што може да замислат.

Минатата недела започна да функционира можеби и најголемата промена во пребарувањето на Google. Досега, корисниците пребаруваа на Google и отвораа линкови од страници кои ги имаа одговорите. Со додавањето на Search Generative Experience и вештачката интелигенција, дел од пребарувањата ќе добиваат одговор и ќе завршуваат директно во пребарувачот. Со оглед на тоа дека Google е најголем извор на сообраќај на интернет, не е изненадување што најголем дел од издавачите се загрижени за својата иднина. Секако ова е проблем и за вештачката интелигенција. Ако креаторите на содржина наеднаш немаат причина за објавување на новости, од каде ќе доаѓаат новите податоци.

Додавањето на вештачка интелигенција во најголем дел ќе биде корисно за луѓето кои пребаруваат, но истовремено сосем разбирлив е и гневот и стравот на луѓето кои ја креираат содржината. Ова и не е единствениот проблем. Во последно време Google во пребарувањето покажува „сопствена“ содржина која ја собира од секаде, без дозвола од креаторите.

Алгоритамот на Google сега прикажува повеќе различни резултати пред „обичните“ веб-страници, резултати кои ретко прикажуваат независни сајтови. Кога ќе ги споменам веројатно веќе сте ги виделе овие промени:

Најпрво Google во целост сака да ја уништи потребата корисниците да го напуштат пребарувањето и прикажува „From Sources“ секција во пребарувањето. Ова се одговори кои се преземени без дозвола од издавачот на содржината и се украдени од креаторот, за Google да може да прикаже свој одговор наместо него. Oва ја намалува веројатноста читателите да ги истражат веб-сајтовите… Веб-сајтовите кои плаќаат за создавање на истата онаа содржина која Google ја прикажува. Ова е обична кражба на интелектуална сопственост, вели Брендон Салталамакија од RetroDODO.

Додавањето на резултатите од вештачката интелигенција во пребарувањето е ново и барем засега е рано да се зборува за конечните резултати. Google смета дека корисниците сакаат автентична содржина и оние страници кои го нудат ова нема да пропаднат. Една утеха која им ја понудија на издавачите е дека корисниците ќе ги отворат линковите од SGE резултатите. Барем засега нема најава колку често ова се случува, ниту дали ќе има транспарентен начин за издавачите да дознаат колкав дел од посетите се од овие линкови. Издавачите се во сосем друга насока, со прогнози дека Search Generative Experience ќе го намали сообраќајот од 20 до 60 отсто.

Издавачите не се единствените кои имаат проблем, Google не е во многу подобра ситуација. Ако до сега за да најдете било каков производ требаше да одите на Google, сега само треба да го прашате ChatGPT. Новата верзија ќе ви објасни кој клима уред е најдобар за вас (ова секако зависи од барањето) каде да го најдете, па дури и ќе сподели линкови до продавниците. За разлика од Google, ChatGPT може и со глас (не на Скарлет Јохансон, на другата актерка) да ви раскаже за најдобриот фрижидер или книга.

Тужби за OpenAI, но и за останатите

Дел од издавачите не се воопшто задоволни ниту од начинот на кој креаторите на вештачка интелигенција ја искористија нивната работа за тренинг. Во јули 2023 година Сара Силверман, Кристофер Голден и Ричард Кадреј го обвинија OpenAI за нарушување на интелектуална сопственост. Во заедничка тужба обвинија дека OpenAI без дозвола ги користел нивните книги за тренинг на вештачката интелигенција. Во февруари делови од тужбата беа отфрлени, но главниот дел од тужбата, дека OpenAI директно ги нарушил авторските права останува.

На почетокот на годината New York Times поднесе тужба против OpenAI и Microsoft. Издавачот ги обвини за неовластено користење на текстови за тренирање на својата вештачка интелигенција. Ова се две од десетици тужби кои се насочени кон LLM компании. Дел од нив се OpenAI и Alphabet, но и Microsoft, Stability AI, Meta, и куп други.

Засега Скарлет Јохансон не го тужи OpenAI, иако одбраната: „Не е гласот на Скарлет Јохансон, друга глумица е, ама не може да ви кажеме која.“ звучи на „покана“ за тужба. Во иднина поголема транспарентност ќе биде неопходна.

„Во време во кое сите се бориме со deepfakes и заштита на нашиот изглед, нашата работа, нашиот идентитет, верувам дека ова се прашања кои заслужуваат апсолутна јасност. Едвај чекам разрешување во форма на транспарентност и усвојување на соодветна легислатива што ќе помогне да се обезбедиме дека индивидуалните права се заштитени“, вели Јохансон во изјавата која ја испрати до NPR.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk