20 години Гоблин – експанзија во нова продавница и поголема понуда

Оваа година единствената продавница за друштвени игри во Македонија, Гоблин гејмс прославува 20 години од своето основање. Првите играчи на Magic the Gathering се сеќаваат на првата „продавницата“ која во 2001-ва беше во гаражите кај Цветен пазар (тогаш кај Музеј на град Скопје). Во почетоците ова повеќе беше клуб во кој се собираа луѓе за дружење и за играње отколку продавница, пред да се пресели на локацијата трговскиот центар Буњаковец.

Минатата недела како дел од одбележувањето на 20 години Гоблин, на исто место како и досега, беше отворена реновираната продавница. Продавницата сега е поголема и има простор за друштвени игри, но и за многу повеќе нови производи. 20-годишнината беше пригода да ги контактираме Гоблин – а Самоил Петрески кој заедно со Владимир Трајчевски и Виктор Георгиев е основач на продавницата ни одговори на неколку прашања.

Гоблин постои веќе 20 години. Ако може да кажеме дека друштвените игри денес се „во тренд“ ова сигурно не беше случај пред 20 години. Кое ви беше размислувањето кога решивте да отворите продавница?

Уште од самите почетоци, па досега, љубовта кон игрите ни беше пресудна за да го работиме ова. Ние пред сѐ сме гејмери, а не бизнисмени :)

Приказната за Гоблин ја почнавме најмногу за да можеме ние повеќе да играме и да може полесно да ги набавуваме игрите што ги сакаме!

Таа љубов не води до ден денеска и нашата визија за Гоблин и покрај тоа што дојдовме далеку од гаражите кај Цветен пазар во 2001, не завршува тука. Напротив, новиот реновиран простор и новиот сајт се само чекор кон она што сакаме да го постигнеме во иднина, Гоблин да биде храм на гејмингот во Македонија.

Од првото интервју за ИТ.МК запомнив интересeн податок дека во тој период продавница во Бугарија месечно продавала подеднакво копии (мислам беше Pandemic) колку што Goblin продал од отворањето на продавницата. Се промени ли ова послeдниов период, каков е интересот за друштвени игри денес?

Интересот за друштвените игри секоја година се повеќе расте. Особено со пандемијата, која ги натера луѓето да седат повеќе по дома, некако како да сфатија дека играњето игри всушност било многу интересно и забавно. Со пробивањето на компјутерите, а потоа и на смартфоните и таблетите, некако како кај нас да се заборави љубовта кон друштвените игри. Во последнава деценија бележиме обратен тренд, односно се повеќе луѓе уживаат во друштвени игри. 

Како отприлика изгледа топ листата на најпродавани игри и производи?

Друштвените игри се број еден во Гоблин, тие ни се дел и од името на продавницата :))) Покрај нив трејдинг кард игрите, како Меџик, Југио и Покемон се многу популарни, Равенсбургер сложувалките се евергрин, а во последнава година огромен интерес има и за Функо ПОП! фигурите.

Од друштвените игри најпопуларни се:

– Ticket to Ride,

– Dixit,

– македонските

-Azul

-Kingdomino.

Од неодамна додадовте и куп нови работи, па сега сте баш „geek gift shop“, каков е интересот за новите производи?

Тоа беше нашата цел уште од почетоците, да бидеме „дувло на гикови и нрдови“, какви што сме и ние самите. :)

Додадовме и чаши, шолји, столни ламби, привезоци, капчиња и торбици. Сите со ликовите од познатите филмови, игри и стрипови, без кои не може да се замисли собата на еден прав гик. :))) 

Едноставно сакавме да бидеме не само продавница за игри, туку и за подароци! Дури и некој што не сака да игра игри да може да си најде нешто за себе или за подарок. Сега тоа го имаме кај нас, а нашата палета на производи уште повеќе ќе се зголемува.

Блиску сме до новогодишните празници, кој би бил вашиот предлог за друштвени игри оваа година?

Наскоро ни пристига светскиот бестселер Катан на македонски и мислам дека тоа е игра што буквално секој треба да ја има – едноставна, а многу стратешка и забавна! Останатите игри кои ги имаме официјално преведено на македонски се супер подароци за празниците, а за оние похардкор играчи би ја препорачал можеби најдобрата игра на годината – Дјун Империум.

Би сакал да препорачам и неколку многу кул идеи за подароци кои не се игри, како шолјите за кафе/чај кои ја менуваат сликата на топлина, како и амбиент ламбите со познати ликови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk