22 игри кои подржуваат 120 FPS на PS5

во гејминг

Доколку сте еден од среќните гејмери кои зграпчија PS5 од Галерија или од некое друго место, тогаш сигурно знаете дека некои игри се оптимизирани за да се играат во неверојатни 120 FPS. Иако ние лично сме презадоволни од 60 FPS, искуството сепак е пофлуидно кога бројките ќе скокнат за двојно повеќе. Но, поголемиот број од PS4 верзиите на игрите и понатаму се заклучени на 30FPS, а некои добија закрпа која го зголемува FPS-то на 60.

Но, кои игри би можеле да ги играте со 120 FPS? Со оглед на тоа дека сме 2022 решивме симболично да извлечеме 22 игри кои би можеле да се играат во највисоки фрејмови во секунда. Но, еве ја интересната работа… Поголемиот дел од игрите што ги издвоивме можете да ги играта со 120 FPS, но само во пониска резолуција или во таканаречениот Performance режим, односно со намалени визуелни ефекти. Така да, компромисите и тука стапуваат на сила…

22 PS5 игри со 120 FPS:

Borderlands 3 (120 FPS на 1080p)

Call of Duty: Black Ops Cold War (120 FPS само на пониска резолуција)

Call of Duty: Warzone (120 FPS на пониска динамична резолуција )

Centipede Recharged (120 FPS со 4K резолуција)

Destiny 2 (120FPS на пониска резолуција, но само во Crucible)

Devil May Cry V: Special Edition (120FPS на 1080p)

Dirt 5 (120 FPS со пониска резолуција)

DOOM Eternal (120 FPS на 1584p резолуција)

Fortnite (120 FPS на пониска резолуција)

Ghostrunner (120 FPS на пониска резолуција )

Jumanji: The Video Game (120 FPS на 4K резолуција)

Knockout City (120 FPS на динамична 4K резолуција)

Monster Boy And The Cursed Kingdom (120 FPS на 4K резолуција)

Nioh Collection (и Nioh 1, Nioh 2 и DLC за двете игри подржува 120 FPS на пониска резолуција )

Olli Olli World (120 FPS на пониска резолуција )

Quake (120 FPS на 4K resolution)

Rainbow Six Siege (120 FPS на пониска резолуција )

Rocket League (120 FPS на пониска резолуција)

Rogue Company (120 FPS на динамична 4K резолуција)

The Touryst (120 FPS на 4K резолуција)

Tony Hawk’s Pro Skater 1 + 2 (120 FPS на 1080p)

WRC 9 (120 FPS во ‘Performance режимот’)

Имате ли PS5? Забележувате ли огромна разлика помеѓу 60 и 120 FPS? Кажете нѝ во коментарите!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk