Начини на кои PSVR 2 ќе се бори против конкуренцијата

PSVR беше исклучително напредно парче хардвер кое им дозволи на сите VR ентузијасти значително поевтин пристап во светот на виртуелната реалност. Со години, без проблем може да се најде пакет од PSVR по пристапна цена, додека Oculus Quest се продава во Македонија по значително повисока цена, а нема ни V од Valve Index. Сепак, споредено со оваа конкуренција, PSVR е застарен по многу показатели. Чедото на Sony се одликува со значително поголема и потешка кацига и користи несмасни PlayStation Move контролери (хардвер кој се провлекува уште од ерата на PS3). Згора на ова, ги прикажува игрите во значително ниски резолуции, што знае да биде огромен минус за поголемиот број гејмери.

Минатата недела се открија нови детали за PSVR 2! Од она што го дознавме, PSVR 2 ќе биде значително помоќен од првата верзија и ризикува целосно да ја засени моментната конкуренција на оваа поле.

Прастариот PSVR нудеше 960 x 1080 пиксели, од око, но PSVR 2 ќе понуди значително повеќе, да бидеме попрецизни 2000 х 2040 пиксели. Со ова добивате 4K HDR резолуција со 110 степени FOV, додека OLED екранот ќе се освежува со до 120Hz (минималната стапка е 90 Hz).

PSVR 2 ќе се одликува со револуционерна нова опција за следење на движењето на вашите очи преку вградени камери во самата кацига. Со ова, виртуелната реалност ќе може да се искуси на едно подлабоко ниво и се нудат подобри можности за реална интеракција. Паралелно со ова, вградениот мотор во самата кацига ќе се погрижува за таканаречениот Headset Feedback, со што преку вибрирање, тресење или пулсирање на кацигата значително ќе се истакнуваат сензациите кои ве бомбардираат во играта.

Во поглед на впивање на звуците околу вас, PSVR 2 има целосна поддршка од Tempest 3D AudioTech, при што точно знаете од каде некој звук доаѓа (слично на можностите кои ги има во Pulse 3D слушалките кои се продаваат за PS5. Едно време се шпекулираше дека PSVR 2 ќе биде бежичен и дека ќе ја елиминира потребата од кабел, но таквото нешто произлезе дека не е точно и, слично на PSVR, и двојката ќе има кабел кој ќе излегува од шлемот до PS5 или соодветната станица.

Каква е ситуацијата со Oculus Quest 2 и Valve Index?

Споредено со моментната конкуренција, Оculus Quest 2 се одликува со 1832 х 1920 пиксели (од око), додека Valve Index со 1600 x 1440 пиксели. Паралелно со ова, конкуренцијата нема технологија за следење на очите, ниту некоја од горе-споменатите можности за повисока имерзивност. Полето на видикот кај Oculus Quest е 90 степени, но кај Valve Index е 130. За крај, PSVR ќе користи нови Sense контролери кои максимално ќе ги користат револуционерните можности реалистичен фидбек својствен за DualSense контролерите.

Нормално, би можеле да помислите дека не е фер да се споредува нешто што не е излезено со нешто што е излезено со години, но би сакале да истакнеме дека горните информации се повеќе од информативен карактер и се замислени само за добивање подобра представа.

Подразбирливо, PSVR 2 ќе може да се користи само преку PS5, а сеуште не се знае дали досегашните стотици и стотици PSVR игри ќе бидат компатибилни со PSVR2. Од Sony молчат на оваа тема, а бројни критичари веќе одлучија да го третираат таквото молчење како знак дека компатибилноста и не би била можна. Во меѓувреме, се дозна дека како една од првите игри кои ќе бидат за PSVR 2 е игра сместена во Horizon универзумот, а и се шпекулира дека Half-Life: Alyx би можела да се појави исто така, што, нам, некако и не нѝ е толку верно, со оглед на тоа дека игрите на Valve се исклучително срамежливи за вдомување надвор од Steam.

Кои се вашите мисли за сево ова? Дали користевте PSVR и дали би можеле да користите PSVR 2?

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Мартин веќе пиша за новата верзија на виртуелната реалност од Sony, PlayStation VR 2. PSVR 2 ќе понуди значително повеќе од својот претходни. Резолуцијата е 2000 х 2040 пиксели. Со ова корисниците добиваат 4K HDR резолуција со 110 степени FOV, а OLED екранот е со рефреш од 90 до 120Hz. […]