Вести

3.497 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Facebook се ребрендира во Мета, проблемите остануваат

Најголемата друштвена мрежа ќе се преструктуира и ќе го промени своето име во Meta. Ребрендирањето треба да помогне да се разделат останатите делови компанијата од друштвената мрежа. Заедно со името, Facebook го менува и логото, па палецот наскоро ќе биде заменет со мета симболот. „Нашиот бренд е толку поврзан со еден производ што нема никаква […]

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ФИТР ја престави следната фаза – инвестициски фонд од 27 милиони евра

Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе биде дел од поддршката за македонските стартап компании  во период од 2022 до 2026 година. Структурата на фондот ќе биде хибридна. Државата ќе учествува со 10 милиони евра, а 17 милиони евра ќе бидат дополнети од приватен капитал и меѓународни финансиски институции, а поддршка доаѓа и од Светска […]

1 коментар Прочитај 28 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Македонската мобилна апликација Фиткит има нова верзија

Македонската апликација за луѓе кои се, или барем се обидуваат да бидат физички активни – FitKit, има нова верзија. Промените се направени врз база на досегашното искуство и комбинација на најдобрите фитнес практики. FitKit е платформа (FitKit Plus) која на корисниците им овозможува пристап до видео програми за вежбање со локални тренери, и пакети што […]

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг

GG ПОДКАСТ S08E04: Reality Awakens, Apex Legends: Escape, GTA Trilogy, Haunted Chocolatier

Новата епизода на GG PODKAST ни покажува што има ново во светот на видеоигри. Покрај најавата на Haunted Chocolatier и GTA Trilogy може да погледаме и неколку други најави. Веројатно игрите кои ги очекувате оваа недела се новата Age of Empires, Guardians of Galaxy и Darkest Dungeon II. Сепак најинтересниот дел во овој поткаст е […]

1 коментар Прочитај 28 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

The Good Life е игра која релативно успешно жонглира неколку жанрови

На многу начини, The Good Life е игра како ниедна друга, уникатен продукт за кој, доколку решите да инвестирате повеќе време, или ќе го сакате до бесвест или апсолутно ќе го мразите. Полека, но сигурно, ние се најдовме во првата група. За брзо време бевме импресионирани од откачената приказна која никако не сака да се […]

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Традицијата на IT4Charity продолжува

Македонските компании од ИТ секторот и оваа година продолжуваат со донации „спакувани“ во проектот „IT 4 Charity 2021“. Станува збор за иницијатива на повеќе компании од ИТ секторот за поддршка на СОС детско село. Оваа година компаниите ја користат апликацијата Challenger. Апликацијата во септември претстави неколку функционалности за компаниите кои им овозможуваат да ги бројат […]

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Интервјуа

Веб Фактори – 12 години успешна македонска ИТ приказна

Приказната за Веб Фактори почнува во 2009 од четворица инженери како најдобри другари со енормна желба да создадат различно, убаво и среќно место за работа.  Сите четворица се со релативно различна позадина во сферата на Информатика и Компјутерско Инженерство, Телекомуникации и Компјутерски Науки, денес Тодор Панев, Михајло Штерјов, Илија Лалковски и Стефан Трајковски ја водат […]

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Вештачката интелигенција во Creative Cloud прави чуда

Adobe претстави повеќе нови функционалности како дел од Adobe MAX конференцијата. Creative Cloud софтверот на Adobe добива низа надградби базирани на вештачка интелигенција кои значително ќе ја олеснат и ќе ја забрзаат работата при обработка на фотографии. Со оглед нa развојот на вештачка интелигенција можеби и не треба да биде никакво изненадување што функционалностите се […]

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

Дигитален идентитет во Македонија – што е и како да креирате свој

Минатата недела Македонија започна да издава потврди за електронски идентитет. Дигиталниот идентитет е достапен на сите граѓани на Македонија, а засега Македонија и Хрватска се единствените држави во регионот кои имаат вакво решение за своите граѓани. Инфраструктурата зад дигиталниот идентитет се базира врз ID – услуга за дигитален идентитет на Mastercard, со која во Македонија управува провајдер […]

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Импакт Фондација во соработка со домашните тренинг центри ќе ги изготват првите наставни програми за фриленсинг

Фондацијата Импакт објави дека од овој месец има договори со три едукативни центри во кои ќе се држат обуки за фриленс работа. Едукација за заинтересираните ќе се одржува во соработка со Бреинстер, Сеавус Едукативниот Центар (SEDC) и образовниот центар СЕМОС. Најавени се наставни програми кои ќе им бидат пласирани на целни групи како млади, жени, […]

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Book of Travels е TMORPG игра со уникатна основа и невообичаена перспектива

Book of Travels е една од најчудните игри што ги имаме играно годинава. Етикетирана како TMORPG, раниот пристап на играта на Might and Delight нѝ дозволува да се втурнеме во мини ММО верзија на уникатна RPG игра со невообичаен графички стил и перспектива. Истражувајќи преубав и рачно нацртан свет, ќе пробате да запознавате најразлични ликови […]

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Интервју со Игор Јошевски, Technology Line Manager во Сеавус

На 28-ми октомври ќе се одржи Code Talks во организација на Сеавус. Настанот е посветен на front-end технологијата, а присутните преку техничко и практично знаење и примери ќе можат да научат за нови технологии и да ги подобрат своите вештини. Домаќини на настанот се експертите на Сеавус, Игор Јошевски – Technology Line Manager и Димитар Четелев – Intermediate Developer […]

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Малициозен софтвер скриен во UAParser.js, библиотеката има 7 милиони преземања неделно

JavaScript библиотеката „UAParser.js“ со милиони преземања неделно е компромитирана и инфицирана со „password stealer“ и „cryptocurrency miner“. Библиотеката има над 7 милиони преземања неделно, вели Record. UAParser.js е библиотека која овозможува детектирање на прелистувачот, енџинот, оперативниот систем, процесорот, и типот на уред. Може да се користи од клиентска или од серверска страна, а ја користат […]

1 коментар Прочитај 25 октомври, 2021
СПОНЗОРИРАНО
1
Од Seavus Веб Спонзорирани

Најавен е Сеавус Code Talks, посветен на Front-End Technologies

Сеавус го најавува хибридиот настан – Code Talks, кој ќе се одржи на 28 октомври, од 16:30 часот. Овојпат, настанот е посветен на front-end технологиите. Присутните ќе имаат можност да слушнат за микро Frontend архитектурата и Angular апликациите. Преку техничко и практично знаење и примери, учесниците ќе можат да научат за новите технологии и да […]

1 коментар Прочитај 25 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Proton прогласи победа за онлајн приватноста во Швајцарија

Минатата недела Швајцарскиот суд пресуди во полза на Proton, компанијата која е креатор на ProtonMail и ProtonVPN. Според пресудата платформите за електронска пошта не се телекомуникациски провајдери и за нив не важи законот за чување на податоци. Законот во Швајцарија, но и во најголем дел од државите предвидува телекомуникациските провајдери да ги зачуваат податоците во […]

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Haunted Chocolatier e најновата игра на студиото одговорно за инди хитот Stardew Valley

Нема никакво сомневање во бројните квалитетни особини на Stardew Valley. Оваа уникатна инди игра има запрепастувачки 98% позитивни рецензии на Steam – достигнување кое е резервирано само за исклучително мал број игри. Tаквото нешто дефинитивно не е лесно затоа што авторот зад оваа животна симулација со лесни RPG механики има инвестирано цели десет години. По […]

1 коментар Прочитај 25 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

Поставувајте самолепливи пораки со PaperNote

PaperNote e исклучително мала (68 KB) и ограничена апликација која има само една цел – да ви дозволи да поставувате виртуелни самолепливи пораки на вашата десктоп површина. Во случај да имате потреба од вакви потсетници, PaperNote ќе ви излезе во пресрет со ливчиња во различни големини, но и бои, како и можности за промена на […]

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition изгледа феноменално

По бројни претпоставки и алудирања, Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition ќе излезе за 20 дена, на 11 ноември. До сега, не знаевме со какви подобрувања ќе се одликува играта. Откако Rockstar Games ги повлекоа од продажба оригиналните верзии, решија дека е време да го добиеме и првиот преглед во играта, хардверската побарувачка, […]

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг ИТ.МК

ИТ Настан: Како да креирате видеоигри Game Design How To

Ако некогаш сте биле заинтересирани за креирање и развој на видеоигри, ама не сте знаеле како да започнете, M3DS имаат супер вест за вас. Следната недела организираат курс за почетно запознавање со креирање на видеоигри на кој ќе може да учествуваат сите. „Game Design How To?“ е целосно бесплатен настан и трае од 25 до […]

1 коментар Прочитај 22 октомври, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Хакерската група REVil хакирана и принудени офлајн

Оваа недела во координирана акција на повеќе држави хакирана и отстранета е хакерската група REvil. Дел од акцијата се Федералното истражно биро, U.S. Cyber Command, тајната служба на САД, и агенции од повеќе други држави партнери, јави Reuters. Потврда за хакирањето на REvil дојде и од еден од членовите на групата познат единствено како „0_neday“. […]

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2021
Мени
Заедница
Изглед