Надополнето: Сем Алтман е старо-нов извршен директор на OpenAI

OpenAI е компанија која што оваа година несомнено е во центарот на случувањата во ИТ индустријата а со оглед на напредокот на вештачката интелигенција, се чини дека фокусот ќе се задржи на OpenAI и во текот на 2024-та година. Компанијата која што пред само недела дена најави повеќе новости, поевтинување и подобрувања на своите AI модели и услуги, викендов се соочи со контроверзии откако неочекувано бордот го разреши главниот извршен директор и ко-основач Сем Алтман од функцијата. Како негова привремена замена, бордот на OpenAI ја назначи Мира Мурати, која до овој момент служеше како главен технички директор. Шпекулациите велат дека постојат шанси да се врати Сем Алтман, но под одредени услови… деталите за сега не и се познати на јавноста.

Сем Алтман (извор: x.com/sama)

Сем Алтман е познат по тоа што го донесе и распространи ChatGPT на светот, за што доби и признание како една од највлијателните личности во технологијата. Тој е познат и по лансирањето на WorldCoin во улога на ко-основач.

Благодарение на довербата на Сатја Надела (CEO) и Кевин Скот (CTO) од Microsoft, Мира Мурати, поранешен CTO на OpenAI стапува на сцена како привремена замена на позицијата CEO на OpenAI.

OpenAI, основана како непрофитна во 2015 година, премина во профитен ентитет во 2019 година, со значителни инвестиции и партнерство со Microsoft. Објавувањето на ChatGPT на 30-ти ноември 2022 година го направи OpenAI и те како познат, предизвикувајќи конкуренција меѓу технолошките гиганти во полето на вештачката интелигенција.  

Алтман, ко-основач од основањето на OpenAI во 2015 година, наводно дознал за неговото раскинување од членот на одборот на OpenAI и главен научник Илја Сутскевер само неколку минути пред официјалното соопштение. Според претседателот на компанијата Грег Брокман, извештајот на одборот открил дека комуникацијата на Алтман нема конзистентност, што ја попречува способноста на одборот да ги исполни своите цели и одговорности.

Откако Грег Брокман го објави својот твит, дел од X корисниците започнаа со коментари околу тоа зошто компанија во која главен инвеститор е Microsoft, користи Google Meet?

OpenAI, прашан за објавата на Брокман, одби да коментира и за неа и за објавата на одборот. Не беше дадено објаснување за заминувањето на Брокман како претседател на одборот, но неговата оставка од компанијата следеше неколку часа по официјалната изјава.

Која е Мира Мурати? 

Мира Мурати е родена на 16-ти декември 1988 во Валона, Албанија, а на свои 16 години се сели во Канада со цел да го продолжи своето образование на Pearson College UWC. Нејзината универзитетска диплома е од областа на механички инженеринг на Dartmouth College

Мира Мурати (извор x.com/@miramurati)

Професионалното патување го започнува со практикантските позиции во Goldman Sachs и Zodiac Aerospace, француска воздушна групација. Потоа стекнува значајно искуство како висок менаџер на производи во Tesla, каде што го има надгледувано развојот на Autopilot, софтверот за помош на возачот на Tesla управуван со вештачка интелигенција за Tesla X.

Подоцна, во 2016-та година таа се приклучува на стартапот Leap Motion како потпретседател на производи и инженерство. Сепак, вложувањето во сензори за движење со рака и прсти за компјутери се соочи со предизвици поради раната фаза на технологијата за VR слушалки. Во 2018-та година, Мурати се приклучува на OpenAI како потпретседател на применетата вештачка интелигенција и партнерства.  

Кариерата и оди во нагорна линија, па така во 2022-та година станува CTO на OpenAI, дополнително таа беше на чело и на проекти како ChatGPT, DALL-E и Codex. Проекти кои што ја покажаа моќта и потенцијалот на OpenAI во AI чет-ботови, генерирање текст во слика и креирање код, соодветно, при што Codex е столбот на Copilot на GitHub.  

Во нејзината улога како привремен извршен директор, Мурати се фокусира на стабилноста на напредокот. Нејзините јанви интервјуа сугерираат имање визија за иднината, нагласувајќи ги мултимодалните модели како GPT-4 на OpenAI со Vision.  Таа ги замислува овие модели, способни да разберат и слики и текст, како клучна насока за развојот на OpenAI. Дополнително, Мурати се залага за отворено тестирање на таквите модели со вештачка интелигенција за да се откријат недостатоците. 

Што се случи по заминувањето на Сем Алтман?

