Рецензија: The Gunk

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

The Gunk е релаксирачка и релативно кратка авантура од креаторите на Steamworld која ве вовлекува во невообичаен свет полн со уникатни можности за истражување.

Кога првпат започнавме со The Gunk, не очекувавме комплексна приказна и некако мислевме дека играта повеќе се потпира на гејмплеј механики, отколку на наративно искуство. Бргу забележавме дека ова не е така. Ликот со кој играте, Рани е љубопитна девојка чија желба за истражување ја има доведено до неколку немили ситуации, една од тие е и да ја изгуби раката. На местото на раката, Рани сега има sci-fi ракавица со исклучително импресивни способности за шмукање на околината. Пропратена од Бек, двете девојки ќе започнат епска авантура исткајaна во мистериозност, се со цел да пробаат да ги ослободат жителите на планета која е на работ на изумирање.

The Gunk screenshots - Image #30588 | New Game Network

Таквото нешто нема да биде лесно, со оглед на тоа дека планетата e опколена со лигава, токсична и агресивна материја која девојките ја викаат, погодувате, gunk. За среќа, ракавицата на Рани ја шмука и неутрализира материјата со огромна леснотија. Тука и доаѓаме до најинтересната визуелна механика во играта. Имено, локациите во кои има gunk се „задушени“ и доминира црната боја и опустошена земја. Но, откако во одредена локација ќе ја елиминирате опресивната материја, светот се раззеленува и проширува со најразлична фауна. Целиот концепт е доста сличен на Prince of Persia играта каде ја уништувате корупцијата од место на место, но со инди филинг.

The Gunk gets new trailer, screenshots and a release date

The Gunk не е долга игра. Иако некои тврдат дека може да се заврши за 4 часа, нам нѝ требаа добри 7 часа, не затоа што играта беше тешка, туку затоа што никако не сакавме да брзаме низ неа. Мапите не се големи, но често наидувате на скриени патеки кои откриваат корисни материјали за собирање. Овие материјали ги користите за надградба на вашата ракавица. Па така, со ракавицата можете да пукате (посилни) ласери, да шмукате во поголем радиус и со поголема брзина, да го обновувате вашето здравје при шмукање одредени ресурси и многу друго. Надградбите не се ништо посебно, но нѝ беа интересна мотивација да истражуваме повеќе за да ги отклучиме. Во остварување на таа цел, често моравме да решиме релативно лесни загатки каде треба да се фрли семе во одреден зелен базен за да порасне печурка и да нѝ се отвори патот. Или, да земеме експлозивно семе кое уништува gunk на места кои не нѝ се достижни.

Image

Рени не е борец, со што битките се исклучително ретки. Во одредено време, може да се случи да наидете на мали корумпирани „нешта“ – свирепи топчиња кои можете да ги вшмукате и да ги џитнете кон некој друг непријател. Покрај овие суштества ќе наидете и на уште едно кое потсетува на корумпирана форма на носорог, како и на едни статични пипки кои џиткааат експлозивни топки кон вас. Да, можете без проблем да ги зграпчите топките со ракавицата и да им ги вратите назад. Но, како што напоменавме, акцентот не е на битки, туку на истражување и на впечатлива приказна, која е значително потпомогната од феноменалниот гласовен талент.

Image

Се на се, the Gunk е интересна инди игра која пријатно нѝ го исполни времето за викендот. Се надеваме дека во вашата прва прилика, би можеле и вие да и пружите шанса.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk