Се надеваме дека викендот ќе можете да одвоите малку време за гејминг, дури и да не планирате да потрошите денар од вашите тешко-спечалени пари. Ваквата таргет група од гејмери имаат на располагање не една туку пет исклучително квалитетни игри кои доколку бесплатно ги активирате на вашиот акаунт, засекогаш ќе можете да си ги играте.
Call of Juarez: Gunslinger, бесплатна на Steam
Се работи за една од најдобрите пукачки игри кои ја креваат аркадната забава на едно значително повисоко ниво. Gunslinger e најпријатното изненадување коe има произлезено од овој серијал и доколку сакате вртоглави вестерн акции со уникатни гејмплеј механики, ова е една игра која никако не смеете да ја пропуштите!
Anno 1404 – History Edition, бесплатна на Ubisoft
Одлична стратегија која пушта длабоки корени во City Builder жанрот и ви дозволува да го искусите и Dawn of Discovery и Venice проширувањето. Иако се работи за постар наслов, оваа историска едиција подржува резoлуции до 4К, како и бројни други подобрувања, како за време на кампањата, така и при мрежното играње.
Godfall Challenger Edition, бесплатна на Epic Store
Како една од првите ексклузивни игри за PS5, Godfall вети многу, но испорача многу малку. Можеби и поради тоа се појави на сите можни платформи, иако претходно се зборуваше дека таквото нешто нема да биде можно. Како и да е, оваа едиција за брутална игра со ладни оружја е лишена од основаната кампања и не е ништо повеќе од едно прославено демо, каде се префрлувате во ендгејм и играте само еден фрејм низ три режими.
Prison Architect, бесплатна на Epic Store
По се изгледа, исклучително лесно е да побегнете од затвор. Токму поради тоа, пробајте да бидете најлошиот управник што може да постои и осмислете и дизајнирате го вашиот затвор од соништата со огромниот хит на Double Eleven. Играта има и бројни додатоци, кои, за жал, не се бесплатни, освен едно.
Exit Limbo: Opening, бесплатна на Indie Gala
Оваа акциона инди игра ќе проба да го заинтригира играчот со бројни ситуации за насилни пресметки и разблажени RPG механики кои се инспирирани од игрите од осумдесеттите и деведесеттите. За пофалба е уникатниот графички стил кој впечатливо ги истакнува бруталните битки. Играта се презема директно од сајтот, во DRM Free форма.
babuuu