Три работи кои ни се допаднаа во Volcanoids

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Бројот на survival игрите со механики за градење е запрепастувачки висок. Токму поради тоа, многу игри пробуваат да испливаат од морето на едноличноста со уникатни механики. По неколку часовно дружење со Volcanoids, можеме слободно да кажеме дека се работи за забавна и survival игра која лесно би можела да го привлече вашето внимание и во поглед на визуелниот стил и во поглед на едноставните гејмплеј механики.

Што е Volcanoids?

Се работи за Early Access игра во прво лице каде собирате најразлични ресурси и градите бази, притоа истражувајќи огромен остров сами или со уште тројца пријатели. При истражувањето, можете да управувате со огромни дупчалки и да се справувате со вулкански ерупции предизвикани од најразлични механички непријатели.

Steampunk блаженство

Volcanoids влече огромна инспирација од steampunk и таквото нешто е очигледно во бројните елементи. Графиката потсетува на стилот од Borderlands игрите, но облеката, дизајнот на оружјата и структурите, како и на непријателите се љубовно писмо насочено кон сите Steampunk ентузијасти. Светот е чист, со јасна визуелна мисија, а истражувањето се одвива во „делумно“ отворен свет кој крие бројни мотивации за долгорочно и релаксирачко истражување.

Solo и co-op friendly

Сами или со пријатели, Volcanoids е одлична и, пред се, релаксирачка игра, особено по долг и напоред ден кога се што сакате е да се исклучите привремено и да се вовлечете во интересен и уникатен свет. Во ниеден момент не почувствуваме дека не можеме да излеземе на крај со бројните непријатели, а, исто така, не чувствувавме грајнд притисок при собирање ресурси. Кога играте сами, Volcanoids зазема пријатна, шармантна, но осамена димензија која дополнително е потпомогната од одличната музичка подлога.

Ситуацијата е сосема поразлична кога ќе заиграте со пријателите и кога ќе почнете комуникација и договарање за исполнување на заедничките етапни чекори. Исто така, до таквите замислени чекори доаѓате значително побргу кога сте во група и може да не ви се допадне брзиот тек, особено доколку сакате да напредувате полека и во ваше време.

Дупчалки, вулкански ерупции и многу механички непријатели

Нема никаква комплексна филозофија во Volcanoids. Едноставно собирате ресурси, градите и решавате мисии. Во еден или друг момент, ќе наидете на непријателски роботи кои ќе ги решите користејќи интересни оружја и ќе продолжите понатаму!

Но, помеѓу сево ова имате огромни дупчалки со кои можете да го истражувате подземјето, да го внимателно организирате времето и ресурсите помеѓу секоја вулканска ерупција која го разорува островот и го трансформира во апокалиптична пустолија.

Сите овие механики се одлично реализирани и допринесуваат до неверојатна преигрувачка вредност која првествено, како што напоменавме, се темели на решавање предизвици преку истражување.

Workshop надополнување

Благодарни сме за времето кое го поминавме во Volcanoids и со нетрпение ги исчекуваме идните надополнување за играта. Тимот кој стои зад играта Volcanoid работи на играта уште од 2019 година и, според бројните позитивни рецензии, е на вистински пат!

За неполни три дена, се подготвува долго очекувано и содржително надополнување кое ветува тектонски подобрување во поглед на производство, квестови, и исправки на багови, така да, се чини дека е одлично време за навлегување, доколку сте фанови на вакви игри!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk