Microtica со инвестиција од 350.000 долари ќе го освојува DevOps пазарот [.мк стартап на месецот]

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот.

.мк стартап на месецот [март, 2023]:

Microtica овозможува поставување на апликации во cloud инфраструктура за само неколку минути.


Microtica е иновативен софтвер кој се позиционира во DevOps вертикалата, поконкретно ги олеснува процесите на CI/CD (Continuous Integration and Continuous Delivery). Овозможува лесно поставување на апликација на cloud инфраструктура како AWS, користејќи предефинирани plug-and-play темплејти за импортирање на апликации. Корисниците може да одберат постоечки темплејти за нивните апликации во Node.js, Next.js, ReactJS, Strapi Serverless, Vue.js, Svelte, Angular… а тимот постојано работи на проширување на портфолиото на темплејти кое во моментот брои над 20. Платформата нуди и функционална аналитика која помага во оптимизација на ресурси, перформанси и трошоци.

Сумарно, Microtica е платформа за автоматизација на DevOps процеси која им овозможува на компаниите и поединците да постават своја апликација на cloud инфраструктура за многу кратко време. Toa го прави со стандардизирање на начинот на кој се поставува инфраструктурата и апликацијата.

350.000 долари инвестиција за позиционирање на пазар

Microtica годинава излегува од својата “bootstrap” фаза во која досегашниот развој беше поддржан од ИТ компанијата DoxTeam која има добиено ко-финансиран грант од ФИТР за проектов. Преку отворање на претставништво во САД, тимот на Microtica годинава ја формализираше веќе постоечката соработка со инвестициската група Founder Partners од Сан Франциско, кои им помагаат преку советување и консалтинг за маркетинг и позиционирање, а кои сега влегуваат и со инвестиција од 350.000 US долари. Инвестицијата примарно ќе се користи за пласман на продуктот и зајакнување на продажните и маркетинг канали.

SportyPal „мафија“

Приказната за овој стартап не може да се раскаже без да се спомeне SportyPal, мобилната фитнес апликација креирана од компанијата CreationPal која во 2010-та година се искачи на пиедесталот како една од најкористените фитнес апликации во светот.

Раде Десподовски, творецот и сегашниот CTO на Microtica, својата кариера како дипломиран инженер на ФЕИТ, ја отпочнува пред 11 години во овој стартап кадешто и се запознава со основачот на SportyPal, Глигор Давчевски (Глишо) – познат на македонската ИТ сцена и како дел од основачкиот тим на Seavus и еден од пионерите во ИТ индустријата во земјава. Раде во Sportypal ќе се запознае и со Марија Наумовска и Кирил Јакимовски, со кои во следните 10 години ќе го исчекорат патот до формирање на Microtica.

Одлуката да се приклучи и да работи на SportyPal, тогаш во екот на својата популарност, на Раде целосно ќе му го промени концептот на размислување за тоа каде треба да ја насочи својата кариера, која ја отпочнал со пракса во Комерцијална Банка. Навраќајки се на тие денови, Раде ентузијастички говори за предизвиците кои ги носи работата на еден стартап кој го освојува светот, давајќи значење на можноста како инженер директно да даде придонес за развој на продукт и истиот да го обликува. Сакал да признае или не, искуството во SportyPal му ја има запечатено кариерата на Раде и му има создадено критериум да одбегнува корпоративна средина и 9 до 5 работен менталитет, затоа што во него се развива “претприемачката клетва” која бара постојана иновација и развој на продукти и идеи. „Клетвата“ ќе се прошири и кај Марија и Кирил, а како главен „виновник“ за ова може слободно да го посочиме Глигор…

Плата или удел?

Глигор како што и времето ќе покаже, со својата нетипична-за-македонски-бизнисмен филозофија, ќе биде клучниот фактор за оддржување на сегашниот тим зад Microtica, кој по SportyPal, ќе го следи и во неговите обиди за создавање на CompleteDock, DoxOut како и формирање на компанијата DoxTeam кога ќе им притреба капитал. (FYI: DoxTeam од пред еден месец е аквизирана од шведската компанија Synergi).

Неговиот генијален потег за формирање на ваков тим е тоа што во Sportypal ерата, ќе направи храбар претприемачки чекор и дел од тимот како Раде, Марија и Кирил ќе ги соочи со Matrix момент – да одберат помеѓу покачување на плата или удел во компанијата. 

“Еден ден работејќи во SportyPal, ме викна Глиша (Глигор) на состанок и ми кажа дека е задоволен од мојата работа. Веднаш потоа ми постави прашање дали сакам поголема плата или процент во фирма… Не знам зошто, но веднаш одговорив процент. Немав ништо размислувано на оваа тема претходно бидејќи во тоа време методот на работа беше идеш и работиш за плата, … немав ниту размислувано дека некој мене ќе ми понуди вакво нешто. Но, кога го слушнав прашањето, инстантно го одбрав одговорот…” – раскажува Раде.

Кога од Х причини SportyPal ќе започне да ја губи битката во сегментот фитнес апликации (тема која ќе ја дискутираме со Глигор во некоја друга прилика), токму оваа одлука за давање на удели ќе го задржи и оддржи сегашниот основачки тим на Microtica, кој пред овој производ ќе се испроба и со неколку други авантури како веб решение за колаборација на документи DoxBee во 2013, надежен продукт кој за жал не го добива заслужениот пласман, а кој во една фаза ќе дојде и во директни разговори со CEO-то на DropBox. Според Раде, вината тука треба да се бара во преголемиот фокус на технологија, а малку на продажба и маркетинг, нешто кое и во Microtica ден денес им е предизвик – а слободно може да кажеме и дека е еден од почестите симптоми на македонскиот стартап еко-систем. Но и покрај неуспехот со продуктот DoxBee, благодарение на моделот на косопствеништво, повторно ќе го задржи тимот и ќе го предводи до формирање на DoxTeam, ИТ компанија која ќе понуди услужни дејности со цел создавање капитал за да евентуално се реализира поривот за иновација и развој на продукт.  

Фокус на аутсорсинг, со копнеж за свој продукт

Во следните неколку години, DoxTeam и услужната дејност ќе биде фокус на SportyPal „мафијата“. Тимот ќе се зголеми со десетици други инженери и соработници, во еден момент и до 40, примарно опслужувајќи ги клиентите на партнерската компанија Alite, шведска компанија со која DoxTeam склучува партнерство, благодарение на претходните познантства од Seavus. Еден од клиентите со кој DoXteam ќе соработува преку Alite е и SwissRe, швајцарска компанија за осигурување.

“Во тоа време како CTO на DoxTeam, ги надгледував сите тимови што работеа и сите проекти. Бидејќи работевме custom софтвер, се соочувавме со еден предизвик – различни луѓе, тимови, идеи, проекти… а голем дел од потребната инфраструктура остануваше иста и реално можеше да биде реискористена за секој од тие проекти. Согледавме дека традиционалните начини на документација и правила функционираа само до одредено ниво. Бидејќи сепак ние бевме ИТ компанија со стартап култура, сакавме да најдеме начин да го решиме тој проблем со технологија.”

Кога SwissRe ќе ги соочи DoxTeam со барање на брз начин да создадат white-label апликации за осигурување за нивните партнери, кои всушност се репликација на еден ист софтвер со минимална кастомизација, Раде ќе отпочне малку повеќе да се фокусира во развојот на продукт кој тоа ќе го овозможи на брз и лесен начин. Предизвикот да реплицира поставување на инфраструктура на AWS на брз начин всушност ќе го создаде MVP-то на денешната Microtica.

 “Бев исфрустриран од состанчење, едни исти муабети, репетитивни таскови за поставување на една иста средина повеќе пати, бидејќи продажниот тим на SwissRE имаше идеја да може да направи демо на white-label околина за клиент во рок од 10 минути. Ние го немавме тоа во тој момент, и бидејќи бев во најжешкото, таа фрустрација всушност ме натера да размислувам дека автоматизација за инфраструктурните поставувања е решение” – споделува Раде.

Време за спиноф

По неколку години работа со клиенти и тестирање/оформување на продуктот, по 2017-та тимот ја носи одлуката да ја создаде Microtica како засебна компанија и да се издвои како продукт. Техничкиот развој главно ќе го предводи Раде, работејќи на Microtica во слободно време после обавување на редовните работни задачи како CTO на DoxTeam.

“Единствена работа што би променил од оваа гледна точка навраќајки се на развојот на Microtica како продукт, е давање на малку поголем приоритет на продажба и маркетинг. Ние кога го направивме спиноф тимот на Microtica, создадовме технолошки тим. Сега да се вратам, од аспект на создавање тим, сигурно би сакал да има некој што работи продажба и разбира технологија. Ова сметам дека значително би го сменил тајмлајнот на успешноста на Microtica.” – одговара Раде на прашањето што би сменил ако се наврати пред 6 години.

Развојот на Microtica ќе ескалира кога DoxTeam ќе го добие ко-финансираниот грант (60-40%) од ФИТР, преку кој ќе земе околу 316.000 евра грант наменет за развој на продуктот.

Што е Microtica?

Microtica не е едноставен продукт, меѓутоа за публиката која ја таргетира е и те како потребна и корисна алатка. Таргетот на Microtica се девелопмент тимови и девелопери кои немаат искуство во DevOps, и на нив им овозможува на поедноставен начин да ја постават апликацијата на cloud. Притоа, Microtica им нуди и грижа за безбедноста, перформансите и скалабилноста.

Раде Десподовски

“Нашата алатка Microtica овозможува на многу едноставен начин да се реискористат темплејти кои лесно скалираат, се испробани и функционираат. Со лесно поврзување на Git акаунти и сопствени AWS инстанци, секој девелопер може да си ја постави својата апликација без DevOps главоболка” – појаснува Раде.

Ценовните модели на Microtica варираат од $0 за бесплатен акаунт кој нуди до 2 Kubernetes Services и до 100 build минути и 20 деплојменти месечно, до напреден план од $99 месечно кој овозможува и до 50 Kubernetes Services и над 2.000 build минути.

Од 2017-та, Microtica е испробана од повеќе домашни, регионални и светски клиенти. Како еден од поинтересните први клиенти на сервисот е и “швајцарскиот Uber”, Vertt, чија иницијална платформа всушност е изградена во Македонија од страна на DoxTeam, а ден денеска се сè уште активен клиент на Microtica.

Клучниот момент за поголема пазарна интеграција е кога тимот ќе се фокусира на темплејтите, наместо да ја нуди Microtica како алатка со која девелоперите може сами да си формираат автоматизации и процеси. Според Раде, овој момент всушност го овозможува конкретното насочување на продуктот кон специфична публика кој ја олеснува маркетинг стратегијата.

Глобални апетити, преку инвестиција и седиште во САД

Откако бројката на корисниците на платформата ќе надмине преку 100-тина девелопери, воглавно од регионот, тимот во 2021 ќе отпочне соработка со американската Founder Partners (кои до Microtica ќе дојдат самоиницијативно преку нивните блог содржини). Соработката ќе се фокусира на развивање на маркетинг и продажни стратегии за посериозен настап на пазарот, а ќе кулминира преку формирање на компанија во САД во која Founder Partners (мрежа од ангел инвеститори) после две години соработка ќе ја направат гореспоменатата инвестиција од 350.000 US долари.

Интересен факт е да се спомене дека тимот на Microtica и Founder Partners, и покрај целата досегашна соработка, допрва ќе се сретнат во живо летово…

Охрабрени од инвестицијата, фокус годинава за Microtica е создавање на експоненцијален раст. Предводени од Марија и Кирил во улога на маркетинг умови, Раде како CTO и Глигор во советодавна улога, тимот на Microtica е на добар пат да го повтори или пак надмине успехот на некогашниот Sportypal…


Дознајте повеќе за платформата на: https://www.microtica.com

Прочитај ги и останатите .мк стартап на месец приказни:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

досегашниот развој беше поддржан само од ИТ компанијата DoxTeam која има добиено ко-финансиран грант од ФИТР

А како „само“ кога има добиено помош и од ФИТР и од тие Founder Partners?

одговори Лајк

А како „само“ кога има добиено помош и од ФИТР и од тие Founder Partners?

За погрешен збор си се фатил :D Keyword - развој (development). Само DoxTeam го има работено продуктот.

Мислењето е автоматски споено:

На темата, ме интересира како конкурира или како се истакнува продуктов покрај AWS Amplify или Vercel да речеме? Од тоа што читам секако користи AWS сервиси.

Читам на сајтот и не можам да сфатам што е бенефитов на продуктов покрај нив.

одговори Лајк

А како „само“ кога има добиено помош и од ФИТР и од тие Founder Partners?

Досегашниот развој на Microtica е терам само од страна на DoxTeam (кои имаат добиено ФИТР грант), а дури сега влегуваат кај нив Founder Partners.

одговори Лајк

За погрешен збор си се фатил :D Keyword - развој (development). Само DoxTeam го има работено продуктот.

ама има и „подржан“ :D

одговори 3 лајкови

За погрешен збор си се фатил :D Keyword - развој (development). Само DoxTeam го има работено продуктот.

Мислењето е автоматски споено:

На темата, ме интересира како конкурира или како се истакнува продуктов покрај AWS Amplify или Vercel да речеме? Од тоа што читам секако користи AWS сервиси.

Читам на сајтот и не можам да сфатам што е бенефитов на продуктов покрај нив.

Здраво @dddragan, тука Марија од Микротика. Повели одговор на прашањето во неколку црти:

  • Vercel e PaaS, што значи дека деплојаш кај нив и си зависен од нив. Со Микротика деплојаш на твој AWS account, и си owner на се цело време.
  • Vercel cпецијализира за фронтенд и статични сајтови, додека Микротика поддржува комплексни системи со повеќе сервиси, бази и функции и овозможува лесен деплојмент и менаџмент на AWS. Дури имаме корисници кои фронтенд деплојаат со Vercel, a backend, микросервиси, serverless со Микротика.
  • Amplify e сервис кој опфаќа само мал дел од функционалноста потребна за градење на целосно системско решение. AWS има повеќе од 100 сервиси кои треба да се склопат заедно за да се изгради решение.
  • Микротика есенцијално ја упростува комплексноста на клаудот кој е база (во моментот AWS, но решението функционира со било кој друг), за девелопери кои немаат експертиза или едноставно не сакаат да се занимаваат со тој дел од испорака на софтвер.
  • Микротика овозможува лесен старт и нема ограничувања во момент на скалирање, бидејќи е отворена за приспособување и флексибилна за различни системи.
  • Микротика нуди мониторинг и аналитика на метрики, перформанси, за детално разбирање на апликациите и процесите во системот.
  • Микротика нуди алатка за оптимизација на трошоци на клауд, прави анализи, дава препораки и автоматизира процеси за штедење.

Слободно контактирај ме за повеќе информации :)

одговори 8 лајкови

Досегашниот развој на Microtica е терам само од страна на DoxTeam (кои имаат добиено ФИТР грант), а дури сега влегуваат кај нив Founder Partners.

Полесно е да го смените зборот, секако не е точен. Windows не е подржан во развојот од Microsoft пример.

одговори Лајк

Здраво @dddragan, тука Марија од Микротика. Повели одговор на прашањето во неколку црти:

  • Vercel e PaaS, што значи дека деплојаш кај нив и си зависен од нив. Со Микротика деплојаш на твој AWS account, и си owner на се цело време.
  • Vercel cпецијализира за фронтенд и статични сајтови, додека Микротика поддржува комплексни системи со повеќе сервиси, бази и функции и овозможува лесен деплојмент и менаџмент на AWS. Дури имаме корисници кои фронтенд деплојаат со Vercel, a backend, микросервиси, serverless со Микротика.
  • Amplify e сервис кој опфаќа само мал дел од функционалноста потребна за градење на целосно системско решение. AWS има повеќе од 100 сервиси кои треба да се склопат заедно за да се изгради решение.
  • Микротика есенцијално ја упростува комплексноста на клаудот кој е база (во моментот AWS, но решението функционира со било кој друг), за девелопери кои немаат експертиза или едноставно не сакаат да се занимаваат со тој дел од испорака на софтвер.
  • Микротика овозможува лесен старт и нема ограничувања во момент на скалирање, бидејќи е отворена за приспособување и флексибилна за различни системи.
  • Микротика нуди мониторинг и аналитика на метрики, перформанси, за детално разбирање на апликациите и процесите во системот.
  • Микротика нуди алатка за оптимизација на трошоци на клауд, прави анализи, дава препораки и автоматизира процеси за штедење.

Слободно контактирај ме за повеќе информации :)

Супер одговор, фала :)

Ме интересира што е тоа Amplify што го нема, а Микротика го нуди за комплетно решение?

Моментално баш тоа го истражувам зошто имам сајт за пуштање и не ми се замара со DevOps нешто многу и некако се наслонувам накај Amplify. Затоа ме заинтересира темава ептен.

одговори Лајк

Супер одговор, фала :)

Ме интересира што е тоа Amplify што го нема, а Микротика го нуди за комплетно решение?

Моментално баш тоа го истражувам зошто имам сајт за пуштање и не ми се замара со DevOps нешто многу и некако се наслонувам накај Amplify. Затоа ме заинтересира темава ептен.

Супер @dddragan, те поканувам да ја пробаш Микротика во секој случај, имаме free plan forever со кој можеш да поставиш нешто за старт.

Amplify ти дава алатки полесно и побрзо да ја интегрираш апликацијата со AWS services, како authentication, API, data storage etc., нешто слично на Firebase. И тоа некогаш е доволно за веб и мобилни апликации од мал размер. Но има апликации за кои ти треба да излезеш од границите на она што го нуди Amplify, пример кај што има потреба од Kubernetes, queues, integrated lambdas, load balancing, auto-scaling, и monitoring. И за нив ќе треба да бараш алтернативен начин да ја поставиш инфраструктурата.

Микротика може да се гледа како слој измеѓу кодот на Git, и cloud provider-от, за решенија на кои им треба целосен DevOps процес, CI/CD, automated tests и слично. Всушност, целиот Amplify сетап може да се напише со IaC (cloud formation), наместо да се сетапира и менаџира рачно, што значи може да се ранува со Микротика. Па од таму натака таа инфраструктура, и секоја дополнителна да се upgrade-не во зависност од потребите, а сепак се користи само еден tool да се менаџира целата твоја инфраструктура.

одговори 2 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
9 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments