гејминг

2.426 написи

Гејминг вести, рецензии, игри, хардвер за гејмери, е-спорт и gaming индустрија. Следете ги најновите игри, трендови и локални гејминг приказни на IT.mk.

Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Демо преглед: Hello Puppets: Midnight Show

Иако бројот на хорор игрите е значително зголемен, споредено со претходните години, овој жанр и понатаму не се конзумира од поголемиот број гејмери. Резервиран за мала публиката која сака да биде исплашена од ваквата форма на дигитална забава, хоророт низ игрите доживува одредени суптилни промени, сè со цел да се избегнат дежа-ву ситуациите и невпечатливите […]

0 коментари Прочитај 21 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

3 работи кои ќе бидат поразлични во Elex II

Кога излезе првата Elex во 2017 година, RPG ентузијастите беа пријатно изненадени и не губеа време да ја прифатат со раширени раце. Да, играта имаше одредени багови и неправилности, нешто што полека стана карактеристично за тимот Piranha Bytes. Но, доколку ги следите нивните претходни игри, особено Gothic серијалот тогаш знаете дека се работи за исклучително […]

0 коментари Прочитај 16 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб гејминг

Играјте ја играта Dino од кој било прелистувач и натпреварувајте се против другите држави

Порано или подоцна, сте се сретнале со Dinosaur Game, играта која се игра ексклузивно преку прелистувачот на Google – Chrome. Играта е исклучително едноставна, но крајно забавна и се состои во тоа што еден диносаурус постојано трча додека вие одредувате кога да скока и да прескокнува најразлични препреки во форма на кактуси, птици и слично. […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Рецензија: The Gunk

The Gunk е релаксирачка и релативно кратка авантура од креаторите на Steamworld која ве вовлекува во невообичаен свет полн со уникатни можности за истражување. Кога првпат започнавме со The Gunk, не очекувавме комплексна приказна и некако мислевме дека играта повеќе се потпира на гејмплеј механики, отколку на наративно искуство. Бргу забележавме дека ова не е […]

0 коментари Прочитај 8 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Игри кои ќе излезат во февруари

За вториот месец од 2022 година се резервирани бројни, долго-очекувани наслови. Па така, на 1 февруари, излегува Life is Strange Remastered Collection. Ние сме огромни фанови на овој серијал, но од она што го видовме, римастерот не ја оправдува високата цена и дефинитивно препорачуваме преигрување на оригиналите, отколку давање пари за оваа колекција. Она што […]

0 коментари Прочитај 2 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести гејминг

Окрупнувањето продолжува, Sony за 3,6 милијарди долари го купи Bungie

Окрупнувањето во гејминг секторот продолжува и оваа недела. Откако во првата половина на јануари Take-Two ја купи Zynga, и пред 10 дена Microsoft ги купи Activision-Blizzard за 68,7 милијарди долари, сега Sony за 3,6 милијарди долари го купи Bungie. Bungie е компанијата зад Destiny 2, и e првиот креатор на Halo игрите кои ја „спасија“ […]

0 коментари Прочитај 1 февруари, 2022
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг ИТ.МК

Пријавете се на 10-от Global Game Jam хакатон во Македонија

Овој период на годината за љубителите и развивачите на видеоигри го одбележува најголемиот гејминг хакатон – Global Game Jam. Настанот во организација на Македонската асоцијација за развивање игри (МАГДА) десетта година по ред се одржува и во Македонија. Традиционално за организацијата и за тоа што значи Global Game Jam во Македонија да се организира 10 […]

0 коментари Прочитај 24 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Рецензии

Рецензија: Century Age of Ashes e PvP игра со јавање змејови

Малку игри пробаа да не стават во улога на змејови и да нѝ ја покажат нивната ултимативна моќ на бојното поле. Една таква игра е Divinity II, одличен RPG наслов кој во одредени моменти низ приказната нѝ дозволуваше да започнеме воени битки така што ќе се трансформираме во змеј. Но, што доколку сакаме модерни и […]

0 коментари Прочитај 24 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Бевме поканети на демо приказ и разговор за Guild Wars 2: End of Dragons

Верувале или не, скоро деценија како Guild Wars 2 го окупира вниманието на гејмерите. За тоа време, тимот од ArenaNet исфрли неверојатно многу содржини, почнувајќи со сезонско исфрлање поглавја со нови приказни, мапи и механики, па сè до чистокрвни експанзии кои значително го прошируваат нашиот престој во Тириа. Во февруари ќе биде исфрлена третата експанзија […]

0 коментари Прочитај 20 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

22 игри кои подржуваат 120 FPS на PS5

Доколку сте еден од среќните гејмери кои зграпчија PS5 од Галерија или од некое друго место, тогаш сигурно знаете дека некои игри се оптимизирани за да се играат во неверојатни 120 FPS. Иако ние лично сме презадоволни од 60 FPS, искуството сепак е пофлуидно кога бројките ќе скокнат за двојно повеќе. Но, поголемиот број од […]

0 коментари Прочитај 13 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Рецензии

Рецензија: Mushroom Wars 2 e уникатна стратегија од натпреварувачки карактер

Исклучително тешко е да се осмисли стратегија која има едноставни механики кои се предизвикувачки за совладување. Секогаш кога размислуваме за ваквата изведба, се присетуваме на малата симпатична игра на Zillion Whales – Mushroom Wars. Во 2016 година, инди играта успее да привлече публика со интересни мрежни режими со до четири играчи и приказ на 4000 […]

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Хардвер

Начини на кои PSVR 2 ќе се бори против конкуренцијата

PSVR беше исклучително напредно парче хардвер кое им дозволи на сите VR ентузијасти значително поевтин пристап во светот на виртуелната реалност. Со години, без проблем може да се најде пакет од PSVR по пристапна цена, додека Oculus Quest се продава во Македонија по значително повисока цена, а нема ни V од Valve Index. Сепак, споредено […]

2 коментари Прочитај 10 јануари, 2022
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

14 игри кои ќе излезат во јануари

Декември само што не заминал, а веќе се подготвуваат интересни игри за првиот месец од новата година. Независно од тоа дали сакате акција, трка, RPG или да преиграте постара игра во ново графичко руво, успејавме да извлечеме од сè по нешто! Ова се најочекуваните 14 игри за месец јануари! Weird West (PC, PS4, Xbox One) […]

0 коментари Прочитај 27 декември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

5 игри кои се бесплатни викендов

Се надеваме дека викендот ќе можете да одвоите малку време за гејминг, дури и да не планирате да потрошите денар од вашите тешко-спечалени пари. Ваквата таргет група од гејмери имаат на располагање не една туку пет исклучително квалитетни игри кои доколку бесплатно ги активирате на вашиот акаунт, засекогаш ќе можете да си ги играте. Call […]

1 коментар Прочитај 10 декември, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг ИТ.МК

Над 1.000 играчи ќе учествуваат на овогодишниот A1 Game Fest 2021

Најголемиот е-спорт настан во Македонија, А1 Game Fest 2021 организиран од страна на мобилниот оператор А1 Македонија во соработка со GG.MK, годинава ќе се случува во петок и сабота, 10-ти и 11-ти декември, на локација во новоотворениот трговски центар East Gate Mall. Пријавените 1.072 играчи ќе гејмаат Fifa 2022 како спортска симулација, Tekken 7 како […]

2 коментари Прочитај 7 декември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Најдобри RPG игри во 2021 година

Доколку ги следите нашите текстови за игри кои излегуваат секој месец, тогаш повеќе од јасно е дека нема никаква криза во поглед на нови игри. 2021 година нуди многу квалитетни и уникатни наслови, особено доколку сте по RPG игрите. Следниве шест RPG игри успеаја да се истакнат како нашите омилени, а, доколку се водиме во […]

0 коментари Прочитај 30 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени игри

20 години Гоблин – експанзија во нова продавница и поголема понуда

Оваа година единствената продавница за друштвени игри во Македонија, Гоблин гејмс прославува 20 години од своето основање. Првите играчи на Magic the Gathering се сеќаваат на првата „продавницата“ која во 2001-ва беше во гаражите кај Цветен пазар (тогаш кај Музеј на град Скопје). Во почетоците ова повеќе беше клуб во кој се собираа луѓе за […]

0 коментари Прочитај 29 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

25 игри кои ќе излезат во декември!

Во поглед на нови игри, декември и јануари отсекогаш се сметале за „мртви“ месеци, каде гејмерската индустрија дава предност на негување на празничното расположение и одмори. Годинава можеби работите и не се така црни, а месецот декември ќе ги отвори портите на 25 игри. На наша голема радост, поголемиот дел од нив делуваат исклучително забавни! […]

0 коментари Прочитај 26 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг Интервјуа

Интервју со шампионите во CS:GO – BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација

Веста дека македонските гејмери „растурија“ на Светското еспорт првенство во Израел веќе ги помина сите медиуми и поттикна дебати во разни кругови за како еспортот напредува и како треба да добие поголемо општествено значење и внимание. Изминативе медиумски циклуси некако потсетија на 2016-та година, кога Мартин Саздов, aka Saksa, играјќи Dota 2 турнир во тимот […]

22 коментари Прочитај 24 ноември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Amazon Prime Gaming придонесе до историско намалување на цени на одредени игри

За Amazon Prime Gaming често зборуваме во последно време, првенствено затоа што се работи за платформа која нуди исклучително добра зделка. По цена од 370 денари месечно, добивате пристап до три услуги: Prime Video – стриминг на телевизиски серии и филмови (споредба со другите платформи како Netflix, HBO може да прочитате во оваа тема на […]

0 коментари Прочитај 21 ноември, 2021
Мени
Заедница
Изглед
To top