2 коментари 3 мин. читање 7 декември, 2021

Над 1.000 играчи ќе учествуваат на овогодишниот A1 Game Fest 2021

Најголемиот е-спорт настан во Македонија, А1 Game Fest 2021 организиран од страна на мобилниот оператор А1 Македонија во соработка со GG.MK, годинава ќе се случува во петок и сабота, 10-ти и 11-ти декември, на локација во новоотворениот трговски центар East Gate Mall.

Пријавените 1.072 играчи ќе гејмаат Fifa 2022 како спортска симулација, Tekken 7 како тепачка игра (fighting game), Counter Strike: Global Offensive како FPS и Dota 2 за МОВА. Пријавите за учество во е-спортските игри се затворени, има вкупно 282 екипи за трите тимски игри и 64 Tekken 7 играчи.

Фотографија од минатогодишниот настан

Дополнително на настанот, како и во претходните изданија ќе има и Cosplay натпревар кој годинава, за разлика од минатата година ќе се одржи во живо.

“Секоја година се обидуваме да внесеме нешто ново и различно. Освен што ги менуваме игрите, просторот е сменет за да собере уште поголем број посетители на настанот и според нас, најважната работа, шанса да имаат да се пријават сите екипи од Македонија, без разлика на ранк и јачина. A1 Game Fest од секогаш бил турнир добредојден и отворен за сите.” – вели Гораст Цветковски од GG.mk, кој е водител и ко-организатор на настанот.

Фотографија од минатогодишниот настан

Организаторите најавуваат зголемен фонд на награди со вкупно 150 награди за победниците, како и на гледачите на стримот и присутните… Дел од најавениот награден фонд се е-скутер, телевизор, мобилни телефони, таблет, гејмерски мауси и слушалки, Nintendo Switch, тастатури и А1 Game Fest маици.

Како специјални гости се најавени јутуберите, Steffonator и GP, кои ќе имаат свои стримови во живо од East Gate Mall.

Распоредот по денови изгледа вака:

ПЕТОК 10-ти декември 2021

  • 13:00 – 15:00 – FIFA22 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 15:30 – 20:00 – Dota2

САБОТА, 11-ти декември 2021

  • 11:00 – 19:00 – TEKKEN 7 
  • 11:00 – 16:30 – CS:GO 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 17:00 – 19:00 – Cosplay
  • 19:00 – TEKKEN 7 – финале

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Киро Велковски
Киро Велковски
4 years ago

Овогодишниот. Или годинешниот. http://drmj.eu/search/%D0%9E%D0%B2%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B4

Мени
Заедница
Изглед
To top