Демо преглед: Uragun

Како што најверојатно забележавте, Steam го слави идното излегување на игри со Next Fest – седум дневна прослава исткајана од стотици демо верзии на идни игри и бројни стримови.

Како игра која нам нѝ го привлече вниманието е Uragan – sci-fi пукачка игра каде управувате со мек и уништувате невидум непресушни бранови од непријателски машини. Иако постои, приказната е фрлена во втор план, а она што доаѓа до израз е релаксирачко движење низ најразлични мапи и разнесување орди и орди од метални непријатели.

Преку top-down перспектива и симпатична графика, вашиот мек ќе може да отклучува најразлични оружја за што е можна поголема деструкција. Од оние оружја кои ние ги тестиравме, некои се добри за масовно уништување, додека други се поефикасни кога се насочени кон еден непријател. Добро е тоа што, во кое било време, имате две оружја – по едно во секоја рака – со што се отвораат интересни можности за експериментирање.

Паралелно со оружјата, во Uragun можете да користите и специјални вештини, како топлотен напад од сите страни, залетување или скокање на наразлични дестинации низ мапата, избегнување напади, временска манипулација, и слично.

Повеќе од очигледно е дека Uragun e игра која е замислена да се игра во мали дози, особено кога ќе се зема во предвид кратката должина на нивоата. Но, мапите се одлично дизајнирани, интересни за истражување, а непријателите се доволно предизвикувачки да ве вовлечат во пост апокалиптичниот универзум. Управувањето со мекот е задоволително, како и повратната информации при пресметките. Сево ова е мајсторски потпомогнато од квалитетно изработениот саундтрак.

Uragun станува дел од раниот пристап на Steam веќе од крајот на март, но, во меѓувреме, можете детално да се информирате за играта и да го преземете демото од официјалната страна на Steam.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments