0 коментари 2 мин. читање 19 мај, 2023

Кратки ИТ вести: Електрични тротинети во Скопје, Мое Здравје и онлајн Уверение за државјанство

Градски паркинг Скопје ќе изнајмува 500 електрични тротинети, стационирани на 19 станици низ градот. Проектот е доделен на турската компанија BinBin која свое присуство има во Турција, Азербејџан, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Тротинетите може да се оставаат било каде, а екипи на BinBin на крајот од денот ќе ги собираат по претходно лоцирање со GPS. Најавената цена е девет денари по минута за изнајмување на електричен тротинет бидејќи намената им била за кратки стази. Според ова, ако сакате да го изнајмите тротинетот на 8 часа би платиле 4.320 денари (под претпоставки дека нема попусти за подолго користење). Чисто за споредба, слична е и цената за изнајмување на автомобил во Скопје (секако без гориво) за рок од 24 часа. Проектот ќе работи на тој начин што со преземање на мобилната апликација на BinBin (од iOS или Android), корисник ќе може да го скенира QR кодот на тротинетот и да го активира. извор

На други теми, Министерството за здравство на 12-ти мај објави нова верзија од апликацијата Мое Здравје преку која секој граѓанин може да ги прегледа своите здравствени податоци во националниот систем. Апликацијата е достапна на iOS и Android а најавата е преку порталот за е-Услуги. Апликацијата, исто како и платформата МојТермин, е изработена од компанијата Sorsix.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сега Уверение за државјанство може да се извади и онлајн преку порталот за е-Услуги. За како да го направите тоа, чекор по чекор инструкции има на нашиот сајт.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top