Играјте ја играта Dino од кој било прелистувач и натпреварувајте се против другите држави

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, гејминг

Порано или подоцна, сте се сретнале со Dinosaur Game, играта која се игра ексклузивно преку прелистувачот на Google – Chrome.

Играта е исклучително едноставна, но крајно забавна и се состои во тоа што еден диносаурус постојано трча додека вие одредувате кога да скока и да прескокнува најразлични препреки во форма на кактуси, птици и слично.

Преку следниот сајт, можете да си ја играте Dino од кој било прелистувач и повеќе не мора да сте врзани за Chrome. Најдоброто од се е тоа што можете да се натпреварувате со целиот свет!

Секојпат кога ќе заиграте, ја претставувате вашата држава и во зависност од вашиот резултат државата се искачува на повисоко место. Кога ние ја откривме Dinosaur Game, Македонија беше на 202-то место, но по неколку играња успеавме да забележиме дека земјата се најде на осумдесетто место!

Како што можете да видите од сликата, во моментот на пишување на овој текст, 23 македонци од петни жили се трудат да ги подобрат шансите и да засенат што е можно повеќе земји. Што чекате?

Покрај вакво листање, можете да добивате статистички податоци и во поглед на тимови и број на играчи. Под разбирливо, доколку сакате можете да претставувате некоја друга земја, така што ќе ја најдете во листата, ќе кликнете на името на земјата, а потоа на YES.

Dinosaur Game можете да ја играте и од неколку други веб дестинации, како од Poki, Elgoog, и ChromeDino, но нам нѝ се највеќе допадна оваа Dinosaur Game, не само поради не наметливиот дизајн лишен од какви било реклами, но и поради натпреварувачкиот карактер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments