Студентска перспектива: Добрите и лошите страни на ФИНКИ

Текстот е колумна во која се изразени личните ставови на авторот. Пренесен е во оригинал со цел задржување на автентичноста, стилот и тонот на комуникација на авторот.

ФИНКИ е најголемиот технички факултет во државата со околу 5.000 студенти. Секоја нова учебна година има куп редици за упис, а според многумина ФИНКИ е најдобриот и најперспективнот факултет во државата. Пазарот на трудот си го прави своето… додека од една страна куп студенти чекаат на ред за упис во ФИНКИ, од друга страна интересот за студирање на другите факултети опаѓа па така во државата има факултети како на пример Ветеринарниот на кој се упишуваат студенти кои се бројат на една рака.

Кариера во ИТ секторот е несомнено одличен избор за секој млад човек, со оглед на пазарните околности во повеќето други сектори ИТ е неспоредлив. Работата во ИТ светот нуди многу предности, како што се флексибилност, работа на далечина, работа за странски компании кои што имаат значително поголеми буџети од домашните, фриленс можности и што уште не… 

За ФИНКИ како факултет се слушаат доста убави приказни, за тоа како некој успешно го завршил, потоа се вработил и живее на ниво кое што го посакува. Има куп вакви примери и честитки за сите кои што успешно ја пронашле својата професија и се надеваме дека ја работат со задоволство, но каков е ФИНКИ од студентска перспектива? Кои се добрите, а кои се лошите страни? 

Наставата на ФИНКИ

Предавањата и аудиториските вежби не се задолжителни на ФИНКИ, па така секој студент може да избере кај кој професор сака да слуша одредено предавање. Друга предност е тоа што поради големиот број на студенти, за едно предавање има повеќе термини неделно (секој професор си има свој термин), па така за предмет кој што го имаат сите смерови од типот на Структурно програмирање има 5-6 термини неделно.

Доколку сте студент кој што добро си го организира времето и сака да учествува на други активности надвор од факултетот, оваа организација би била во ваша полза.

Од друга страна многу студенти ретко присуствуаат на предавања или воопшто не присуствуваат поради тоа што не се задолжителни. Помеѓу студентите на ФИНКИ добро познато е дека има снимки од речиси сите предавања и аудиториски вежби, останати од времето на КОВИД пандемијата. Ова е дополнителна причина за тие што не сакаат да патуваат до факултетот за да присуствуваат на одредено предавање. Дополнително во овој дел, свој удел имаат и индијците на Youtube, кои што и те како добро објаснуваат одредени проблеми од тематиката. :) 

Зграда – најголемиот проблем на ФИНКИ 

Добро познато е дека ФИНКИ сè уште нема своја зграда, нема да навлегуваме во лавиринтот зошто нема и како може најголемиот државен факултет да нема своја зграда… 

Photo by sol on Unsplash

Немањето сопствена зграда повлекува куп предизвици околу изведувањето на испитите, предавањата, аудиториските и лабораториските вежби. Моментално, ФИНКИ оддржува предавања во зградите на ТМФ, ФЕИТ, Машински и Педагошки факултет. Најчест предизвик околу оддржувањето на предавања е тоа што за задолжителни предмети како Структурно програмирање или Алгоритми и податочни структури се бара столче повеќе во предавалните, а пак од последните редови наставата и не се следи баш најдобро… 

Проблемите со капацитетот не ги одминуваат ни испитните и колоквиумските сесии, односно се полага во секое можно време за време на сесијата, дури и во сабота во 19 часот, а често се случува да се полага еден предмет во 19 часот, а друг предмет во 8 часот наутро следниот ден. 

Друг проблем околу испитите е тоа што распоредите и резултатите доцнат, но вреди да се спомне дека во последните 2-3 испитни сесии се подобрија.  

Начинот на учење на ФИНКИ

Начинот на учење на ФИНКИ е можеби најдоброто нешто на факултетот. Учењето потпомогнато од брзиот развој на технологија и интернет, во најголем дел носи многу бенефити:  

  • Можност за учење од повеќе извори,
  • Aжурирана содржина,
  • Процес на учење, кој што нема крај, 
  • Пристап до многу информации ,
  • Способност да се дојде до потребната информација. 

Модерното време си носи свои промени, вештачката интелигенција драстично ги менува правилата на игра, па така сувопарната теорија е се помалку важна, а се поважно е да се дојде до вистинската информација за што е можно пократко време и како најдобро да се искористат современите алатки. Во оваа насока ФИНКИ се движи во иста насока со светските трендови и се повеќе става акцент на примери од реалниот свет. 

Професорите на ФИНКИ

ФИНКИ како факултет располага со квалитетен наставен кадар, професорите се луѓе кои што зад себе имаат импресивни биографии и имаат многу што да пренесат, воедно ја користиме приликата да им се заблагодариме за работата која што ја вршат, затоа што не е лесно да се работи во образование, во држава како нашата. 

Discord серверот на студентите на ФИНКИ 

Секој што е студент на ФИНКИ, добро знае сѐ што има на Discord серверот на ФИНКИ, а за тие што не знаат: серверот претставува еден вид на проект – Од студентите, за студентите

На серверот има информации, известувања, прашања, чет канали за буквално сè и чет канали и материјали за секој предмет посебно. Ова е одличен потег во време кога сегашните студентски генерации се зависни од Discord.


Сумарно, ФИНКИ е перспективен факултет од кој што има што да се научи и времето поминато на факултетот веројатно нема да ви биде залудно поминато време. Најголемиот проблем дефинитивно би бил решен кога ФИНКИ би имал своја зграда, па после тоа би се решиле и поголем број други, помали проблеми…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
NeSumBiten
NeSumBiten
10 months ago

Ах со таа зграда…
За пропагандата со позитивните страни на ФИНКИ сме ги чуле и ги гледаме. И се е то кул…
Но, да ја игнорираме зградата.
Во моментов, се паднати неколку стандарди на ФИНКИ. Ако порано од 1000 студенти, Веројатност и статистика го положувале едвај 100-150 студенти, сега тој е драстично зголемен, поради намалена тежина на испитите. И не само за овој предмет, за сите оние кои многу студенти заглавуваа. Епа сеа…. нели тоа е целта? Да се издвојат најдобрите од најдобрите. Но веќе не е така.

Друг проблем е со ЕКТС кредитите. Сите предмети носат по 6 кредити, што навистина не е фер за студентот кој зима изборни предмети што имаат потежок материјал за совладување. Пример, Е-влада и Дизајн на алгоритми да имаат 6 кредити…. стварно не е разбирливо. Тука исто паѓаат критериумите. Бидејќи тој студент со Е-влада утре ќе има иста титула и поголем просек од овој студент со Дизајн на алгоритми.

Значи да сумирам. ФИНКИ ќе влезе во тренд на опаѓање, прво по квалитет и стандарди за знаењето, па после и по бројот на запишани студенти. Ќе стане калибар од типот на Економски факултет.

ExStudent
ExStudent
9 months ago
Reply to  NeSumBiten

Нема да влезе во тренд на опаѓање сè додека професиите во ИТ секторот се меѓу единствените со понормална плата во државава.

Намалената тежина на испитите како ВиС, калкулус, итн. е многу попозитивна одошто негативна работа. На огромно мнозинство од дипломираните никогаш нема да им притреба во животот ни калкулус ни ВиС. А тие коишто се одлучуваат за тие сфери од ИТ професиите кадешто овие предмети би им користеле, самите си учат далеку повеќе од тоа што е потребно за 6-ка.

Борис
Борис
9 months ago
Reply to  NeSumBiten

Да го земеме и трендот на приватни факултети, каде се завршува со признаена диплома со титула инженер. Под притисок на тоа, се намалува тежината на некои предмети на ФИНКИ и на други државни факултети.
За пример, две години на ПМФ и после експресно завршив на Европски универзитет. Платата ми е солидна, затоа што сам се интересирав на страна да се дообучам не дека факултетот ми дал многу знаење. Кој може да се посвети, сепак би му препорачал да заврши ФИНКИ или ПМФ. Сепак дипломата е поценета.

Берат
Берат
10 months ago

👍👍

види ги сите огласи на kariera.it.mk