0 коментари 9 мин. читање 21 јули, 2022

Македонија ги легализираше криптовалутите: Новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам ги опфати и дигиталните валути

Една од најголемите опасности кои доаѓаат со дигиталните криптовалути е нивното користење за различни противзаконски активности. Без разлика дали станува збор за плаќање на откуп, продажба на скриениот интернет (dark web) или финансирање на тероризам. Анонимноста и тешкото следење на криптовалутите ги прават идеални за финансирање терористички групи и нивни операции бидејќи истите може да ги претворат приходите од најразлични операции преку кои се финансираат во криптовалути и едноставно да ги преместат насекаде во светот без да бидат откриени и да зависат од стандардниот банкарски систем. Потоа може да ги претворат во готовина и да прават трансакции без да остават голем траг зад себе. Тоа е најголемиот страв што се чини дека државите го имаат во обидот за легализирање на овие добра.

Bitcoin

Bitcoin

$62,903.89

BTC -0.32%

Ethereum

Ethereum

$1,671.00

ETH 0.65%

Но, секако криптовалутите не се наменети исклучиво за криминал. Главната придобивка е значителното поевтинување на трансакциите, нема временско ограничување кога се трансакциите достапни, и нема лимит на висината на трансакциите – а воедно и не зависите од стандардниот банкарски сектор кој од година на година станува се поалчен и поскап. Во регионот Хрватска е пионер, минатата година ланецот на маркети Конзум овозможи плаќање со криптовалути во своите продавници. Од оваа недела и киосците „iNovine“ овозможуваат плаќање со криптовалути. Партнер на iNovine е хрватската FinTech компанија Electrocоin кој сега овозможува плаќање со криптовалути на 250 локации во Хрватска. Electrocоin е креатор на PayCek која се користи и во маркетите Конзум. Платформата PayCek овозможува плаќање со 14 криптовалути bitcoin, ether, bitcoin cash, USDT, USDC, XRP, solana, litecoin, dai, stellar, dogecoin, ЕОС, BUSD и near.

Сепак и покрај добрите намери, користењето на криптовалути за перење пари во 2021 година забележа пораст од 30%, односно минатата година беа „испрани“ 8,6 милијарди долари во крипто. Истовремено криминалците „заработиле“ рекордни 14 милијарди долари во криптовалути.

Ова е една од причините поради кои државите се обидуваат да пронајдат начин да ја намалат злоупотребата на криптовалути, и ги прилагодуваат своите законски решенија. На 12 јули во Македонија на сила стапи Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Законот беше изгласан на 71-вата седница на македонското Собрание, која се одржа на 27 јуни, а по излегувањето во Службен весник законот и официјално стапува на сила. Со новиот закон донекаде се регулира и крипто-сферата и ризиците од перење пари и финансирање на тероризам.

Што уредува Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Со законското решение се дефинираат повеќе поими кои се однесуваат на крипто валути, пример „виртуелни средства“ кои сега се подведуваат под дефиницијата за имот. Дополнително има повеќе специфични дефиниции за виртуелните средства кои може да се пронајдат во Член 2 на законот. Еве ги дефинициите од поимите од законот кои се однесуваат на криптовалутите…

„Виртуелни средства“ претставуваат дигитални записи на вредност или права кои може да се чуваат, тргуваат или пренесуваат по електронски пат со користење на технологија на дистрибуирано зачувување на енкриптирани податоци и записи или која било слична технологија и може да се користат за размена или инвестициски цели. Виртуелните средства не вклучуваат дигитални записи на фиат валути или пари во смисла на закон кои претставуваат законско платежно средство, хартии од вредност и други финансиски средства согласно со закон;

Во Член 2 став 43 се дадени дефинициите на трансакциите на виртуелни средства

43) „Пренос на виртуелни средства“ е секоја трансакција со виртуелни средства која се извршува по електронски пат во име на нарачателот преку давател на услуги поврзани со виртуелни средства со цел виртуелните средства да се стават на располагање на примачот без оглед на тоа дали нарачателот и примачот се исто лице и без оглед на тоа дали давателот на услуги поврзани со виртуелни средства на нарачателот и на примачот е еден ист;

Веројатно поинтересно од самите дефиниции е најавата за Регистарот на даватели и услуги поврзани со виртуелните средства. Овие информации и податоци се во Членот 8 од Законот.

За намалување на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам сите трансакции се подложни на некои правила. Во зависност од висината на трансакциите можно е субјектите да треба да направат дополнителна анализа на клиентот. За виртуелни средства ова се однесува na повремени трансакции со вредности повисоки од 1000 евра.

