Податоци на 2 милиони сопственици на Toyota биле јавно достапни 10 години

Автомобилите на Toyota важат за дел од најбезбедните и најдоверливи возила на автомобилскиот пазар, но една човечка грешка и новата реалност дека возилата, како и фактот дека денеска сè е дигитална машина поврзана со интернет, ја промени оваа сликa. Податоци од над 2 милиони корисници на T-Connect системот на Toyota во Јапонија, последните десетина години биле јавно достапни онлајн. Причина за пропустот е човечка грешка, а податоците биле достапни цели 10 години – од крајот на 2013-та година, до април оваа година.

Toyota која е најголем производител на возила немалa поставен механизам за детекција кој ќе го забележи пристапот. Дополнително немало ниту механизам со кој може да се забележат активности околу податоците, или до кои податоци е пристапено, односно основен систем на логирање. Дел од податоците кои биле изложени се детали за возилата, историјат на локации, броеви за идентификација на возилата и видео содржина снимена од рекордерот за возење на возилото (drive recorder).

Toyota е еден од најголемите производители на автомобили во светот. Годишно произведуваат околу 10 милиони возила. Компанијата е основана на 28 август 1937 година од Кичиро Тојода.

Toyota има 370 000 вработени. Во 2022-ра година компанијата имаше приходи од околу 267 милијарди долари.

Последните десетина години Toyota развива и електрични возила, возила со водородни горивни ќелии и автономни возила.

Причина за пропустот е погрешно нагодување на опците. Базата на податоци во кои се чувале податоците наместо приватна била јавна. За среќа подетални лични податоци на сопствениците на овие возила не се чувани во оваа база, па дури напаѓачот и да се здобил со пристап, не можел да дојде до податоци за клиентите.

Жртви на пропустот се околу 2,15 милиони корисници на G-Link, G-Book и Connected од Јапонија. Производителот вели дека зафатени се единствено корисници од оваа држава. Овие сервиси кои сега доаѓаат под T-Connect овозможуваат следење на безбедноста на возилата, AI-гласовна навигација и 24-часовен пристап до оператор. Покрај возилата на Toyota компанијата го користела облак сервисот и за Lexus. Бројката од 2,15 милиони се речиси сите клиенти кои го користат сервисот, пренесе Reuters.

Пропустот веќе е затворен. Производителот најави дека во иднина ќе користи нов систем за ревизија и континуирано следење на поставките. Дополнително за да не се повтори сличен случај Toyota ќе работи и на едукација на вработените за начинот на кои се ракува со податоците на клиентите.

Засега нема информација за злоупотреба на овие податоци.

Автомобили со интернет?

Ако во минатото немало никаква потреба автомобилите да имаат пристап до интернет денес ова секако не е случај. Потребата од интернет пристап е врзана со повеќе различни функционалности. Покрај забавата како музика или филмови, поврзаноста на интернет има и функционалности кои носат поголеми предности. Еве неколку:

Возилата кои се поврзани на интернет имаат директен пристап до податоците за сообраќајот и состојбата на патиштата. Ова може да помогне да се избегне гужва, и возачите да ја пронајдат најблиската рута до своето одредиште. Дополнително во случај на опасност на патот ова може да помогне и за поголема  безбедност на учесниците во сообраќајот.

Image courtesy of Mike MacKenzi / VpnSrus / CC BY 2.0

Благодарение на GPS и информациите за состојбата на патот, возачите можат да користат „turn-by-turn“ навигација да пристигнат на посакуваната локација. Ова овозможува полесно патување дури и кога возачот не го знае патот и локацијата на која треба да вози.

Возилата кои се поврзани на интернет можат да праќаат податоци до службите за итна помош. Во случај на сообраќајна незгода, возилата автоматски би можеле да испратат податоци за несреќата и локацијата до службите за итна помош или помош на патот.

Друга придобивка од возила кои се поврзани е можноста за дијагностика на далечина. Производителот може да ја надгледува состојбата на возилото, и во случај кога е потребна интервенција да го контактира сопственикот. Секако кога ќе биде потребна надградба на софтверот тоа ќе може да се направи веднаш.

Во иднина, благодарение на автономните возила ќе има уште повеќе придобивки. Од можност автомобилот да се управува сам, а корисникот да се подготви за работа, до можноста да се научат некои нови вештини за време на возењето.

Игнорирањето на електричните возила донесе промени на врвот во Toyota

Иако е еден од најголемите производители на возила, Toyota долго време ги игнорираше електричните автомобили. По се изгледа компанијата сега смета дека повеќе не може да го игнорира овој дел од пазарот. Пред неколку месеци од раководната позиција на компанијата е заменет Акио Тојода, кој своето време на врвот го помина и во спротивставување и критика на електричните возила. Новиот директор Коџи Сато најавува нова пракса.

До 2026 година компанијата ќе претстави 10 нови модели на електрични возила. Ако се оди според планот Toyota се надева дека секоја година ќе продава 1,5 милиони електрични возила, што е 15 отсто од вкупното производство. Плановите се постепено до 2050-та година возилата на Toyota да постигнат јаглеродна неутралност. Првиот тест на ова е 2035 година кога емисијата на гасови треба да се намали на половина.

Колку доцни Toyota на „забавата“ веројатно најдобро покажува тоа што првиот електричен автомобил Toyota bZ4X го преставија минатата година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments