Стив Вознијак ќе добие српски пасош

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Основачот на Apple и креатор на Apple Computer 1 (Apple-1) Стив Вознијак ќе добие српски пасош. Веста ја објави лично претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Заедно со него српски пасош ќе добие и неговата сопруга. Двајцата се воодушевени и кога ќе можат ќе ја промовираат Србија.

„Јас сум Србин кој живее во Америка и така сакам да бидам“, вели во шега Возниак на прес конференцијата која ја одржаа заедно со Вучиќ по нивната средба во Белград.

Задоволството од пасошот на Вознијак го сподели и српскиот претседател Александар Вучиќ кој додаде:

„Сега можеме гордо да кажеме дека компјутерскиот гениј е Србин.“

Една од темите на кој српскиот претседател разговарал со Вознијак е образованието и како да го подобрат, за да бидат атрактивни за младите од Србија и регионот.

Посетата доаѓа во период во кој Србија се подготвува за парламентарни и локални избори. Изборите во Србија се закажани, и ќе се одржат на 17 декември.

Иако српските власти се израдуваа на посетата на Воз, не сите се воодушевени од неговото присуство. Опозицијата ја обвини владејачката партија дека му платила Вознијак да дојде во Србија, а сѐ ова е ПР трик.

„Да бидеме начисто, никој не му плати да дојде вo Србија.“, додаде премиерката Брнариќ.

Вознијак вели дека дошол во Србија на покана на тенисерот Јанко Типсаревиќ кој и самиот е член на Српската напредна партија.

Стив Вознијак кој е познат и под прекарот Воз е американски технолошки претприемач, електро инженер, информатичар, програмер, филантроп и иноватор. Заедно со Стив Џобс и Роналд Вејн се основачи на Apple. Вознијак ги дизајнираше и рачно ги изработи Apple I и Apple II компјутерите со кои Apple започна да го гради својот успех. Подоцна имаше значителна улога и во развојот на Apple Macintosh. Возниак е исклучително почитуван во технолошката индустрија и се смета за еден од најиновативните умови на денешницата. Тој е вистински пионер и неговиот придонес во светот на технологијата е непроценлив.

Давањето на српски пасоши се чини е дел од политичка кампања на владејачката партија во Србија. Во септември 2017 година српски пасош доби и актерот Ралф Фајнс.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments