Игри кои ќе излезат во февруари

За вториот месец од 2022 година се резервирани бројни, долго-очекувани наслови. Па така, на 1 февруари, излегува Life is Strange Remastered Collection. Ние сме огромни фанови на овој серијал, но од она што го видовме, римастерот не ја оправдува високата цена и дефинитивно препорачуваме преигрување на оригиналите, отколку давање пари за оваа колекција.

Она што навистина препорачуваме е да го резервирате 4 февруари за конечното излегување на Dying Light 2 Stay Human. Се работи за чистокрвен продолжеток на една од најдобрите паркор акции во прво лице и во свет полн со предизвикувачки зомби чудовишта. За играта се ветува исклучително комплексна приказна осмислена од критичнки-признаени писатели и неверојатно долга кампања.

Четири дена подоцна, на 8 февруари, излегува и боречката игра Sifu – интересен наслов кој е целосно посветен на најразлични боречки вештини и уникатно влијание на времето врз самиот гејмплеј. Зад Sifu стои студиото кое претходно работеше на Absolver.

А на 18 февруари подгответе се на еден од најочекуваните наслови за целата година. Horizon Forbidden West конечно ќе ги продолжи авантурите на Алој и ќе не одведе низ графички исполнителен свет полн со интересни активности.

Интересно, набргу по тоа е планирано и излегувањето на новата експанзија за Destiny 2 – The Witch Queen. Ние одамна кренавме раце од Destiny два особено откако почнаа да извлекуваат клучни локации и кампањи од играта, но секоја чест за оние што и понатаму остануваат со играта. Експанзијата е замислена да ја продолжи приказната низ целосно нови локации и активности, со тони нови оружја.

Крајот на месецот, меѓутоа, дефинитивно резервирајте го за Elden Ring. Се работи за уште една феноменална и долго-очекувана игра на која претпоставуваме дека највеќе би ѝ се радувале Dark Souls ентузијастите.

Не сакате ништо од горе-споменатото? Имате среќа, затоа што месецот февруари можеби има 28 дена, но планирано е излегување на над 30 наслови. Ова е целата листа:

  • Life is Strange Remastered Collection [PC, PS4, XBO, Stadia] – 1 февруари
  • Cheftastic!: Buffet Blast [PC] – 4 февруари
  • Dying Light 2 Stay Human [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 4 февруари
  • Apex Legends: Defiance [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 8 февруари
  • Model Builder [PC] – 8 февруари
  • OlliOlli World [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 8 февруари
  • Rumbleverse [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 8 февруари
  • Sifu [PC, PS5, PS4] – 8 февруари
  • Unbound: Worlds Apart [PS5, PS4] – 9 февруари
  • About An Elf [Switch] – 10 февруари
  • CrossfireX [XSX, XBO] – 10 февруари
  • Edge of Eternity [PS5, XSX, PS4, XBO] – 10 февруари
  • Egglia: Rebirth [Switch] – 10 февруари
  • Kingdom Hearts HD 1.5 + 2.5 ReMix Cloud Version [Switch] – 10 февруари
  • Kingdom Hearts HD 2.8 Final Chapter Prologue Cloud Version [Switch] – 10 февруари
  • Kingdom Hearts 3 + Re Mind (DLC) Cloud Version [Switch] – 10 февруари
  • Kingdom Hearts Integrum Masterpiece Cloud Version [Switch] – 10 февруари
  • Out There: Oceans of Time [PC] – 10 февруари
  • Lost Ark [PC] – 11 февруари
  • Unbound: Worlds Apart [XSX, XBO] – 11 февруари
  • Call of Duty Warzone Season 2 [PC, PS4, XSX] – 14 февруари
  • Infernax [PC, XSX, PS4, XBO, Switch] – 14 февруари
  • Dynasty Warriors 9 Empires [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 15 февруари
  • King of Fighters 15 [PC, PS5, XSX, PS4] – 17 февруари
  • Total War: Warhammer 3 [PC] – 17 февруари
  • Horizon Forbidden West [PS5, PS4] – 18  февруари
  • Destiny 2: The Witch Queen [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 22 февруари
  • Ghosts [PC, PS4, XBO, Switch] – 22 февруари
  • Sol Cresta [PC, PS4, Switch] – 22 февруари
  • Edge of Eternity cloud version [Switch] – 23 февруари
  • Martha is Death [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 24 февруари
  • Elden Ring [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 25 февруари
  • Grid Legends [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 25 февруари

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments