Што се случи со Yahoo?

Ако во периодот на dial-up интернет бевте едни од првите корисници на интернет во Македонија веројатно се сеќавате на сите онлајн авантури на Yahoo, страницата без која не можеше да се замисли почетокот на денот. На сајтот имаше вести, прогноза, пристап до мејл, берзански информации и што уште не..

Поранешниот гигант – Yahoo е една од првите компании чии основачи ги сфатија можностите и потенцијалот на Интернет. Тие се еден од првите интернет гиганти, и иако денес изгледа неверојатно, во еден период беа најголем пребарувач и пребарувач со најголем потенцијал. На врвот на популарноста вредноста на компанијата беше проценета на 125 милијарди американски долари. Иако беше купуван и продаван неколку пати, дури и збирот на сумите платени во сите купопродажби се само мал дел од оваа процена.

Image courtesy of Yun Huang Yong / Flickr / CC BY 2.0

Платформата постои и денес, но секако не успеа да го искористи потенцијалот кој го имаше во деведесеттите и кога беше на интернет тронот.

Неколку дати од историјата на компанијата…

Yahoo е веб сервис основан 1994 година од Џери Јанг и Дејвид Фило. Во периодот кога ја креира двајцата студираа на Стенфорд. Во овој период Yahoo наликуваше на букмарк листа во која беа подредени различни веб локации според пошироките области кои беа теми на сајтовите. Така имаше „фолдери“ за уметност, бизнис, компјутери, економија, наука… Во првата половина од 90-те немаше пребарувачи, па овие „архиви“ беа непроценливи за корисниците.

Благодарение на пребарувачите веќе нема потреба од овие „регистарски“ сервиси. Секако дел од заслугата им припаѓа и на Yahoo кои беа и едни од пионерите во развојот на пребарувачите.

Image by Josh Hallet / Flickr / CC BY-SA 2.0

Низ годините компанијата додаваше различни услуги, финансии, спорт, забава… Купи повеќе компании како Tumblr и Flickr. Денес иако не се на самиот врв сѐ уште се една од најпосетуваните дестинации.

  • 1994: Yahoo е основан од Џери Јанг и Дејвид Фило, студенти на Универзитетот Стенфорд, како начин да ги следат нивните омилени веб-страници.
  • 1995: Yahoo официјално е лансиран како веб-директориум, хиерархиски организирајќи го интернет на категории.
  • 1996: Yahoo воведе сопствен пребарувач и почна да се шири надвор од архивата на веб-локации.
  • 1998: Yahoo излезе на берза и стана една од највредните компании на интернет.
  • 2000: Yahoo купи голем број други компании, вклучувајќи ги Geocities и eGroups, и лансираше нови услуги како Yahoo Finance и Yahoo News.
  • 2005: Yahoo лансираше нова верзија на својот пребарувач, кој стана еден од најпопуларните пребарувачи на интернет.
  • 2008: Yahoo го лансираше Yahoo Mail Ymail, веб-базиран сервис за е-пошта.
  • 2011: Извршниот директор на Yahoo, Керол Барц, беше отпуштен и на негово место дојде Скот Томпсон.
  • 2012: Томпсон беше принуден да поднесе оставка откако беше откриено дека лажел на својата биографија.
  • 2013 година: Извршната директорка на Yahoo, Мариса Мајер, беше ангажирана со цел ја ревитализира компанијата.
  • 2016: Yahoo објави дека над 1 милијарда кориснички сметки биле компромитирани во сајбер напад од 2013.
  • 2017: Verizon Communications го купи интернет бизнисот на Yahoo за 4,5 милијарди долари.
  • 2019 година: Verizon и фирмата за приватен капитал Apollo Global Management ги купија преостанатите средства на Yahoo, вклучувајќи ги и нејзините инвестиции во Alibaba Group и Yahoo Japan, и ја ребрендираа компанијата во Yahoo Holdings Inc.
  • 2021: Apollo Global Management објави дека го завршиле купувањето на Yahoo. Компанијата го враќа името Yahoo!.

Промени на сопственоста

Од своето основање до денес Yahoo неколкупати ја менуваше сопственоста.

1. Yahoo Inc. (1994-2017): Yahoo е основан во 1994 година од Џери Јанг и Дејвид Фило. До 2017 година работеше како независна компанија.

2. Verizon Communications (2017-2019): Во 2017 година, Verizon Communications го купи интернет бизнисот на Yahoo, вклучувајќи го пребарувачот, е-поштата и други производи и услуги, за 4,5 милијарди долари.

3. Altaba Inc. (2017-2019): По купувањето од Verizon, преостанатите средства на Yahoo, вклучително и нејзините инвестиции во Alibaba Group и Yahoo Japan, беа разделени во посебна компанија наречена Altaba Inc.

4. Apollo Global Management и Verizon (2019 – 2021): Во 2019 година, Веризон и фирмата за приватен капитал Apollo Global Management ја купија Altaba Inc. и го ребрендираа Yahoo Holdings Inc. Во овој период Yahoo беше подружница на Verizon која беше управувана како дел од Verizon Media Group.

5. Во септември 2021 Apollo Global Management објави дека го завршиле купувањето на Yahoo. Yahoo го врати името и оттогаш повторно работи самостојно и не е дел од Verizon Media.

Каде е Yahoo денес?

Компанијата денес е дел од Apollo Global Management и работи самостојно. Како и претходно најпопуларни продукти на Yahoo се мејлот, финансиите и спортот. Покрај падот Yahoo од 2017 до денес е помеѓу трите најкористени пребарувачи надвор од Кина. Сепак ова делува подобро отколку што навистина и е. Во светот на пребарувачи владее Google. Од вкупниот број на пребарувања во ноември 92,21% од целиот свет отпаѓаат на Google. Втор е Bing со 3.42% од пазарот. Yahoo e на трето место со 1,23%, пренесе Statcounter.

https://www.oberlo.com/blog/top-search-engines-world

Пребарувачот денес е домаќин на 500 милиони пребарувања дневно, а платформата има 225 милиони активни корисници месечно.

Генерирањето на приходи е од два канали. Приходи од реклами и приходи од претплата. Yahoo прикажува реклами на различни веб-страници и платформи, вклучувајќи ги и пребарувачот, порталите за вести и електронската пошта. Компанијата тврди дека рекламите на нивните страници добиваат над 60 милијарди импресии месечно.

За корисниците кои не сакаат да гледаат реклами Yahoo има и претплатнички модел. Претплатите се 4 различни производи: Yahoo Finance Plus, Yahoo Mail Plus, Yahoo Protect Plus, и Yahoo Fantasy Plus.

Yahoo Finance Plus е проширување на Yahoo Finance. За претплата од 25 до 35 долари нуди дополнителна функционалност и алатки за корисниците. Во додатоците има подетални анализи, совети од експерти, но и ексклузивни содржини.

За љубителите на спортот и „фантази“ лигите, Yahoo ја нуди Fantasy Plus претплата. За 2,92 долари месечно корисникот ќе добие дополнителни алатки, аналитика и совети од експерти. Како и пристап до ексклузивна содржина и настани.

Yahoo Mail Plus е претплатнички пакет за корисниците на имејл сервисот на Yahoo. Во оваа претплата е вклучено отстранување на реклами од поштата, но и од Yahoo. Дополнително корисниците имаат пристап до куп други функционалности како постојан имејл без опасност да истече ако не се користи; привремени (disposable) имејл адреси; блокирање на домени и 5,000 GB простор за имејл.

Image courtesy of jf 1234 / Flickr / CC BY-SA 2.0

Yahoo Protect Plus е пакет во кој за 5 долари месечно по уред, се нуди поправка на паметните телефони на претплатниците. Корисникот има 4 поправки годишно од листа на сервиси. Со претплата од 15 долари се покриваат  телевизорите, лаптоп и таблет компјутерите и куп други уреди.

Проценката на заработката на Yahoo за секоја година не е едноставнo. Заработката варира од година во година и во периодот кога беа во Version заработката која беше објавена беше споделена за Verizon Media Group. Во последната година во која компанијата беше дел од Verizon компанијата објавила вкупна заработка од 7,1 милијарди долари, пренесе Axios.

Во 2021 Yahoo пријави заработка од 873,8 милиони евра.

Интересни факти за компанијата

  • Името „Yahoo“ е инспирирано од измислената раса Yahoos од романот „Патувањата на Гуливер“ на Џонатан Свифт. Џери и Дејвид за себе сметале дека се припадници на оваа нецивилизарана раса на пола-животни.
  • Пребарувачот на Yahoo првично беше наречен „Водичот на Џери и Дејвид за World Wide Web“.
https://www.position2.com/blog/jerry-davids-guide-world-wide-web-shuttered/
  • Yahoo е една од првите интернет компании кои понудија бесплатна е-пошта.
  • Извичникот во името на Yahoo! е додаден откако основачите дознале дека името е заштитено од повеќе компании. Ниту едно од овие имиња немало извичник што значело дека Yahoo! било достапно за заштита.
  • Седиштето на Yahoo се наоѓа во Санивејл, Калифорнија, во зграда позната како Yahoo Dome.
  • Во доцните 1990-ти, Yahoo беше една од најпопуларните веб-локации на интернет и одигра клучна улога во раните денови на бумот на dot-com.
  • Во 1998 Лери Пејџ и Сергеј Брин му го понудија Google на Yahoo за 1 милион долари. Yahoo ја одби оваа понуда.
  • Во 2002 година, Yahoo стана првата интернет компанија која надмина годишен приход од 1 милијарда долари.
  • Во 2002 година, Yahoo беше првата интернет компанија која лансираше мобилен веб-портал, што им го олесни на луѓето пристап до интернет преку нивните телефони.
  • Во 2004 година, Yahoo лансираше социјална мрежа наречена Yahoo 360, која беше прекината во 2009 година.
  • Во 2005 година, Yahoo ја купи веб-страницата за споделување фотографии Flickr, една од најпопуларните платформи за споделување фотографии на интернет.
  • Во 2005 година, Yahoo беше првата интернет компанија која понуди пребарувач што може да пребарува низ содржината на веб-страниците, покрај насловите и описите.
  • Во 2006 Yahoo понуди 1,1 милијарди долари за Facebook. Facebook оваа понуда ја прифати, но во последен момент, тогашниот директор на Yahoo, Тери Семел ја намали понудата на 800 милиони долари и зделката никогаш не се реализира.
  • Во 2008-а година Microsoft понуди 44,6 милијарди долари за Yahoo. Microsoft сакаше со прелистувачот, пребарувачот, и со Yahoo, да креира конкуренција за Google. Yahoo веднаш ја одби и оваа понуда.
  • Во 2009 година, Yahoo влезе во партнерство со Мајкрософт за да ги подобри резултатите од пребарувањето. Од оваа година Yahoo го користи Bing.
  • Во 2009 година, Yahoo лансираше веб-страница за вести наречена Yahoo News, која е една од најпопуларните веб-страници за вести во светот.
  • Во 2013 година, Yahoo објави дека ќе ја купи платформата за блогирање Tumblr за 1,1 милијарди долари.
  • Во 2013 година, Yahoo сакаше да ја купи веб-страницата за споделување видеа Dailymotion. Продажбата беше блокирана до француските власти.
  • Во 2014 година, Yahoo лансираше услуга за пренос во живо наречена Yahoo! Live, која им овозможуваше на корисниците да проследуваат настани и концерти во живо.
  • Во 2017 година, Yahoo го продаде својот интернет бизнис (вклучувајќи го пребарувачот, услугата за е-пошта и рекламниот бизнис) на Verizon Communications за 4,5 милијарди долари.

Во претоходната верзија на текстот погрешно пишуваше дека Yahoo Mail е лансиран во 2008. Во 2008 е лансиран Ymail…

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ivicakmk
Ivicakmk
2 months ago

2008: Yahoo го лансираше Yahoo Mail, веб-базиран сервис за е-пошта.

Да не сте грешка?