IT.mk работи согласно долунаведените етички принципи. На сите уредници, автори и соработници на IT.mk им е посочена оваа етичка изјава и сите се советувани да се придржуваат до истата.

1. IT.mk препродава електронски уреди

IT.mk преку својата партнерска мрежа на компании препродава различни видови на хардвер и електронски уреди. Производите кои ги продаваме се пласираат преку сервисот IT.mk Маркет – https://it.mk/market и можат да бидат присутни како понуда на насловната или на било која друга страна на сајтот. Производите се јазно означени со копче „НАРАЧАЈ“, „КУПИ“ или „ОДБЕРИ“.  Изборот на парчиња хардвер се врши врз основа на избор од страна на редакцијата, препорака од партнерската мрежа, како и достапноста, заинтересираноста и цената на производите. За електронските уреди продадени преку IT.mk маркет јасно е назначено кој ја врши дистрибуцијата и кој е надлежен за издавање и менаџирање на гаранцијата (во најголем дел случаи тоа се нашите партнери кои може да бидат дистрибутери, продавачи или производители на уредите). Доколку IT.mk има соработка со некој од производителите, дистрибутерите или продавачите на ИТ опрема истата соработка ќе биде јасно означена на сајтот. Исклучок се спонзорираните ПР објави на IT.mk во кои огласувачот си го дефинира тонот, понудата и начинот на дистрибуција и гаранција – секој текст означен како ПР текст со назнака „спонзорирано“ треба да се третира како обична реклама.

2. Маркетинг

Бизнис моделот на IT.mk е да заработува од рекламен простор на својот сајт и своите сервиси како ИТ Кариера, преку премиум членство, препродажба на уреди и производи (како на пр. маици) и слично. IT.mk не продава рекламни банери по импресии со цел да се фокусира на квалитет наместо на квантитет (продажба на рекламни банери бара привлекување на поголем број посети кои генерираат импресии, а со тоа најчесто трпи квалитетот).  Овој бизнис модел не значи дека IT.mk редакцијата ќе го компромитира својот став или обврска спрема своите читатели. IT.mk веќе 15 години професионално информира, го поддржува и промовира македонскиот ИТ потенцијал и ги почитува етичките принципи на онлајн новинарството и етичкото работење на една компанија.

Секој објавен ПР текст на сајтот е означен со назнака „Спонзорирано од …” и содржи информација од кого е закупен тој ПР текст на крајот од спонзорираниот текст. Сите текстови кои не се означени како спонзорирани, се авторски текстови на редакцијата на IT.mk или на соработниците на IT.mk кои ги претставуваат нивните гледишта и искуства и за истите никогаш не се зема било каков дополнителен надомест, хонорар, пласман или дистрибуција на истите од страна на компаниите кои би биле споменати во текстот. Рецензиите објавени на сајтот, доколку се направени во соработка со некоја компанија, истата информација ќе биде соодветно истакната во самиот текст или на крајот од текстот. Дел од објавените рецензии се на производи кои се купени од авторот или IT.mk. Сите објавени реклами на IT.mk треба да соодвестуваат со сите закони и регулативи, и IT.mk го задржува правото да забрани рекламирање на политички, порнографски или содржини за кои ќе има сомнеж дека се нелегални или неетички.

3. Конфликт на интереси

Доколку во информацијата која што се споделува, се зборува за компанија со која IT.mk има соработка или пак компанијата издавач на IT.mk, IWM Network, има директна соработка или партнерство, истото ќе биде означено на крајот од текстот (пример). IT.mk ги советува сите свои соработници истите соработки или партнерства или пак роднински или пријателски врски да ги објаснат во самиот текст или на крајот на текстот.

4. Став на авторите и професионалните стандарди

IT.mk ќе се придружува до професионалните стандарди на новинарството. Но, каде има простор IT.mk ќе им дозволи на своите автори да го споделат своето лично гледиште, искуство или размислување во соодветна форма (пример, осврт на настан, рецензија, критичка колумна и др). Истото правило важи и за гостинските постови. IT.mk често соработува со надворешни соработници кои објавуваат своја содржина. Тие текстови се означени како гостински текстови, и се предмет на уредување пред да бидат објавени. Ставовите во текстовите или информациите објавени како вести не треба да се сметаат како официјални ставови на IT.mk или IWM Network.

5. Етичките принципи можат да се променат

IT.mk има слобода да ги промени своите етички принципи зависно од професионалните стандарди. За повеќе детали околу принципите слободно може да ни пишете на contakt(at)it.com.mk. Условите за користење може да ги прочитате тука, како и Политиката за приватност.