Она што веруваме е најинтересниот дел од законот за корисниците ќе биде секцијата која се однесува на „Обезбедување и проследување информации кај пренос на виртуелни средства“. Во законот овие правила се поделени во два члена Член 51 и Член 52. Во Член 51 се внесени информациите кои се потребни и правилата и условите под кои се споделуваат, собираат и проверуваат овие податоци. Во Членот 52 се „поместени“ правата и обврските на „Даватели на услуги поврзани со виртуелни средства“.

Конечно дел од членовите на Законот се однесуваат на забраните. Забраната за ограничување на сивата економија која го ограничува тргувањето до максимални 500 евра е актуелна и во овој закон. Актуелна е и забраната за со банки кои се „Shell банки“. Специфичнa за крипто секторот е забраната за прикривање на идентитетот и трансакции на виртуелни средства преку сервиси кои го прикриваат идентитетот.

Финансиските институции и давателите на услуги треба да ги чуваат податоците за трансакцијата вклучувајќи ги и податоците за плаќачот и примачот на безготовинскиот пренос на парични средства десет години по трансферот.

Давателите на услуги поврзани со виртуелни средства се должни сите информации за извршените трансакции над 1000 евра да ги пријават во Управата во вид на извештај во електронска форма најдоцна три работни дена по трансакцијата.

Казните за неспроведување на овој закон за правни лица (големи трговци) се помеѓу 80 и 120 000 евра. За виртуелните средства ова се однесува на правни лица кои овозможуваат прикривање на идентитет на лице кое врши трансакции или ако вршат трансакции преку сервиси кои овозможуваат прикривање на идентитетот.

Казните за неспроведување на делови од овој закон за правни лица (големи трговци) се помеѓу 80 и 120 000 евра. Ова важи за правното лице кое:

  • дава услуги поврзани со виртуелни средства кои посредно или непосредно овозможуваат прикривање на идентитетот на клиентот како и врши трансакции со такви виртуелни средства согласнo со членот 60 став (2) од овој закон,
  • користи ресурси или средства преку информатички систем кои овозможуваат или олеснуваат прикривање на идентитетот на клиентот или кои го оневозможуваат или отежнуваат следењето на трансакциите поврзани со виртуелни средства согласно со членот 60 став (3) од овој закон.

Казни во износ од 5000 до 10000 евра ќе им бидат изречени на правните лица ако не ги следат упатствата за информациите.

Сите даватели на услуги поврзани со виртуелни средства кои започнале да нудат услуги пред стапувањето на сила на законот имаат 30 дена да ја известат Управата за финансиско разузнавање дека се занимаваат со оваа активност, и 9 месеци да ја усогласат во целост својата работа со законот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

На 12 јули во Македонија на сила стапи Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Законот беше изгласан на 71-вата седница на македонското Собрание, која се одржа на 27 јуни, а по излегувањето во Службен весник законот и официјално стапува на сила. Со новиот закон донекаде се регулира и крипто-сферата и ризиците од перење пари и финансирање на тероризам.

TL;DR​

  • Со донесување на законот се воспоставува регулација на крипто-сферата од аспектот на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам.
  • Законското решение ги дефинира поимите како „виртуелни средства“ кои се подведуваат под дефиницијата на „имот“, „даватели на услуги поврзани со виртуелни средства“, „паричници за виртуелни средства“, „криптомати“ и останати сродни термини од крипто-сферата.
  • Со законот се утврдуваат обврски за давателите на услуги поврзани со виртуелни средства за спречување перење пари и финансирање на тероризам, механизми за контрола при потенцијални злоупотреби со виртуелни односно крипто-средства.
  • Ќе биде дозволено тргување виртуелни средства со готовина во износ до 500 евра во денарска противвредност согласно со стратегиите за намалување на сивата економија.
  • Со предог законот се забранува давателите на услуги да тргуваат со целосно анонимни виртуелни средства познати како приватни виртуелни средства (анг.privacy coins) како и да користат софтверски алатки за анонимизација и мешање на трансакциите со виртуелни средства.
  • Управата за финансиско разузнавање ќе биде надзорен орган над давателите на услуги поврзани со виртуелни средства од аспектите поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам.
  • Давателите на услуги ќе бидат обврзани да ја известат Управата за финансиско разузнавање дека се занимава со оваа активност во рок од 30 дена од денот на донесувањето на подзаконските акти пропишани со овој закон (22 август 2022).
  • Давателите на услуги поврзани со виртуелни средства ќе имаат рок од 9 месеци од денот на влегувањето во сила на истиот да се усогласат во целост со одредбите од овој закон.

одговори 4 лајкови

види цела содржина...
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top