14 игри кои ќе излезат во јануари

во гејминг

Декември само што не заминал, а веќе се подготвуваат интересни игри за првиот месец од новата година. Независно од тоа дали сакате акција, трка, RPG или да преиграте постара игра во ново графичко руво, успејавме да извлечеме од сè по нешто!

Ова се најочекуваните 14 игри за месец јануари!

  • Weird West (PC, PS4, Xbox One) – 11 јануари
Акциона RPG игра и симулација со огромно ниво на интеракција и графички стил кој потсетува на Borderlands игрите
  • Monster Hunter Rise (PC) – 12 јануари
ултра популарната игра за Nintendo Switch конечно ќе излезе и за PC со значителни графички подобрувања и повисока резолуција
  • The Anacrusis – Early Access (PC, Xbox One, Xbox Series X/S) – 13 јануари
Интригантна ко-оп игра која, по концепт, потсетува на Left 4 Dead, но со sci-fi основа
  • God of War (PC) – 14 јануари
Една од најдобрите игри што сме играле конечно доаѓа на PC. Иако PS4 верзијата и понатаму добро се дружи, PC верзијата е вистинско графичко совршенство
  • Rainbow Six Extraction (PC, PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X/S, Stadia) – 20 јануари
Интересен нов мод за ултра популарната игра која повеќе се фокусира на PvЕ отколку PvP овојпат
  • Blackwind (PC, PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X/S, Switch) – 20 јануари
Импресивен sci-fi платформер со брутален hack-and-slash борбен систем
  • WARNO – Steam Early Access (PC) – 20 јануари
Ултимативен симуларот на Третата Светска Војна од Eugen Systems, тимот кој одамна се докажа со Wargame игрите
  • Windjammers 2 (PC, PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X/S, Switch, Stadia) – 20 јануари
Феноменалната игра со фрлање дискови повторно ќе заживее со уште поимпресивни меѓусеквенци, анимации и комбо напади
  • Hidden Deep – Steam Early Access (PC) – 24 јануари
Една од највознемирувачките и најнепредвидливите sci-fi хорор, акциони игри каде никогаш нема да сте сигурни дали сте ја направиле вистинската одлука, се додека не биде доцна
  • Kingdom of the Dead (PC) – 26 јануари
Крајно невообичаена пукачка игра со уникатен графички стил и огромна вредност на преигрување
  • Diplomacy is Not an Option – Steam Early Access (PC) – 26 јануари
Стратегија и симулација во која е потребно константно да донесувате одлуки, имајќи во предвид, меѓутоа, дека ништо не може да се реши со дипломатија
  • Circuit Superstars (PS4) – 27 јануари
Тркачка игра која ќе ви дозволи да се искажите на врвот така што ќе се тркате со вашите пријатели на најразлични предизвикувачки мапи
  • Pokemon Legends Arceus (Switch) – 28 јануари
Една од најочекуваните RPG авантури во еден од најубавите светови конечно го поплочува патот за излегување на Switch
  • Uncharted: Legacy of Thieves Collection (PS5) – 28 јануари
И UNCHARTED™ 4: A Thief’s End и UNCHARTED™: The Lost Legacy се целосно надградени за најновата конзола на Sony, под услов да успеавте да ја зграпчите.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments