Полиција на пат? Наместо непрегледни Viber групи, користете Waze

Viber е една од најкористената апликација за инстант комуникација во Македонија, а можеби едни од најпопуларните групи на платформата се токму оние за известување каде има полициски патроли и радари на патиштата. Пример за таква група е ИНФО-СООБРАЌАЈ +389 МК. Оваа Viber група, наменета само за сообраќајот во нашата држава брои 81.000+ членови, а начинот на користење е доста едноставен, односно кој ќе забележи полиција на патот – пишува порака каде ја има забележано полицијата.

Постојат и многу други слични групи кои се на локално ниво, за Битола, Куманово, Прилеп… а истите се до толку популарни што администраторите најчесто ги користат и за пласирање на рекламни пораки во вид на позадини и испраќање на пораки до сите членови за понудата од спонзорот.

Начинот на користење иако едноставен, во исто време е и доста непрегледен, одосно бара прилично скролање за да се дојде до посакуваната информација за делот и реонот кој е од интерес.

Но дали знаете дека постои навигациска апликација наречена Waze која покрај многуте функционалности кои што ги има, нуди и можност за пријавување каде има полиција на патот во реално време, а нуди и лесна валидација на тврдењето од други корисници. За разлика од Viber групите, пријавувањето на полиција на патот на Waze апликацијата е интерактивно и доста попрегледно, затоа што ја покажува точната локација и дополнително покажува колку луѓе ја имаат потврдено информацијата. 

Waze е дел од Google

Апликацијата првично беше развиенa во Израел од Waze Mobile, компанија основана од израелските претприемачи Ехуд Шабтаи, Амир Шинар и Ури Левин. Финансирањето за првичниот проект беше обезбедено од две израелски фирми за ризичен капитал, Magma и Vertex Ventures Israel, како и од американска фирма за ризичен капитал во рана фаза, Bluerun Ventures. Во јуни 2013 година, Waze Mobile беше купен од Google за 1,3 милијарди американски долари. Апликацијата генерира приходи преку хиперлокално рекламирање на околу 130 милиони корисници.

Како се пријавува полиција на патот на Waze? 

Полиција на патот во Waze се пријавува доста едноставно, односно со само неколку клика… 

Чекор 1:

Чекор 2:

Чекор 3:

Доколку возите на пат каде што некој претходно има објавено дека има полиција, апликацијата ви бара да ја потврдите/валидирате информацијата со цел да се избегнат лажни известувања. Дополнително, нуди информација за тоа колку луѓе ја имаат потврдено одредената информација.

Што нуди Waze и зошто е подобар избор од непрегледните Viber групи?

Waze e навигациска апликација која што нуди:

  • GPS навигација во реално време: Waze нуди навигација која што е гласовно подржана. Постојано ги ажурира рутите засновани на податоци од сообраќајот во реално време.
  • Ажурирања за сообраќај во живо: Waze собира и споделува информации за сообраќајот во реално време од својата корисничка заедница. Овие податоци вклучуваат сообраќаен метеж, дупки на патот, несреќи, затворања на патишта и присуство на полицијата, што им овозможува на возачите да ги приспособат своите рути за да избегнат одложувања и дополнителни пречки.
  • Цени на бензин и станици: Апликацијата ги прикажува блиските бензински пумпи со нивните цени на горивото, помагајќи им на возачите да ги најдат најприфатливите опции на нивната рута.
  • Офлајн карти: Waze им овозможува на корисниците да преземаат мапи за офлајн употреба, што е корисно кога се движите во области со слаба или без мобилна поврзаност.
  • Гласовни команди: Waze поддржува гласовни команди, овозможувајќи навигација без раце.
  • Поени и гејмификација: корисниците можат да заработат поени и награди за придонес во заедницата со пријавување инциденти и додавање детали за картата, додавајќи гејмифициран аспект на апликацијата.

Добро-структурирана навигациска апликација во многу аспекти е подобар избор и асистент при возењето од било која неформална група на Viber или слично.

Што повеќе корисници има Waze, толку самата платформа е помоќна.

Преземи ја Waze за Android или iOS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Mile
Mile
11 months ago

Nekoj da ima da spodeli link od viber grupata?

kirev
kirev
11 months ago

Патем, Waze функционира и на Android Auto и на CarPlay … Без читање мали букви во пораки и со јасна нотификација. Не само за полиција, туку и за било каква пречка на патот.

види ги сите огласи на kariera.it.mk