И покрај заминувањето на Сем Алтман од OpenAI, неофицијални информации укажуваат на тоа дека инвеститорите, вклучително и Microsoft, сега се залагаат за негово враќање на функцијата.  

Веб сајтот The Information, објави дека OpenAI е „оптимист“ за можноста за враќање на Алтман. Во меѓувреме, меморандум од главниот службеник за стратегија на компанијата, Џејсон Квон, ги откри тековните напори за враќање на Алтман и другите заминати колеги.  

Заминувањето на Алтман доведе до оставки на Грег Брокман, претседател на OpenAI и тројца високи истражувачи. Џејсон Квон изрази оптимизам за решавање на ситуацијата, со цел да го врати Алтман и другите клучни фигури. Се очекуваат измени и во управниот одбор на OpenAI, а самиот Алтман ја изрази својата наклонетост кон тимот на OpenAI.  

Алтман, наводно, размислува за враќање, но на акционерите им го соопштил својот услов за враќање, а тоа е нов управен одбор и нова структура на OpenAI. На својот X профил, Алтман на 18-ти (недела) објави фотографија која укажува дека е во посета на OpenAI кампусот каде што се одвиваат преговори на темата.

Од друга страна, според одредени шпекулации кои кружат онлајн, Алтман размислува и за опцијата основање нова компанија со поранешни колеги од OpenAI, а одлуката се очекува наскоро. Извештаите укажуваат на дискусии меѓу Алтман и Џони Ајв, поранешен шеф за дизајн на Apple, за изградба на нов хардверски уред со вештачка интелигенција. Во овие комбинации е вклучен и CEO-то на SoftBank, Масајоши Сон.  

Microsoft, главниот инвеститор на OpenAI, по иницијалната реакција сега наводно го поддржува враќањето на Алтман, како и Thrive Capital, вториот по големина инвеститор. Khosla Ventures, ран поддржувач, исто така сака Алтман да се врати во OpenAI. 

Надополнето: Драмата во OpenAI продолжува…

Сапуницата во OpenAI продолжува, па така денес се случија доста нови случувања, утрово во 08:53 Сатја Надела твитна дека Емет Шир е новиот извршен директор на OpenAI, а покрај нов извршен директор, компанијата има и нов лидерски тим. Дополнително, во истиот твит е наведено дека Сем Алтман, заедно со Грег Брокман му се приклучуваат на Microsoft.

Од друга страна 505 од 700 вработени на OpenAI бараат членовите на моменталниот одбор да си поднесат оставка и да ги вратат Сем Алтман и Грег Брокман. Во спротивно, во писмото е наведено дека за сите нив има слободни позиции во ново-формираниот тим на Microsoft, кој што е предводен од Сем Алтман и Грег Брокман.

Надополнето: Сем Алтман е старо-нов извршен директор на OpenAI

По неколку дневниот хаос во OpenAI, денеска е постигнат договор Сем Алтман да се врати во OpenAI како извршен директор. Покрај Алтман, се враќа и Грег Брокман, а компанијата има и нов одбор составен од Брет Тејлор, Лери Самерс и Адам Д’Анџело.

Брет Тејлор и Лери Самерс се нови членови, додека Адам Д’Анџело е член од претходниот одбор, кој што го разреши Алтман во петокот. Наводно, причината поради која Адам Д’Анџело е во новиот одбор е да даде еден вид вовед во работата и одговорностите на одборот.

Примарна задача на првичниот мал одбор е внимателно да испита и назначи проширен одбор, потенцијално составен од најмногу девет членови, за повторно воспоставување на управувањето на OpenAI. Microsoft, главен инвеститор кој ветува нови крупни инвестиции во компанијата, сака место во проширениот одбор, како и самиот Алтман. Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, за време на неодамнешната прес-конференција, ја изрази намерата на компанијата да избегне какви било дополнителни „изненадувања“. Двете страни, наводно, се согласиле на истрага за целата ситуација, која најверојатно ќе ја спроведе надворешна, независна адвокатска канцеларија. Од дискусиите со вклучените, се чини дека самата борба за човечка моќ во сржта на оваа работа сè уште не е целосно решена.

Веројатно, барем за сега ова би бил исходот од оваа пет-дневна драма што се случи со OpenAI. Бевме сведоци на тоа колку работите се непредвидливии и колку сѐ може да се искомплицира за само неколку дена, а ќе останат запаметени карактерот и сплотеноста на вработените на OpenAI.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Sime
Sime
1 year ago

Убав си е текстот и информативен! – без некои правописни грешки (за разлика од сите други), единствено, „ко-основач“ на македонски се вика соосновач! ПОЗДРАВ