Основната цел на веб сервисот „Мое осигурување, мој доктор“ е скратување на времето, намалувањее на гужвите и полесно остварување на правата како на осигурениците така и на избраните лекари, вели Фондот за здраствено осигурување на Македонија.
„За да се користат овие услуги потребно е да се има само компјутер интернет и мало познавање за истите.“
Адресата на веб сервисот е moeosiguruvanje.fzo.org.mk. Ќе треба да се логирате со матичен број и број на здраствена легитимација, по што ќе добиете пристап до услугите наменети за укинување на сините картони, подобро е-здраство и полесно остварување на правата.
Коментари
15 коментари
Коментарите се затворени.