Најдобри RPG игри во 2021 година

Доколку ги следите нашите текстови за игри кои излегуваат секој месец, тогаш повеќе од јасно е дека нема никаква криза во поглед на нови игри. 2021 година нуди многу квалитетни и уникатни наслови, особено доколку сте по RPG игрите. Следниве шест RPG игри успеаја да се истакнат како нашите омилени, а, доколку се водиме во бројот на позитивните рецензии на Steam, се чини дека имаат оставено посебен впечаток и на поголемиот дел од останатите гејмери.


Nier: Replicant ver. 1.22474487139… – PC PS4 Xbox One – 23 април

Со 96% позитивни рецензии, Replicant се истакнува како акциона RPG игра со одлична звучна подлога и комплексна приказна, како и богати gameplay механики. Replicant се значително разликува од Automata, но дефинитивно се препорачува доколку сте фан на авантурите на 2B.

Outriders – PC PS4 PS5 Xbox One XSX|S Stadia – 1 април

Со 80% позитивни рецензии, Outriders има значително многу да понуди, но никако не е без маана. Најновата и најдобрата игра на People Can Fly нуди озбилна, Mass Effect инспирирана приказна и динамични пресметки, а за нашето детално мислење можете да ја проверите целата рецензија тука!

Tales of Arise – PC PS4 PS5 XSX|S Xbox One – 10 септември

Со 94% позитивни рецензии едноставно нема што да не се сака во најновата игра од овој серијал. На располагање имате феноменална и комплексна приказна, харизматични ликови и забавни борбени механики. Една од најдобрите акциони JRPG игри кои сме имале задоволство да ги провериме и препорачуваме дури и да не сте фанови на Аниме игри.

Marvel’s Guardians of the Galaxy – PC PS4 PS5 XSX|S Xbox One – 26 октомври

Со 95% позитивни рецензии, Guardians е задолжителна лектира за сите оние кои се по акциони авантури. Технички, ова не е RPG игра, но начинот на кој многу работи се реализирани во неа, остава целосно различен впечаток. Повеќе од очигледно е влијанието на TellTale игрите и Mass Effect. Па така, начинот на кој се водат разговорите, како се прикажуваат клучните сцени и изборите кои се донесуваат, нè принуди да ја внесеме и оваа игра тука.

SCARLET NEXUS – PC PS4 PS5 XSX|S Xbox One – 25 јуни

Со 90% позитивни рецензии, Bandai Namco успеа да исфрли уште еден хит годинава и да го зацементира огромното влијание кое го има во 2021 година, особено за овој жанр од игри. Scarlet Nexus е акциона RPG игра која крие исклучително сложена приказна и ликови кои, исто како кај Tales of Arise, нема да можете лесно да ги заборавите. Топло препорачуваме, особено за време на празниците!

Mass Effect: Legendary Edition – PC PS4 Xbox One – 14 мај

So 97% позитивни рецензии, овој римастер апсолутно мораше да стане дел од листата. Иако сите три игри излегоа значително порано, 2021 година е годината кога одново можеме да ја искусиме епската фантазија во визуелно поисполнително руво и во цела 4К слава.

Тоа беа нашите шест најдобри RPG игри за 2021 година. Која е вашата најдобра? Кажете нѝ во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments