Анкетата ја спроведовме летово, во периодот од 15-ти јуни до 11-ти јули. Повеќе од 2.000 локални ИТ професионалци (поточно 2.237, односно 2.047 валидни) ни се потпишаа во ИТ прашалникот, а дури 1.000 во првите 24 часа! Во меѓувреме, многу работевме на анализирање и презентирање на резултатите заедно со нашите партнери во обработка на податоци, Data Masters. Методологија
Ова истражување е базирано на анкета во која учество земаа вкупно 2.237 испитаници - ИТ професионалци од земјата. Сите одговори се анонимни и дозволен беше внес на податоци само еднаш. За потребите на анкетата 2.047 одговори беа квалификувани како валидни (1.785 Програмирање / DEV / Систем администрација + 138 Маркетинг + 124 Дизајн + 190 невалидни).
Повиците за анкетата беа на повеќе канали: преку текстови на IT.mk, преку повик на ИТ форумот, преку органски и платени пласмани на друштвените мрежи Facebook, Instagram, LinkedIn и Twitter на официјалните канали на IT.mk како и споделување на релевантни групи (пр. Сојузен комитет на програмери, Women in Tech И сл), преку соопштенија за јавност испратени и објавени во повеќе онлајн медиуми, преку директни е-маил покани за учество до скоро сите релевантни ИТ компании во Македонија, преку директни е-маил покани до членки на здруженија како МАСИТ, АЕТМ, AMCHAM, IAB и сл.
За пријавување на грешка, ве молиме испратете е-маил на [email protected].
Сакате да ги добиете податоците во RAW формат за да може да правите ваши дополнителни анализи и да дојдете до свои заклучоци? Со купување на комерцијална лиценца ќе ги добиете податоците во RAW формат како и право да ги користите за промотивни и комерцијални цели без ограничување.
Податоците може да ги преземете и во некој од нашите Employer Branding пакети.
Податоците од истражувањето се достапни бесплатно за едукативни цели и потреби. Со цел спречување на злоупотреби, податоците ќе ги доставуваме на лица со валидни .EDU (секако дека и .EDU.mk и др.) имејл адреси или по дополнителна верификација.