2Coders неделава го официјализираше отварањето на новата канцеларија во Скопје во која што вработените ќе може да уживаат во современ простор, а преку колоритниот ентериер да ја доживеат енергијата од Канарските острови, каде што е седиштето на компанијата.
Свеченото отворање се реализираше вчера на 23-ти март, во бизнис центарот Синерџи во населба Аеродром, a гости беа претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Шпанија, блиски соработници од бизнис заедницата, како и многу други пријатели на компанијата.
2Coders е глобална ИТ компанија за развој на софтверски решенија чиј што главен фокус е развивање на нативни мобилни апликации и ТВ/веб платформи за стримање на видео содржини во доменот на спорт и забава. Основана во 2013 година, по девет години успешно работење, го проширува својот тим со уште еден развоен центар во Скопје. Канцеларијата во Скопје веќе има 20-тина вработени, а бизнис-плановите предвидуваат оваа бројка неколкукратно да се зголеми во наредните две години, привлекувајќи млади и талентирани ИТ инженери од Северна Македонија. Тимот се состои од искусни инженери за мобилни, веб и ТВ апликации, дизајнери, инженери за квалитет на софтвер, бизнис аналисти и проект менаџери.
Основачите на 2Coders, Давид Сантана Молина и Даилос Медина Мендез, пред гостите на отвaрањето ги истакнаа вредностите на компанијата, работната етика, придонесот во постојано усовршување и сопствениот развој на вработените.
Кон отварањето на канцеларија во Северна Македонија гледаат како значаен чекор напред за нивната компанија. Тие изјавија дека одлуката за развој во Северна Македонија е донесена заради стратешки добрата локација на оваа земја и нејзината исклучително талентирана работна сила.
“Не застануваме тука, продолжуваме со работа и на сопствени иновативни продукти кои ќе го подобрат секојдневното функционирање, а со тоа ќе се зголеми и потребата за вработување на позитивни, млади IT ентузијасти кои ја препознаваат нашата култура и политика на работење. За таа цел отворивме нова канцеларија во Скопје, каде што ќе создадеме уште подобра и поквалитетна атмосфера за функционирање.“- истакнува Тина Чурлиновска, директорката на компанијата во Северна Македонија.
Канцеларискиот простор има океански принцип на работење, мали простории „phoneboots“ за кратки состаноци, конференциска просторија и стаклена соба за презентации.
Заради својот успешен раст во Северна Македонија, во 2022 година 2Coders добива награда за интернационална експанзија oд Шпанската стопанска комора.